O2 Иницијатива

O2 Иницијатива We want to see systemic and sustainable solutions for the problem of pollution. We want to see enviro

О2 е иницијатива за заштита и одбрана на природата и обезбедување на чиста и здрава животна средина. Нашата борба е борба за чист воздух, почва, вода, без индустриски црни точки, без нови рудници, без стотици каменоломи, диви депонии, со чисти реки и сочувана и заштитена природа. О2 иницијатива ќе се спротистави на секое искористување и уништување на природата, секогаш барајќи практични, одговорни

решенија кои се во тек со времето во кое живееме, при тоа застапувајќи ги правата на сите граѓани за квалитетен живот во чиста и здрава средина.
Работиме :
- на зголемување на финансиите на централната и локалната власт за справување со загадувањето и заштита на природата,
- на принципите на заштита на кои државата е обврзана и мора да ги гарантира,
- на истражување на законски решенија и подобрување на законите,
- со притисок врз институциите за следење и санкционирање на загадувачите,
- со следење на работата на големите индустриски корпорации во поглед на заштита на средината во која функционираат,
- но и на едукација на граѓаните за лична одговорност и заштита на природата.
О2 иницијатива се спротиставува на уништувањето на природата во сите нејзини сегменти, користејќи директна акција базирана на сериозно истражување и анализирање, но и отворен комуникациски пристап кон институциите и јавноста.

‼️ Откако ги прогласија хотелите за градби од државно значење, сега на ред се супермаркетите.Најдобро нека го укинат Пра...
23/03/2026

‼️ Откако ги прогласија хотелите за градби од државно значење, сега на ред се супермаркетите.
Најдобро нека го укинат Правилникот за урбанистичко планирање и нека си гради кој што сака каде сака.

☝️ Утре, 24.3 (вторник) во 10ч Министерството за транспорт организира стручна расправа (4ти кат, во салата за состаноци) по измените. Дојдете.

(Фото: СДК.МК)

‼️ Министерот за транспорт внесува изградба на хотели и хотелски комплекси со површина над 1000м2 како градби од државно...
09/02/2026

‼️ Министерот за транспорт внесува изградба на хотели и хотелски комплекси со површина над 1000м2 како градби од државно значење.

После овозможување на градење на катни гаражи и објекти од образование, здравствена и социјална заштита со само урбанистички проект, после 6 измени на Законот за урбанистичко планирање и 3 измени на Правилникот за урбанистичко планирање за година и седум месеци од мандатот на оваа Влада, на ред дојдоа хотелите и 10та измена по ред.

👉 Утре, 10.02 (вторник) во 14 часот, во Министерството за транспорт, на 4ти кат, во салата за состаноци ќе се одржи стручна расправа за предложената измена.

Да слушнеме зошто хотелите и хотелските комплекси МОРА да бидат градби од државно значење, за кои се прават посебни урбанистички планови и за кои НЕ СЕ спроведува јавна анкета, значи граѓаните не може да дадат забелешки.

Додека политичарите зборуваат, вие дишете:🔴 PM2.5 загадување 97% од времето (Гостивар), 96% во Тетово, Битола, Кавадарци...
12/01/2026

Додека политичарите зборуваат, вие дишете:
🔴 PM2.5 загадување 97% од времето (Гостивар), 96% во Тетово, Битола, Кавадарци, Центар, 95% Струмица, 94% Гевгелија и Куманово…

‼️ Гостиварчани дишеле само 3% чист воздух во 2025‼️
А во планинското „најчисто“ Лазарополе едвај 37%❗️

🔻 Во Гостивар минералната прашина е главниот загадувач, што значи каменоломите и фабриката Вардар Доломит се главниот виновник.

🔴 Озонот во Карпош надминува безбедни нивоа 65 дена годишно, а 12 мерни места од 16 покажуваат над дозволено концентрации.
Станиците поставени подалеку од сообраќајот даваат пореална слика за концентрациите на озонот во градовите/селата.

