Принципи на работа:
Зајакнување на јавното мислење за потреба од ангажман на целото општество во борбата против ракот;
Едукација на граѓаните за ракот, како навреме да се открие, значењето на раното откривање на ракот, начините на лекување;
Едукација за здрав начин на живот;
Воочување на посебните потреби на пациентите;
Поддршка на поединците и институциите што професионално се ангажирани во откр
ивањето и третирањето на ракот и на лицата кои се занимаваат со оваа проблематика од научен аспект;
Набавка на современи дијагностички апарати и средства за терапија;
Хуманитарни активности;
Следење на состојбите на снабденоста со препарати за третман на болните од рак;
Организирање на групи од пациенти заради меѓусебен контакт и размена на искуства;
Организирање на лоби од јавни личности - од културата, спортот, бизнисот и политиката кои ќе ги промовитаар целите на Лигата за борба против ракот;
Организирање средби со претставници од законодавната, извршната и локалната власт заради донесување на закони за поголема финансиска поддршка на научните истражувања врзани за борбата против ракот; донесување закони кои се во прилог на превенција и закони и др. прописи во корист на пациентите заболени од рак