04/06/2026
🌱 Изгрејсонце и оваа година учествуваше на Македонскиот енергетски форум – MEF26
Со особено задоволство споделуваме дека Здружението за одржлив социо-економски развој ИЗГРЕЈСОНЦЕ – Скопје и оваа година беше дел од Македонскиот енергетски форум – MEF26, еден од најзначајните меѓународни форуми посветени на енергетиката, одржливиот развој и енергетската транзиција.
На наше големо задоволство, оваа година во рамки на панелот посветен на Праведна транзиција и социјална инклузија, говорник беше Heleen Schockaert, претставничка на REScoop.eu – Европската федерација на енергетски заедници.
Во своето излагање, покрај другите важни аспекти поврзани со праведната енергетска транзиција, таа ги истакна и претходните постигнувања на Изгрејсонце во развојот и промоцијата на енергетските заедници во регионот на Западен Балкан и во рамки на европското движење за енергетски заедници. За нас ова претставува значајно признание за нашата долгогодишна соработка со REScoop.eu и нејзините членки, како дел од пошироката европска мрежа посветена на граѓанската енергија, солидарноста и демократското управување со енергетските ресурси.
Во рамки на форумот одржавме и продуктивен формален состанок помеѓу REScoop.eu, Здружение Изгрејсонце и Зелена Комуна Белица, на кој беа потврдени нашите заеднички заложби за понатамошен развој на енергетските заедници преку тековните и активни проекти REConnect Skopje, поддржан преку програмата на Regione Emilia-Romagna и DG REGIO, како и преку поддршката од European Energy Community Facility во рамки на LIFE програмата.
Ни беше чест и задоволство да учествуваме на овој значаен меѓународен форум токму заедно со нашите најблиски соработници од Европската Унија и регионот.
Продолжуваме посветено да работиме на развој на енергетски заедници, праведна транзиција и локални решенија кои ги ставаат граѓаните во центарот на енергетската иднина. 🌍⚡
#изгрејсонце