🔲 Ова не се броеви. Ова се болни деца, астма, рак и скратени животи.
Против нашето здравје. Против нашите деца. Против нашето право на живот.
До кога вака?

🆘 Аерозагадувањето, PM честичките, издувните гасови од дизел возилата, полицикличните ароматични јаглеводороди и бензено...
11/01/2026

🆘 Аерозагадувањето, PM честичките, издувните гасови од дизел возилата, полицикличните ароматични јаглеводороди и бензенот во издувните гасови на возилата, одредени тешки метали од индустријата, разни соедниненија при согорување на дрва, јаглен, нафта… се класифицирани како КАНЦЕРОГЕНИ ОД ПРВА ГРУПА, што значи дека докажано предизвикуваат рак кај луѓето според Меѓународната агенција за истражување на ракот.

🏥 Следствено, проблемот со високото аерозагадување НЕ Е еколошки проблем, туку претставува ЗДРАВСТВЕНА КРИЗА и како таква треба да се реши што побргу, а не да се влече со децении и политички да се калкулира со мерките кои се неопходни за нејзино решавање.

🔲 Македонија со години е на ВРВОТ во Европа по бројот на починати поради изложеност на PM2.5. Во 2023 година таа бројка е 222 лица на 100.000 жители во ризик.

🔵 Каков беше воздухот во 2025?
❌ Како и до сега, останува праксата и по три години и повеќе да нема мерења на одредени мерни станици. Никако да се набават доволно резервни делови кои бргу ќе ги заменат нефункционалните инструменти.
‼️ Во моментов 39 ИНСТРУМЕНТИ НЕ РАБОТАТ, 30% од вкупниот број.

❌ Продолжува и праксата да не се мерат тешките метали, бензенот, бензо(а)пиренот, хемискиот состав на PM2.5, прекурсорските супстанции на озонот на потребниот број на мерни места, иако е ЗАКОНСКА ОБВРСКА. Како резултат, јавноста, но и институциите кои треба да преземат конкренти мерки, не знаат на какви концентрации од овие супстанции сме изложени, од кои голем дел се ДОКАЖАНИ КАНЦЕРОГЕНИ.

🔳 На ова поле НИШТО не е сменето со оваа Влада, која е веќе 1 година и 7 месеци на власт, иако додека беа опозиција бараа средства од Буџетот за оваа намена.

ℹ️ Максимално дозволените дневни и годишни концентрации на загадувачките супстанции во воздухот поставени од страна на нашата држава и ЕУ се арбитрарни, не се базираат на заштита на здравјето, туку се политичко-екомонски базирани и затоа се многу повисоки.
Ќе го разгледуваме загадувањето во однос на вредностите за заштита на нашето здравје.

‼️ PM2.5: НАЈОПАСНИТЕ
Во однос на загадувањето со PM2.5, најопасните и најштетни по здравјето, нема некоја промена во последните 5 години, малите разлики се должат на климатските услови.
🔺 Во зима: концентрациите се до 18 пати повисоки
🔻 Надвор од грејна сезона: до 3,5 пати повисоки

Поразително е што ниту Лазарополе, кое важи за рефренетно чисто подрачје, не ги исполнува здравствените граници за PM2.5.
🔹 Најниски вредности има од октомври до јануари, а 🔸 највисоки – во лето и февруари.

❗️ PM10: СЛИЧНО СЦЕНАРИО
Загадувањето со PM10 е во слични рамки и исто не покажува некоја промена.
🔺 Зимски концентрации: до 7,5 пати повисоки
🔻 Летни концентрации: до 2,5 пати повисоки

Само Лазарополе има PM10 вредности во граници на заштита на здравјето.

