Macedonian National Center Assitej / Македонски Национален Центар Аситеж

  • Home
  • Macedonia
  • Bitola
  • Macedonian National Center Assitej / Македонски Национален Центар Аситеж

Macedonian National Center Assitej / Македонски Национален Центар Аситеж Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Macedonian National Center Assitej / Македонски Национален Центар Аситеж, Nonprofit Organization, Nikola Kirov Majski 33, Bitola.

12/04/2026
Честитки!
25/03/2026

Честитки!

36 години театар, игра, смеа и приказни што растат заедно со публиката. Благодарни што сме дел од вашето детство – и од вашите спомени. ❤️

https://nezavisen.mk/
20/03/2026

https://nezavisen.mk/

По повод Светскиот ден на детските театри 20-ти Март, кој оваа година се одбележува под мотото „Правата на децата на сцена“, македонската порака ја пренесе м-р Јулиј...

https://umno.mk/
20/03/2026

https://umno.mk/

По повод Светскиот ден на детските театри, 20 Март, кој оваа година се одбележува под мотото „Правата на децата на сцена“, македонската порака ја пренесе м-р Јулијан...

https://culturalchat.org/mk/
20/03/2026

https://culturalchat.org/mk/

По повод Светскиот ден на детските театри 20-ти Март, кој оваа година се одбележува…

Македонска порака за Светскиот ден на детските театри 2026 од м-р Јулијана Мирчевска, претседателка на Македонскиот наци...
19/03/2026

Македонска порака за Светскиот ден на детските театри 2026 од м-р Јулијана Мирчевска, претседателка на Македонскиот национален центар на детски театри АСИТЕЖ Македонија.

На сцената каде што светлината нежно паѓа, детските соништа добиваат глас.
Денес не славиме само театар, денес славиме нешто навистина посебно – правото на секое дете да сонува, да создава и да ја доживее магијата на театарот и повикуваме за повеќе светови создадени од мали, храбри срца — светови во кои сè е можно, каде секоја приказна има крилја.
Во секој детски поглед што ја следи сцената се раѓа нов универзум, со секој аплауз — надеж дека магијата ќе трае.
Да ги чуваме тие светови.
Да ги негуваме тие гласови.
Да им оставиме простор да сонуваат гласно.
Зашто детскиот театар не е само уметност, тој е почеток на сè што допрва ќе стане - човек, љубов, иднина.
Нека ни е честит 20 март - Светскиот ден на детските театри.

Порака за Светскиот ден 2026 од Сју Џајлс, претседателка на ASSITEJ InternationalНиз целиот свет, нашите членови — уметн...
19/03/2026

