31/07/2026
Учесниците на Граѓанското климатско собрание во Битола ги претставија своите финални препораки пред Општина Битола, со што официјално ги ставија граѓанските предлози на маса за идните локални климатски и енергетски политики.
Во текот на процесот, граѓаните имаа можност да се информираат, да дискутираат за локалните климатски предизвици и заеднички да развијат конкретни и остварливи решенија за поодржлива Битола.
💡 Препораките опфаќаат мерки насочени кон:
🌱 подобрување на енергетската ефикасност
☀️ зголемување на употребата на обновливи извори на енергија
🚍 подобрување на јавниот транспорт
🌳 повеќе зелени површини и урбана отпорност
💧 поефикасно управување со природните ресурси
🤝 поголемо учество на граѓаните во локалното носење одлуки.
Најважно од сè – препораките се креирани од самите граѓани.
Со нивното претставување пред Општина Битола, делиберативниот процес преминува во следната фаза: дијалог со локалните чинители и разгледување на можностите за нивна реализација.
👏 Благодарност до сите граѓани-учесници кои со своето време, знаење и идеи придонесоа кон процесот.
Ова е пример дека кога граѓаните имаат простор да бидат слушнати, можат да понудат конкретни решенија за иднината на својата заедница.
🌍 Од граѓански предлози до конкретна климатска акција.