🔶 NO₂: ЗАГАДУВАЊЕ ОД СООБРАЌАЈОТ КОЕ СЕ ПРЕМОЛЧУВА
Обично не се зборува за загадувањето со NO₂, азотниот диоксид, кој е главно резултат на сообраќајот, но и на согорувањето на фосилните горива.
🔺 Зимски вредности: до 4,5 пати повисоки
🔻 Летни вредности: до 4 пати повисоки

Скопје е на врвот, но повисоки вредности има и во Тетово, Кавадарци, Кичево, Охрид – мерни места во близина на фреквентни улици.

⁉️ Зачудувачки е што Лазарополе во ниту еден месец од годината не покажува концентрации на NO₂ во граници на заштита на здравјето и највисоки концентрации има во лето. Гевгелија, Берово, Миладиновци, Битола 2, Гостивар, Струмица, Битола 1 – имаат пониски вредности од Лазарополе.

🔳 НИШТО не е направено систематски од оваа Влада/локалната власт за да се намали загадувањето со овие загадувачи преку целата година и се заштити нашето здравје.

❌ Нема сериозни мерки ниту за греење, ниту сообраќај, ниту индустрија, ниту градежништво. Само некакви ветувања кои којзнае како и дали ќе се остварат.

Да дозволиш при вакво загадување
🔴 да чадат оџаци непречено, а може брзо да инсталираш филтри на сите и тоа по прифатлива цена од 150-200 евра и ја наметнеш таа обврска
🔴 да се гори петрол кокс во тулани и други погони кои загадуваат значително, а може да забраниш во еден ден
🔴 индустријата да користи јаглен, мазут, кокс, наместо гас, а може да наложиш да користи гас каде е можно
🔴 училишта, градинки, болници да се греат на мазут/нафта, а може да го смениш начинот на греење ако инвестираш
🔴 да се возат возила без катализатори, без филтри, без никаков стандард, испуштајќи огромни отровни емисии, а може да го спречиш на повеќе начини
🔴 градилишта и каменоломи без обврска да мерат PM2.5 и PM10, а може да го регулираш во еден ден со носење на измена на законот
🔳 значи дека свесно НЕ САКАШ да го решиш проблемот и ги заштитиш граѓаните од последиците.

СКОПЈЕ: СУБВЕНЦИИ КАКО АЛИБИ
❌ Во град со 40.000–55.000 домаќинства што се греат на дрва, субвенционирањето на 200 инвертери и 300 филтри не е мерка – туку алиби.�Со тоа темпо, проблемот би се решил за еден век.
Притоа, без одлука со која забрануваш оџаци без фитлри од одреден датум и не ги субвенционираш во голем број, ништо од мерката.
Зошто некој да купи филтер за оџак? И кој проверува дали тој што купил инвертер не грее друга соба на дрва или го користи само понекогаш зимно време и/или во летните месеци само?
Колку да се каже еве правиме, имаме мерки.

ℹ️ Инаку, во Скопје од 2019 наваму се субвенционирани околу 10.000 инвертери (најголем дел околу 7.600 се поделени до 2021), што од градот, што од министерството за енергетика, што од некои општини.

Според пописот од 2021 во Град Скопје има помеѓу 40.000 до 55.000 домаќинства кои се греат на дрва (23–32% од домаќинствата), ~550 на нафта, ~100 на јаглен, ~ 7.000 на пелети, ~31.000 на клима уреди.

Во државава во 2024 се регистрирале над 684.000 возила од кои
▪ 2/3 се дизел
▪ 2/3 се постари од 15 години
▪ 1/3 се во Скопје

Не се забрани увоз на користени возила под ЕУРО 5 и ЕУРО 6 за нови, иако пред година дена на официјален состанок ни беше кажано дека ќе се спроведе.

Гледајте нѐ вечер во 19:15 на Телма
22/12/2025

Гледајте нѐ вечер во 19:15 на Телма

Секоја зима, кошмар за десеттина градови во Македонија. Граѓаните се трујат од загадениот воздух, конкретни мерки од властите нема.

Останува ли граѓанскиот сектор единствената совест? З
ошто никој не ги слуша нивните препораки?

