Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита

  • Home
  • Macedonia
  • Скопје
  • Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита

Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Labor Union, Mirce Acev br. 6, Скопје.

08/04/2024
07/04/2024

📣НЕ Е ЗА ЧЕСТИТАЊЕ, ЗА ПРОТЕСТИРАЊЕ Е ❗️

🥼 08.04.2024, 🕘09:00ч. Работнички дом ➡️🕙10:00ч. Министерство за здравство❗️

07/04/2024
🥼 08.04.2024, 🕘09:00ч. Работнички дом ➡️🕙10:00ч. Министерство за здравство❗️Самостојниот синдикат за здравство, фармациј...
05/04/2024

🥼 08.04.2024, 🕘09:00ч. Работнички дом ➡️🕙10:00ч. Министерство за здравство❗️

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија поддржан од Сојузот на синдикатите на Македонија организира ПРОТЕСТ за да го изрази незадоволството од непотпишувањето на Анексот на Колективниот договор за здравствената дејност кој го подготви Самостојниот Синдикат за здравство, а со кој требаше да се зголемат платите на сите вработени во дејноста.

Протестираме за да кажеме дека бараме да се потпише Анексот веднаш по завршување на изборниот процес, но со дополнително соодветно зголемување на коефициентите на вработените согласно зголемените трошоци на живот.

Ги повикуваме политичките партии кои претендираат да ја водат државата и како наш иден социјален партнер да одвојат време да седнат со синдикатот и да ги слушнат барањата.

Протестираме за да покажеме дека сме тука, дека не отстапуваме од нашите барања за зголемување на платите на вработените во дејноста и веруваме дека ќе бидеме слушнати.

Ако не нѐ слушнат ќе се вратиме повторно и ќе се вратиме побројни.

Сојузот на синдикатите на Македонија веќе предупреди дека здравството е многу значаен сектор, вработените во здравство заслужуваат повисоки плати и не смее никој да си поигрува со нивното достоинство.

Затоа, никој повеќе нема изговор, работниците дигаат глас, придружи ни се на ПРОТЕСТОТ !

📢 ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ 📢🗣 Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ го повикува своето членств...
26/04/2023

📢 ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ 📢
🗣 Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ го повикува своето членство и вработените во здравството, масовно да се приклучат и да бидат дел од протестот за 1-ви мај организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија.
📍 Протестот започнува на 01.05.2023 година во 12:00 часот пред здрадата на ССМ во Скопје.

26/04/2023

🗣РАБОТНИКОТ Е НАЈВАЖЕН‼️
📣РАБОТНИКОТ МОРА НА ПРОТЕСТ‼️

26/04/2023

❗️ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ❗️
🗣РАБОТНИЦИТЕ СЕ ДРЖАВАТА✊️

Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија по предлог на Претседателството на ССМ едногласно донесе Одлука да организира ПРОТЕСТ НА 1 МАЈ, Меѓународниот ден на труд под мотото РАБОТНИЦИТЕ СЕ ДРЖАВАТА.

Се обраќаме до нашите братски синдикати, до сите работници и граѓани, (пензионери, стечајни работници, невработени, студенти) на оваа Држава, крајно време е да ни се придружат и да ни дадат поддршка, односно безрезервно да ни се приклучат во сите активности што на овој план ќе ги преземеме во наредниот период.

Недозволиво е во Македонија функционерите да добијат 78% покачување на платите, а работниците 0%.

Недозволиво е вработените во јавниот сектор да немаат право на регрес за годишен одмор како нивните колеги и колешки во приватниот сектор.

Недозволиво е да биде погазено работничкото достоинство и правото на пристојно работно време како цивилилзациска придобивка, со воведување на 60 часовна работна недела заради исполнување на желбите на газди, функционери и поединци.

Синдикалците се денес, на 1 мај ќе бидат и во наредниот период ќе излегуваат на улица на протест да го изразат работничкото незадоволство, а работниците и граѓаните заедно со нив потребно е да го изразат нивното незадоволство.

Протестот започнува на 01.05.2023 година во 12:00 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија во Скопје.

Борбата е заедничка на сите, излези со работниците денес, зошто утре ќе биде доцна!

Да живее достоинството на трудот!

Заедно сите!

28/03/2023

ИЛИ ПОТПИС НА АНЕКСОТ НА КД ВО СРЕДА, ИЛИ ПРОТЕСТ ВО ЧЕТВРТОК ПРЕД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

Самостојниот синдикат на здравство, фармација и социјална заштита најави протест пред Министерството за здравство во четврток, поради сѐ уште непотпишаниот анекс на Колективниот договор за корекција на коефициентите на вработените.

Советот на самостојниот синдикат на здравство, фармација и социјална заштита најави протест пред Министерството за здравство во четврток, поради, како што информираа, сѐ уште непотпишаниот анекс на Колективниот договор за корекција на коефициентите на вработените.

Како што соопштија на денешната прес-конференција во Сојузот на синдикатите на Македонија, во анексот се бара корекција на коефициентите на вработените во здравството со различни износи, што, според Советот, би значело одредено позитивно придвижување.

- До овој момент, и покрај нашите отстапки и со тие одредени пониски износи на бруто корекција на коефициентите, кои во овој момент се пониски од она што би значело бруто корекција на минималната плата од 3.317 денари, сѐ уште го немаме ниту потпишано анексот на Колективниот договор, ниту пак имаме одредено сознание кога тоа ќе се случи, изјави претседателот Љубиша Каранфиловски.

Очекуваме најдоцна до среда да ни се презентира што договориле, доколку тоа не се случи, во четврток во 11:55 ги повикуваме сите членови во Синдикатот и сите вработени во здравството, кои нема да бидат вклучени во работниот процес на тој ден, да бидат присутни на протестот, за да го искажеме нашето незадоволство за несериозниот пристап кон сериозно прашање, рече Каранфиловски.

Во врска со прашањето за изјавата на вицепремиерот Фатмир Битиќи дека нема да има пари за здравството, Каранфиловски рече дека токму поради тоа била одлуката за протест и дека после протестот, доколку немаат позитивни сигнали, како што најави, „ќе применат и други мерки на радикалности“.

Address

Mirce Acev Br. 6
Скопје

Opening Hours

Monday 07:30 - 15:30
Tuesday 07:30 - 15:30
Wednesday 07:30 - 15:30
Thursday 07:30 - 15:30
Friday 07:30 - 15:30

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Category