Здружение за македонско германско пријателство и соработка Битола

  • Home
  • Macedonia
  • Bitol
  • Здружение за македонско германско пријателство и соработка Битола

Здружение за македонско германско пријателство и соработка Битола Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Здружение за македонско германско пријателство и соработка Битола, Non-Governmental Organization (NGO), pelagonka 2, Bitol.

04/11/2025
🌍 Plastic Fantastic — Битола размислува зеленоПреполна сала, инспиративни гости и млади луѓе со јасна порака: времето на...
04/11/2025

🌍 Plastic Fantastic — Битола размислува зелено

Преполна сала, инспиративни гости и млади луѓе со јасна порака: времето на изговори заврши.
Во Кино „Манаки“, под покровителство на Здружението за македонско-германско пријателство и соработка Битола и во соработка со Гете-институт Скопје, се одржа проекцијата на документарниот филм „Plastic Fantastic“ – филм кој на едукативен и провокативен начин нè соочува со реалноста на светот кој тоне во пластика.

„Тоа е само едно пластично шише“ реченица што секој од нас барем еднаш ја изговорил. Но што се случува кога „само едно шише“ ќе се помножи со бројот на жителите на Битола или со осум милијарди луѓе? Одговорот го понуди ова визуелно и содржински силно остварување, кое преку искрени сведоштва, научни факти и уметничка поетика нè потсетува дека решението почнува токму од секој поединец.

По проекцијата следеше разговор со Марија Магдалена Петковска Микаровска, професорка и еко-активистка со долгогодишен ангажман во развојот на еколошката свест кај младите, и Стефан Поповски, ликовен педагог кој ја претвори темата во креативен повик за акција.
Настанот беше збогатен со уметнички перформанс на ученици, изложба на креативни изработки направени од рециклирани материјали, симболично претворајќи отпад во порака за иднината.

Со свое обраќање, Проф. д-р Валентина Илиева, претседателка на Здружението за македонско-германско пријателство и соработка Битола, ја нагласи важноста на ваквите иницијативи во процесот на градење свесно општество:

„Еколошката промена не започнува со технологија, туку со едукација. Колку порано младите сфатат дека секое мало дело има тежина, толку поблиску сме до вистински одржлива иднина.“

Здружението за македонско-германско пријателство и соработка Битола веќе повеќе од две децении претставува мост меѓу културите, јазиците и едукативните вредности, градејќи партнерства што создаваат реални промени во заедницата. Нивната долгогодишна соработка со Гете-институт Скопје резултира со бројни културни и образовни иницијативи, меѓу кои и овој настан што ги спојува уметноста, екологијата и младинската едукација во една современа, општествено значајна порака.

Присуството на претставници од Гете-институт Скопје и бројната публика – ученици, професори, активисти и љубители на документарен филм го потврди интересот и потребата за вакви иницијативи во Битола.

Настанот е дел од пошироката иницијатива Free Plastic July, која има за цел да поттикне одржливи навики, свесност и одговорност кон животната средина.

Ова беше вечер што не заврши со последниот кадар, туку започна разговор што треба да продолжи.

Да ја направиме мисијата зелена, а не пластична.

♻️ Plastic FantasticБидејќи ние сме на еко-мисија. А вие?Во организација на Здружението за македонско-германско пријател...
21/10/2025

♻️ Plastic Fantastic
Бидејќи ние сме на еко-мисија. А вие?

Во организација на Здружението за македонско-германско пријателство и соработка Битола и Goethe-Institut, во недела, 26 октомври 2025, со почеток во 19:00 часот во Кино Манаки, ќе се прикаже документарниот филм Plastic Fantastic.

Филмот на провокативен и едукативен начин ја отвора темата за влијанието на пластиката врз животната средина и нашата секојдневна култура на потрошувачка. Преку искрени сведоштва, научни факти и визуелна поетика, авторите нè повикуваат да се запрашаме: може ли светот да се откаже од материјалот што го создаде за да си го олесни животот, а сега му го загрозува постоењето?

Ќе имаме и специјални гости•••

▪️Марија Магдалена Петковска Микаровска професорка и еко активистка со сет проекти кои ја будат заедницата

▪️Стефан Поповски, ликовен педагог кој ќе ги води учениците низ насоки како отпадокот да го претворат во уметност

Настанот е дел од пошироката иницијатива за подигање на еколошката свест во рамки на кампањата Free Plastic July, со цел поттикнување на одржливи практики во локалната заедница.

📅 Недела, 26 октомври 2025
📍 Кино Манаки, Битола
🕖 19:00 часот
🎟️ Влез: бесплатен

Една вечер за свесност, разговор и инспирација.

Да ја направиме мисијата зелена, а не пластична 💚

30/11/2023

Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола донираше околу 130 книги на германски јазик, а дел и на македонски, но со тематика поврзана со...

Viel Spaß beim Lesen 🇩🇪📚📚📚🇩🇪
24/11/2023

Viel Spaß beim Lesen 🇩🇪📚📚📚🇩🇪

22/11/2023

Здружението за македонско-германско пријателство и соработка Битола, донираше книги на германски и македонски јазик во ОУ “Елпида Караманди“ Битола.

Viel Spaß beim Lesen wünschen wir den Schülerinnen und Schülern des Gymnasiums Josip Broz Tito Bitola! GMDFZ Bitola
16/11/2023

Viel Spaß beim Lesen wünschen wir den Schülerinnen und Schülern des Gymnasiums Josip Broz Tito Bitola! GMDFZ Bitola

Здружението за македонско-германско пријателство и соработка во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ донираше  книги на германски јазик од значајни германски автори...

Благодарност до КИЦ Офицерски дом Битола
31/08/2023

Благодарност до КИЦ Офицерски дом Битола

Благодариме ТВ Тера - Danke TV Tera
30/08/2023

Благодариме ТВ Тера - Danke TV Tera

Address

Pelagonka 2
Bitol

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Здружение за македонско германско пријателство и соработка Битола posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share