Во Топ Тема вечерва дебата со: Татјана Чакулев - О2 Иницијатива, Марјан Калевски - Зелен Хуман Град и Ѓорѓи Танушев - Здрава котлина.

Гледајте Топ Тема со Боби Христов во 19.15 часот на Телма

И денес, како и вчера, завчера.. над облаците на Скопје, на врвот од Водно е сончево со кристално чист воздух. Кој може,...
22/12/2025

И денес, како и вчера, завчера.. над облаците на Скопје, на врвот од Водно е сончево со кристално чист воздух. Кој може, нека избега на кратко, да наполни плуќа и батерии.

🔵 Safe City беше воведен со цел да го намали бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди и како мерка е апсолутно опр...
21/12/2025

🔵 Safe City беше воведен со цел да го намали бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди и како мерка е апсолутно оправдано бидејќи во 2024 година, загинале 124 лица во државава.

⚫️ Загадениов воздух зема над 3.500 жртви годишно, со голем број на заболени, но никој нема намера да примени брзи и ефикасни мерки.
Зошто?

🔄 Владата/град Скопје константно повторуваат дека ќе граделе когенеративни гасни централи, кои ќе го решеле загадувањето во Скопје и други градови во МК.
💰 Само за Скопје, целиот потфат би чинел околу 1 милијарда евра и во најдобар случај, ако се почне денес, нема да заврши пред 2033 г. Трошоците по домаќинство ќе се движат помеѓу 4.000 - 10.000 евра. Кој ќе ги покрие овие трошоци? Домаќинствата кои се греат на дрва бидејќи немаат средства за друго? Град Скопје? Владата?

Комплетно несериозно и класично замајување на јавноста.

Наместо Владата/град Скопје да ни губат драгоцено време и да ни го трошат здравјето, здравјето на децата пред сè, кои се изложени на овој канцероген и токсичен воздух:
❓ Зошто не направат пилот проект со неколку различни видови на филтри, да ги видат ефектите од секој од нив, да се види како ќе се покажат и да вложат во масовна примена за тие што ќе го поминат тестот, со што за една година би се решил проблемот со домаќинствата?
❓ Зошто не донесат одлука, индустријата во Скопје, вклучително и Усје, задолжително да работи на гас и обновливи извори на енергија?
❓ Зошто не го нормализираат јавниот превоз и го донесат конечно правилникот за еко налепници, со што ќе има можност да се воспостави зимски режим на сообраќај?
❓ Зошто не се фокусираат на измена на начинот на греење на јавните објекти?

Ова е најбрз начин да се намали загадувањето во прифатливи законски рамки во многу краток рок.
Дополнително, има и други мерки, кои не се комплексни за спроведување, а се однесуваат на градежна, почвена прашина, палење на отпад на отворено.

🗣️ Апелираме до медиумите да ја прашаат Влада на Република Северна Македонија и Град Скопје, зошто овие чекори не се преземени?

Во врска со податоците за Усје за емисиите на PM2.5 според Climate Trace, убаво е да се објават сите за да се создаде целосна слика за емисиите на PM2.5 во Скопје, според нив.

Според Climate Trace, емисиите на PM2.5 во тони за 2024 г. се следни:

▪️домаќинства - 924 (65-71%)
▪️нерезиденцијални објекти - 231 (16-18%)
▪️Усје цементара - 187 (6-13%)
Ако се земе предвид ружата на ветрови за Скопје, каде доминираат северните правци, се проценува дека околу 75 тони од емисиите на PM2.5 од Усје се депонираат во Скопје.
▪️сообраќај - 20 (1.4-1.5%)
▪️Макстил - 12 (0.86-0.94%)
▪️ТЕ-ТО - 6 (0.45-0.49%)
▪️Хани и Елезит цементара (Косово) - вкупни емисии од цементарата се проценети на 319 тони. Ако се земе предвид дека цементарата се наоѓа на 11.5 км северно од Скопје, правците на ветрови, дисперзијата, врнежи и др., се проценува дека околу 35 тони би стигнале до Скопје. (2.5-2.7%)

▪️За Дрисла, која по воздушна линија е на 4 км од јужните делови на Скопје, вкупните емисии се проценуваат на 0,01 тон.

