Lions Club "Kabadaja" - Bitola

Lions Club "Kabadaja" - Bitola We Serve!

Лајонс клуб „Кабадаја“  донираше за Клиничката болница во Битола по повод патрониот празник на градотПо повод патрониот ...
18/12/2025

Лајонс клуб „Кабадаја“ донираше за Клиничката болница во Битола по повод патрониот празник на градот

По повод патрониот празник на Град Битола – Св. Нектариј, Лајонс клубот „Кабадаја“ од Битола реализираше поголема донација за Клиничката болница во Битола, со што уште еднаш ја потврди својата посветеност кон локалната заедница и јавното здравство.

Донацијата вклучува тврда подна облога (ламинат) за Одделението за педијатрија, како и комплети постелнина за две болнички одделенија – Урологија и Интерна медицина. Со оваа донација се подобруваат условите за престој и лекување на пациентите, како и условите за работа на медицинскиот персонал.

Донацијата беше официјално примена од директорката на Клиничката болница во Битола, г-ѓа Ненси Лозанче, која изрази искрена благодарност до Лајонс клубот „Кабадаја“, истакнувајќи дека секоја донација е од исклучително значење, бидејќи здравствените установи континуирано имаат потреба од поддршка. Таа изрази надеж дека ваквата соработка ќе продолжи и во иднина.

Претседателката на Лајонс клуб „Кабадаја“ , Емилиа Ѓероска, истакна дека донацијата е реализирана со голема радост и чувство на одговорност кон заедницата:

„Оваа донација произлегува од едноставно, но силно уверување – дека да се врати кон градот во кој живееме треба да биде вообичаено за секој од нас. Сите ние, во различни моменти од животот, ги користиме јавните услуги, особено здравствените. Со вакви донации придонесуваме за поквалитетен живот за сите нас во Битола.“

Таа додаде дека реализирањето на оваа донација токму на патрониот празник на градот ѝ дава дополнителна симболика и ја нагласува грижата, солидарноста и посветеноста на Лајонс клуб „Кабадаја“ кон својот град.

Со оваа иницијатива уште еднаш се потврдува дека граѓанската одговорност не значи само користење на заедничките ресурси, туку и активно вложување во нивно унапредување, а Лајонс клубот „Кабадаја“ останува посветен на конкретни дела кои прават позитивна разлика во локалната заедница.

🌈 „Обои ме во пријател“ – заедно 15 години создаваме инклузивна и хумана Битола 💛💙Лајонс клубот Кабадаја во тесна сорабо...
03/12/2025

🌈 „Обои ме во пријател“ – заедно 15 години создаваме инклузивна и хумана Битола 💛💙

Лајонс клубот Кабадаја во тесна соработка со Ресурсниот центар „Кочо Рацин“ го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3-ти декември, со настан кој веќе 15 години по ред ја носи истата порака:
👉 Секое дете заслужува љубов, поддршка и еднакви можности.

Денот со шарен и полн со емоции марш по Широк Сокак, продолжувајќи до платото пред Офицерски Дом, каде што децата од сите битолски основни училишта, заедно со учениците од Ресурсниот центар, приредија навистина посебно хепенинг-претставување. 🎶💛

✨ Повеќе од 300 деца пееја заедно, создадоа убаво македонско знаме изработено од текстилни ленти, а на крајот ги пуштија кон небото балоните на пријателството– симбол дека секое дете, без разлика на различностите, треба да расте со иста љубов, внимание и шанса за развој.

Голема благодарност до Градоначалникот г. Тони Коњановски, кој им се обрати на дечињата, истакнувајќи дека Општина Битола ќе биде тука за нив и понатаму, обезбедувајќи поддршка за нивното образование и развој. Тој ги покани сите деца и на заедничката Новогодишна прослава. 🎄✨

Силни и искрени зборови сподели и претседателката на Лајонс Кабадаја, Емилиа Ѓероска, која рече дека присуството на децата на овој сив, облачен ден му донесе сонце ☀️ „Зашто секое дете носи сонце во себе.“

💛Клубот Кабадаја изрази голема благодарност до сите деца, наставници, родители и граѓани, Zaga Production , WOW маскоти и Цвеќара Пресил - кои беа дел од ова прекрасно обојување – во пријателство, почит, инклузија и човечност.

Нека ни се множат ваквите денови на добрина. 🌈

🎨 "Обои ме во пријател“Хуманитарен настан по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 декемвриЛајонс Клуб КА...
30/11/2025

🎨 "Обои ме во пријател“
Хуманитарен настан по повод
Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 декември

Лајонс Клуб КАБАДАЈА – Битола
Ве поканува на хуманитарен марш и едно топло, инклузивно дружење посветено на пријателството, поддршката и еднаквоста за сите деца.

