Граѓаните се здружени во Здружение за одржлив развој БИОСФЕРА 369 Битола заради остварување на поширок заеднички интерес.
ВИЗИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО: Придонес кон почист, поубав и похуман свет
МИСИЈА: Спроведување на целите за одржлив развој на локално ниво
Основни цели на Здружението се остварување:
- Придонес кон спроведување на целите за одржлив развој на обединетите Нации на локално, национално
и меѓународно ниво;
- Заштита на животната средина и природата на локално, национално и меѓународно ниво;
- Поттикнување и развој на граѓанското општество во Република Македонија;
- Придонес кон локалниот, регионалниот и глобален одржлив развој на луѓето, заедниците, градовите, регионите и државите;
- Намалување на сиромаштијата и гладот на глобално ниво;
- Здравје и благосостојба;
- Квалитетно формално и неформално образование за сите;
- Родова еднаквост;
- Заштита на водата и водните ресурси, пристап до вода за пиење и санитација;
- Економски развој, претприемништво, иноватовност и инфраструктура;
- Акција за климата и климатските промени;
- Одговорно производство и потрошувачка;
- Вклучување во модерните европски трендови и текови на развој на младите;
- Намалување на нееднаквоста и сиромаштијата кај помалите заедници и ранливи групи и нивна поддршка и развој;
- Креирање партнерства за остварување на целите за одржлив развој;
- Придонес кон остварување интеграциска правда;
- Промоција на култура на толеранција и ненасилство, мир и меѓународното разбирање.