▪️Емисиите од авио сообраќајот на скопскиот аеродром се проценуваат на 14 тони.

Мерењата на Амбикон лабораторијата на локација Ново Лисиче и Карпош во текот на 2021 г. ги дадоа следните резултати:
📍во зимските месеци најголем удел има греењето на дрва, 36-59%. Потоа сообраќајот, 12-28%. На согорувањето на нафта и мазут, дали за греење или во индустрија отпаѓа од 7-14%.
📍во пролетните месеци горењето на разен отпад на отворено има удел од 7-35%
📍во летните месеци почвената, градежна прашина е од 4-46%
📍уделот на индустријата/производни процеси вон грејна сезона се движи од 15-49%

За Усје, најбрз начин да го сведе на минимум своето загадување е да му се наложи да користи гас во своите процеси, наместо јаглен, кокс, отпад и др.
Во однос на казната и кривичната кон Усје за загадување, чисто да нема дезинформации, таа се однесуваше на надминување на азотните оксиди, не на PM2.5 и PM10

😷 Секоја година истиот проблем, исти прашања на кои повеќе од 10 години се обидуваме да дадеме одговори и предложиме реш...
18/12/2025

😷 Секоја година истиот проблем, исти прашања на кои повеќе од 10 години се обидуваме да дадеме одговори и предложиме решение.

🆘 Да потсетиме дека пред една година доставивме предлози до Советот на град Скопје, сите советнички групи кои се и во сегашниот состав, со предлог решенија за решавање на проблемот со аерозагадувањето во Скопје. Се утврди дека се потребни законски измени за да може да се донесат одлуки на Град Скопје кои би ги ставиле во сила предложените решенија.

❗️ Се поднесоа предлог законски измени до пратениците во Собранието, но не се постапи по нив. Клучен правилник за еко налепници на возилата не се носи и после безмалку 6 години од предвидениот рок. Нема политичка волја. Животот и здравјето ни зависат од политичка волја.

⏳ Секоја година одговараме на истите прашања, констатираме проблем, причинители и даваме решенија, но ништо, буквално ништо не се поместува.

Еко-активизмот е една од најважните граѓански сили во државата. Имаме големи проблеми со воздух, вода и почва – и без ак...
25/11/2025

Еко-активизмот е една од најважните граѓански сили во државата. Имаме големи проблеми со воздух, вода и почва – и без активисти тие теми едноставно би исчезнале од фокус. Не смее да не обесхрабрува и по некој пораз од време на време, бидејќи долгорочно, кога ќе погледнеме промените кои сме ги направиле и патот што сме го изоделе, сме направиле многу. Нападите за замолчување не се локален феномен, туку дел од поширок регионален и европски тренд.

О2 Иницијатива е една од најактивните граѓански организации која повеќе од десет години работи на теми поврзани со животната средина.

📢 По серијата на пожари кои ги покажуваат сите слабости, проблеми и непочитувањето на стандардите за управување со отпад...
16/09/2025

📢 По серијата на пожари кои ги покажуваат сите слабости, проблеми и непочитувањето на стандардите за управување со отпад, бараме ИТНО без одлагање:

1️⃣ Да бидат извршени инспекциски надзори на СИТЕ складишта и погони за третман на отпад❗️ Надзорите да утврдат:
-дали истите се надвор од населени места како што налага законот
-дали имаат соодветна противпожарна заштита
-дали објектите се соодветни за ваков тип на дејност
-дали се оградени со непроѕирна еднобојна ограда со минимална висина од 2,5 м
-дали имаат 24/7 видео надзор
☝️и сите други законски и технички услови што треба да ги исполнуваат.