Настанот се реализира во соработка со РЦ „Кочо Рацин“ – Битола,а под слоганот „Обои ме во пријател“, ќе ги обоиме градот и срцата со боите на пријателството и поддршка.

📅 03.12.2025 (среда)
⏰ 11:00 часот
📍 Дефиле по Широк Сокак,а потоа дружба и хепенинг на платото пред
Офицерски Дом – Битола

Ајде да покажеме дека инклузијата е заедничка грижа – да создадеме круг на поддршка, радост и добрина. 💛💙

Movember хуманитарен настан во БитолаВо текот на месец ноември се одржа навистина специјален хуманитарен настан исполнет...
27/11/2025

Movember хуманитарен настан во Битола
Во текот на месец ноември се одржа навистина специјален хуманитарен настан исполнет со дружење, позитивна атмосфера и голема човечка хуманост. Настанот беше организиран од Лајонс Кабадаја Битола и кафулето Радост кои со огромна посветеност ја реализираа оваа благородна иницијатива.

Целта?Да се подигне свеста за машкото здравје и да се соберат средства за подобрување на условите на **Уролошкото одделение при Клиничката болница – Битола
Сите собрани средства ќе бидат наменети токму за оваа важна кауза.

Специјален момент од настанот:
Нашиот мајстор-бербер Бошко беше on duty и на лице место изведуваше Movember бричење и обликување на бради. Неговата целата заработка од овие хуманитарни бричења беше целосно донирана за истата цел – вистински гест на солидарност и добрина.

🎧 За атмосферата се погрижи DJ Chiko,кој им донесе енергија и одлична музика на сите присутни.

🙏 Голема благодарност до сите кои беа дел од настанот, кои донираа и кои ја поддржаа оваа важна иницијатива. Заедно покажавме дека Битола има големо срце.

09/11/2025
Марш на „Белиот стап“ – почит и поддршка за лицата со оштетен видСо традиционалниот марш низ Широк Сокак, Лајонс клуб „К...
13/10/2025

Марш на „Белиот стап“ – почит и поддршка за лицата со оштетен вид
Со традиционалниот марш низ Широк Сокак, Лајонс клуб „Кабадаја“ и Здружението на слепи лица од Битола го одбележаа Светскиот ден на слепите лица и лицата со оштетен вид. Маршот на „Белиот стап“ има за цел да ја подигне јавната свест и да ги промовира правата и потребите на оваа заедница.

Претседателката на Лајонс клуб „Кабадаја“, Емилиа Героска, истакна дека клубот континуирано ја насочува својата хуманитарна работа кон поддршка на лицата со попреченост. „Нашата заложба не се ограничува само на денешниот ден – во текот на целата година реализираме активности и иницијативи кои придонесуваат за поголема инклузија и разбирање во општеството на сите категории граѓани со попречености,“ додаде Героска.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја поздрави иницијативата и нагласи дека соработката меѓу општината и здруженијата на лица со попреченост е конструктивна и отворена и досега се реализирани повеќе проекти на предлог на Здружението на слепи а со кои им се олеснува живеењето во Битола. Тој ги покани членовите на Здружението на слепи лица да ја посетат неговата канцеларија со цел заеднички да се разгледаат предизвиците и да се најдат конкретни решенија кои ќе го олеснат нивното секојдневие.

Во рамки на настанот, д-р Ирена Ружин најави и нова тактилна изложба во НУ Завод и музеј – проект поддржан од Министерството за култура и туризам, кој го прави културното наследство достапно за сите. „Ова не е само прашање на човекови права, туку и на професионална етика и посветеност,“ нагласи таа.

Директорката на музејот, Маргарета Спасов, потврди дека институцијата секогаш има „широко отворени врати“ за лицата со оштетен вид.

Изборот на музејот како место на одбележување не е случаен – тој произлегува од долгогодишната соработка на Андријана Шокларовска, член на Лајонс клуб „Кабадаја“, со музејот, во рамки на која се изработуваат преводи на изложбени експонати на Брајово писмо, овозможувајќи целосно инклузивно културно искуство.

Настанот заврши со отворена дискусија и размена на идеи меѓу учесниците, во која како еден од клучните предлози произлезе организација на обука за дигитална писменост за лицата со оштетен вид, со цел поттикнување на нивната самостојност и поголема вклученост во современото дигитално општество

Изминува фискалната 2024/25 година и со гордост се осврнуваме наназад. Под претседателство на Лајон Силвана Филевска има...
26/06/2025

Изминува фискалната 2024/25 година и со гордост се осврнуваме наназад. Под претседателство на Лајон Силвана Филевска имавме година полна со активности и служење на заедницата.