Порака за Светскиот ден 2026 од Сју Џајлс, претседателка на ASSITEJ International
Низ целиот свет, нашите членови — уметници и организации кои се занимаваат со театар и создаваат перформанси за, со и од деца и млади — вложуваат големи напори за да добијат признание за својата работа и за својата публика. Децата и младите под 18 години сочинуваат околу 29% од светската популација, а сепак оваа значајна бројка е културно маргинализирана во повеќето општества, само поради нивната возраст. Младите, особено децата имаат малку моќ, пари или избор па зависат од возрасните околу нив и од оние кои носат одлуки во нивно име.
Оваа кампања за Светскиот ден е клучна за да се насочи вниманието кон целите на ASSITEJ. Таа претставува силна, глобална акција која го истакнува приоритетот на културата за сите деца и млади. Најважно, таа насочува кон низа локални активности, специфични за секој контекст, на еден одреден ден — 20 март — ширум светот.
Ова е момент што вреди да се создаде. Уметноста и културата за, со и од деца и млади се суштински дел од пошироката културна екологија. Зашто таму се негуваат и хранат младите умови и духови, таму каде што се развива критичка публика и каде што активните културни учесници добиваат глас и моќ.
Кога станува збор за пристап до театар и изведувачки уметности, постои едноставен клуч: возрасните се оние што овозможуваат или го контролираат искуството на детето или младиот човек. На многу места, правото на детето и младиот човек да учествува во уметноста, културата и слободното време не е препознато, прифатено, не е разбрано и не се сфаќа сериозно. Исто така често се занемарува или игнорира нивниот глас и нивното право на самоизразување.
Затоа нашата кампања за Светскиот ден ја нагласува важноста да се ПОСТАВАТ НА СЦЕНА, ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ЗА УМЕТНОСТ И КУЛТУРА — овозможувајки овие права да се видливи, присутни и непосредни за сите возрасни, кои можат да овозможат пристап.
Како да го направиме тоа? Во секоја земја од нашата асоцијација, во сите дисциплини, уметниците и организациите создаваат театар и изведби — таа витална, жива, споделена, лична комуникација која може да биде моќна и незаборавна, понекогаш и за цел живот. Театарот и изведбите можат да поттикнат идеи и да отворат нови перспективи. Тие се осмелуваат да отворат сложени прашања и да ги слават моментите од животот што често остануваат незабележани.
Знаеме дека театарот нуди простор за имагинација — а без имагинација нема надеж. Знаеме дека театарот нуди толкување — а без тоа, светот може да биде збунувачки. Знаеме дека театарот создава простор каде што непознати луѓе, заедно размислуваат, уживаат во убавина, забава или чудо — а без тоа, емпатијата во светот би била помала.
Со ПОСТАВУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ЗА УМЕТНОСТ И КУЛТУРА - НА СЦЕНА, ДЕНЕС и СЕКОЈ ДЕН, се осигуруваме дека децата и младите се вклучени, имаат пристап до театар и изведби, пристап до големи идеи и убавина, до прекрасни авантури и магични моменти, до креативност и изненадување — до најдобрите и највозбудливи искуства што можат да им ги овозможат возрасните околу нив.
Работата на ASSITEJ International е да промовира и обединува — правејќи ги културните права на децата и младите централен столб на ангажманот, ширум светот. Нашата работа е да дејствуваме, да создаваме и да твориме со инспирација и посветеност. Само вака можеме со радост, секој возрасен гледач да го убедиме за потребата театарот и изведувачките уметности да бидат достапни и пристапни за децата уште од нивното раѓање, и да ја добиеме нивната поддршка за оваа цел.
Со ПОСТАВУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ЗА УМЕТНОСТ И КУЛТУРА - НА СЦЕНА на 20 март, можеме заедно да создадеме голем и убав момент. Можеме да испратиме позитивни бранови и оптимизам кои ќе го привлечат вниманието на оние надвор од нашата заедница — возрасните кои се грижат за деца, едукаторите, општините, владите, институциите. Можеме да кажеме: „овозможете им на децата и младите изведувачка уметност или приближете ја уметноста до нив; обезбедете да имаат пристап до уметност создадена за, со и од нив — во градинки, училишта, универзитети, библиотеки, фестивали, театри — осигурете се дека оваа витална популација, која е речиси 30% од светот, има пристап до изведувачките уметности. Ова е нивно право!“

🎭 Светскиот ден на детскиот театар доаѓа!На 20 март, заедницата на ASSITEJ ширум светот го слави правото на децата и мла...
16/03/2026

🎭 Светскиот ден на детскиот театар доаѓа!

На 20 март, заедницата на ASSITEJ ширум светот го слави правото на децата и младите да го доживеат театарот и изведувачките уметности.
Годинешната порака гласи:
„Правата на децата на сцена. Денес. Секој ден.“

Како вие ќе го одбележите Светскиот ден?


Официјално Македонскиот Национален центар на детски театри ASSITEJ MKD стана дел од големото семејство на Светската орга...
21/05/2025

Официјално Македонскиот Национален центар на детски театри ASSITEJ MKD стана дел од големото семејство на Светската организација на детски театри ASSITEJ International!
Да си посакаме успешна работа и уште многу успеси на меѓународната театарска сцена!

⚠️✅⚠️Македонскиот Национален Центар АСИТЕЖ се приклучи на иницијативата Slavic Countries Network. Оваа мрежа на национал...
25/03/2025

⚠️✅⚠️

Македонскиот Национален Центар АСИТЕЖ се приклучи на иницијативата Slavic Countries Network. Оваа мрежа на национални АСИТЕЖ центри е составена од АСИТЕЖ центрите на Полска, Чешка, Словачка, Украина, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора а сега и Македонија. Во годината кога Светската асоцијација на детски театри АСИТЕЖ одбележува 60 години постоење, мрежата вчера во Марсеј, Франција се претстави со свој проект на Годишното собрание на АСИТЕЖ кое се одржува оваа седмица.

Мрежата е основана за подобро запознавање и наоѓање заеднички историски точки на интерес во регионот на словенските земји и Источна Европа. Овие земји имаат историска поврзаност во последните сто години преку транзицијата од социјализам во капитализам и споделувањето на слични обрасци во развојот на Театарот за млади и деца што ги мотивира учесниците за заедничко застапување за овој регион, неговите уметници, проекти и програми. Мрежата е составена од професионалци активни во театарот за деца и млади од редовите на театарските уметници, продуценти, режисери, менаџери, актери, композитори, културни работници, кореографи, танчери, независни уметници, иницијатори на различни колаборативни платформи, настани, акции и промени.

Address

Nikola Kirov Majski 33
Bitola
7000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Macedonian National Center Assitej / Македонски Национален Центар Аситеж posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Macedonian National Center Assitej / Македонски Национален Центар Аситеж:

Share