👩‍⚖️ По констатирање на недостатоците, да бидат покренати обвиненија за СИТЕ одговорни за законските прекршувања:
- инспектори кои ги оставиле овие компании да работат во несоодветни услови,
-лица кои дале дозволи,
-лица во општините кои дале потврда за несоодветни локации во населени места.

2️⃣ Да бидат изменети правилниците за отпад
- да се усогласат меѓусебе и да бидат воведени најстроги стандарди.
☝️ Нашите предлози се во продолжение и веќе се доставени до МЖСПП.

3️⃣ Да биде изменет Законот за прекршоци и Кривичниот законик.
Да бидат воведени:
- пропорционални казни, од 10%-15% од профитот или најмалку 3% од вкупниот промет на компанијата, а за физички лица пропорционални казни од годишниот приход на лицето, почнувајќи од 10% нагоре.
- задолжителни затворски казни за еколошки прекршоци.

4️⃣ Да биде поставен 24/7 видео надзор кој ќе ја покрие цела Дрисла и Вардариште, како и на сите хронични локации каде се депонира нелегално отпад во град Скопје.

5️⃣ Да се започне со проектна документација за Дрисла за градење на центар за управување со отпад по примерот на Љубљана.

6️⃣ ВЕДНАШ, без одолговлекување, да биде започната санацијата на поранешната скопска депонија Вардариште❗️
- ИТНО да биде изработена студија за разработка на варијанта за дислокација на депонијата и веднаш да се премине на проектна документација ❗️
- Иствремено граѓаните од импровизираните населби на работ од Вардариште, кои во голем број се фантоми, итно да бидат згрижени и заштитени од опасностите на кои се изложени од оваа депонија.

‼️ Бараме АКЦИЈА и ПОСТАПУВАЊЕ ВЕДНАШ!
Доста е префрлање на одговорностите на некој друг или претходна власт.
‼️ Бараме делување СЕГА!

☢️ Воедно, поради сериозното кршење на човекови права на чиста животна средина и непоместување од таа точка со децении, ги повикавме специјалните известувачи на Обединетите Нации за човековото право на чиста, здрава и одржлива животна средина и за токсини и човекови права да ја посетат нашата држава и преземат сè што е во нивна можност и делуваат.

🟦 Предлозите за измени на правилниците за отпад:

Последниот случај на пожар во складиште за електричен и електронски отпад на Ф-Групација во Трубарево, во населена улица, сместен во штала, каде дел од отпадот стоеше надвор незаштитен, не смее да се повтори.

Поради сериозните последици по човековото здравје и животната средина од инцидентите и пожарите во објектите за складирање, третирање, преработка и рециклирање на отпад, бараме да бидат направени итни измени на правилниците кои ги регулираат и одредуваат условите на овие објекти и дозволите за управување со отпад, истите да се усогласат меѓусебно и да се воведат најстрогите услови во сите правилници.

Предмет се следните правилници, како и други:
Правилникот за минимални барања за одвоен третман на отпадната опрема, материјалите и деловите на отпадната опрема, како и минималните технички услови за складирање и третман на отпадната опрема која треба да ги исполнува инсталацијата за третман на отпадна опрема од 15.01.2013, Службен Весник на РМ бр.9/2013, согласно Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема од 03.08.2021, Службен Весник на РСМ бр.176/2021,

Правилникот за начинот и условите за складирање на отпадот, како и условите што треба да ги исполнуваат локациите на коишто се врши складирање на отпад од 09.03.2007, Службен Весник на РМ бр.29/2007, согласно Законот за управување со отпадот од 17.09.2021, Службен Весник на РСМ бр.216/2021,

Правилникот за барањата што треба да се исполнат од страна на субјектите за добивање на дозвола за управување со отпад, формата и содржината на образецот на барањето за добивање на дозвола за управување со отпад и начинот на доставување на барањето, како и формата и содржината на образецот на дозволата за вршење на дејност за управување со отпад од 22.05.2023, Службен Весник на РСМ бр.105/2023.