Започнавме уште во август со донација на вода за пожарникари од Македонски Брод кои храбро се бореа со пожарите кои беснееа. Веднаш потоа во соработка со македонската амбасада во Австрија организиравме донација на книги на германски јазик во ОУ „Климент Охридски“ Битола и потоа донација на книги на македонски јазик во Виена.

Во текот на месец септември се дружевме со нашите пријатели од Ротари Клуб Широк Сокак Битола, а во октомври традиционално го одбележавме Денот на белиот стап со марш низ Широк Сокак. Ни следуваше одбележување на Денот на дијабетес во ноември повторно со активност на Широк Сокак.

Во декември го одбележавме Меѓународниот ден на лицата со попреченост со дефиле и донација на храна и пијалаци во ОУРЦ „Кочо Рацин“ Битола. Во декември и јануари бевме дел од настани поврзани со промоција на Лајонизмот под име „Учи, води, порасни“.

Во јануари обезбедивме донација на клупи за ОУ „Климент Охридски“ Битола. Потоа, во текот на февруари и март, учествувавме во проект на нашите драги пријатели од ЛК „Велес“, на годишната Лајонс конвенција во Скопје, како и на заеднички проект на дистриктите на Македонија, Хрватска и Словенија во Вуковар.

Во април го одбележавме денот на аутизмот со донација на училишен прибор.

Круна на оваа фискална година беше 14-тото издание на Бон Виван кое се одржа во прекрасен амбиент во Бар Општина во Битола.

Се заблагодаруваме на претседателката Силвана Филевска за нејзиното водење на клубот и со нетрпение ја очекуваме фискалната 2025/26 во која претседател ќе ни биде Лајон Емилиа Героска.

14. Бон Виван – вечер во знак на виното и пријателството! Донација од 120.000,00 денари за уредување на дворот во подрач...
15/06/2025

14. Бон Виван – вечер во знак на виното и пријателството! Донација од 120.000,00 денари за уредување на дворот во подрачното училиште во населба Стрелиште во Битола!

Во петокот на 13.06.2025 година, се случи Бон Виван во организација на ЛК Кабадаја. Во магична атмосфера, креирана од звуците на Фолтин, присутните имаа можност да ги дегустираат одличните вина на Винарија Монтеко. Екипата на Chef at 11 направи вистинско кулинарско уживање за гостите, а за доживувањето да биде комплетно се погрижија и млекара Вемилк и Де Ниро Кетеринг.

Бар Општина се покажа како одлично место за Bon Vivant 2025 и среќни сме што видовме голем број на гости, поддржувачи, Лајони од цела Македонија, Ротаријанци и најважно од се наши пријатели. Упатуваме огромна благодарност до нашиот пријател Огнен Јанески кој не водеше виз вечерта, како и Зага Продукција за блескавите моменти кои ги уловија низ своите објективи.

120.000,00 денари, собрани од вечерта и заедно со донации од битолски стопанственици ќе бидат употребени за уредување на дворот со реквизити во подрачното училиште во населба Стрелиште при ООУ „Тодор Ангелевски“ Битола.

Лајонс ден во Охрид, од нашиот клуб присуствуваа нашата претседателка Силвана Филевска и избраниот втор вицегувернер Бор...
10/06/2025

Лајонс ден во Охрид, од нашиот клуб присуствуваа нашата претседателка Силвана Филевска и избраниот втор вицегувернер Борче Димитровски

🎶 Bon Vivant | ФОЛТИН – Хуманитарен настан📅 13 јуни 2025 | 🕗 20:00 ч.📍 Бар Општина, Битола🎟 Карта: 1000 ден. | ☎ Резерва...
21/05/2025

🎶 Bon Vivant | ФОЛТИН – Хуманитарен настан
📅 13 јуни 2025 | 🕗 20:00 ч.
📍 Бар Општина, Битола
🎟 Карта: 1000 ден. | ☎ Резервации: 070 339 078

Придружете ни се на незаборавна вечер со легендарниот бенд ФОЛТИН, добро вино од Monteko, вкусна храна од 11:eleven и многу позитивна енергија!
Сето тоа за хуманитарна цел – организирано од Lions Club Kabadaya.

Бидете дел од добрината. Бидете Bon Vivant. 💛

Address

Bitol
7000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Lions Club "Kabadaja" - Bitola posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Lions Club "Kabadaja" - Bitola:

Share