Во сите правилници да стои:

- Забрането е складирање, третман, преработка, рециклирање на отворено.
- Складирањето, третман, преработка, рециклирање може да се врши само во затворен објект, зграда или хала, изграден од огноотпорни материјали, со систем за вентилација, заштита од испарувања и автоматска противпожарна заштита, со аларм, систем за гаснење, огнена бариера, средства за брзо гаснење (пена, инертен гас, водена магла).
- Подните површини на објектот мора да бидат цврсти, непропустливи (бетонски, запечатени, без пукнатини или сличен материјал), отпорни на хемикалии, корозија и лесни за чистење.
- Локацијата на објектот за складирање, третман, преработка, рециклирање треба да е најмалку 1 км оддалечен од населено место и најмалку 500 метри оддалечен од водни тела, извори за пиење вода, заштитени подрачја.
- Објектот треба да е достапен за возила за итни случаи, со пристапни патишта без пречки.
- Времетрање на складирањето на отпадот не смее да е подолго од 180 дена.
- Складиштето мора да се организира по фракции: опасни компоненти, електронски плочи, метал, пластика, и сл. Секоја категорија мора да има сопствена зона/контејнер.
- Само обучен персонал може да влезе, забрана за неовластени лица.
- Записници за влез/излез на отпадот.
- Контрола на бучава, мирис и прашина.
- 24 часовниот континуиран видео надзор да биде отпорен на прекини на струја (UPS батерии/генератор). Снимките да се чуваат најмалку 3 години и да бидат достапни за надзорните органи.
- Задолжително физичко обезбедување на складишта со опасен отпад.

Во Правилникот за изменување на правилникот за барањата што треба да се исполнат од страна на субјектите за добивање на дозвола за управување со отпад, формата и содржината на образецот на барањето за добивање на дозвола за управување со отпад и начинот на доставување на барањето, како и формата и содржината на образецот на дозволата за вршење на дејност за управување со отпад од 27.11.2023, Службен Весник на РСМ бр. 249/2023,
да се измени член 2 став 2, алинеја 2 и да гласи:

- потврда од општината, општината во градот Скопје или градот Скопје дека локацијата на која треба да се врши дејноста складирање на отпад, преработка или рециклирање на отпад се наоѓа најмалку 1 км надвор од населено место и најмалку 500 метри надвор од заштитени подрачја, водни тела и извори за пиење на вода.

⛔️ ОТПАД НАДВОР ОД НАСЕЛЕНИ МЕСТА, ВЕДНАШ❗️⛔️ Едит 2: Се работи за објекти на Ф-групација (ЕЕ рециклажа) каде започнал п...
13/09/2025

⛔️ ОТПАД НАДВОР ОД НАСЕЛЕНИ МЕСТА, ВЕДНАШ❗️⛔️

Едит 2: Се работи за објекти на Ф-групација (ЕЕ рециклажа) каде започнал пожарот кој потоа се проширил на уште два објекти каде имало поголема количина пластичен отпад и кои делумно се зафатени од пожарот.
Едит: ‼️„Нула Отпад“ со демант: пожарот во Трубарево не е во наши капацитети. Повеќе во коментар

‼️ Црнилата се шират од пожарот во Трубарево каде гори складиште за електронски и електричен отпад, за сега идентификувано на Нула отпад (покасно утврдено дека се работи за нивни соработник, Ф-групација (ЕЕ рециклажа)), сместено во ШТАЛА! Како Кочани дискотеката! И тоа во населена улица!
⁉️ Добро бе има ли некој нормален во државава!?!
⁉️ Има ли некој што спроведува стандарди, почитува правилници!?!
Луѓето се жалат дека улицата им ја затруле носачи на отпад од секаде, кои сеат по пат сè и сешто.
Шталите ги дал под кирија наследник на АД ЗИК СКОПСКО ПОЛЕ Трубарево.

Address

Скопје

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when O2 Иницијатива posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to O2 Иницијатива:

Share