Сојуз за младинска работа/Union for Youth Work

  • Casa
  • Italia
  • Turin
  • Сојуз за младинска работа/Union for Youth Work

Сојуз за младинска работа/Union for Youth Work Сојузот за младинска работа е мрежа од младински организации и организации кои работа со и за млади, чија мисија е регулирање и стандардиза

Сојуз за младинска работа, работи на процес на препознавање на младинска
работа и младински работници во Македонија како и на препознавање на
квалитет на истата.
СМР е сојуз кој е составен од 15 членки организација од Македонија кои се
здружени заедно да работат на вмрежување на младински организации,
размена на искуства, стандардизација на квалитет на младинска работа и
препознавање на млад

инската работа и младинските работници.

Мисија - СМР работи на систематизација на младинска работа и поддршка на младински работници во РМ преку креирање на платформа за вмрежување , соработка и поддигнување на јавната свест за значењето на младинската работа.

Визија: Признаена младинска работа како професија и изграден систем за поддршка на млади

Зад секоја силна млада генерација стојат посветени младински работници! 🙌Од 16 до 22 март, во Штип, се одржа тренинг за ...
30/03/2026

Зад секоја силна млада генерација стојат посветени младински работници! 🙌

Од 16 до 22 март, во Штип, се одржа тренинг за младински работници со фокус на новата платформа за поддршка на младинската работа 🌍💻

Тренингот беше посветен на унапредување на разбирањето на европската и политичката димензија на младинската работа, како и на тестирање на модулите и содржините на платформата 📚🧠

Преку заедничко учење, размена на искуства и практична работа, учесниците истражуваа нови методологии и пристапи што можат да се применуваат и онлајн и офлајн 🤝

Благодарни за заедничкото искуство и соработката со партнерите 💙
Humanistinen ammattikorkeakoulu (Humak), Università Cattolica del Sacro Cuore, Finis terrae, NAPOR - Nacionalna asocijacija praktičara/ki omladinskog rada, Πανελλήνιο Σωματείο Συμβούλων Νέων - Hellenic Youth Workers Association, Ninfea.

29/03/2026

Recap: not just moments, but momentum — bringing youth work closer to young people and strengthening those who make it happen 💡

🚀 Водите младинска организација или центар?Сакате да ги зајакнете своите лидерски вештини и да создавате поголем импакт ...
22/02/2026

🚀 Водите младинска организација или центар?
Сакате да ги зајакнете своите лидерски вештини и да создавате поголем импакт за младите?

Пријавете се на Онлајн Мастеркласот за лидери во младинска работа – дел од Erasmus+ проектот „Јакнење на лидерите во поддршка на младинската работа“.

✨ Што добивате?
✔ Практични алатки за управување и организациски развој
✔ Стратегии за одржливост и застапување
✔ Поддршка за акциски план во вашата организација
✔ Размена со лидери од Европа
✔ Бесплатно учество

📅 Февруари – Март 2026
🌍 Достапно на 8 јазици
🗓 Пријавување до 25 февруари 2026 (https://forms.gle/j4iENJcP8HC7B4yr6)

Не пропуштајте ја можноста да растете како лидер и да придонесете кон посилна младинска работа! 💡

🌍✨ На 4-5 февруари 2026, учествувавме на 2. партнерски состанок на Erasmus+ KA2 проектот “Strengthening Leaders to Suppo...
11/02/2026

🌍✨ На 4-5 февруари 2026, учествувавме на 2. партнерски состанок на Erasmus+ KA2 проектот “Strengthening Leaders to Support Youth Work” во Торино, Италија!

Дина ја претставуваше Сојуз за младинска работа, учествувајќи во сесии за дигитални обуки, дисеминација, одржлив бизнис модел и планирање на претстојните LTT активности.

Проектот, предводен од Zavod Mladinska mreža MaMa (SI), ги обединува партнерите од Естонија, Латвија, Шпанија, Италија, Финска и Северна Македонија, со цел јакнење на капацитетите на раководители во младинскиот сектор преку 5 дигитални тренинг модули на HOP платформата.

Следни активности: онлајн Master Class со 6 модули, LTT обука во Словенија во мај и национални мултипликатор настани. Проектот трае септември 2024 – август 2026 и придонесува за долгорочно подобрување на младинската работа во Европа!

🤝 Партнери:

#МладинскаРабота #ДигиталниОбуки #МеѓународнаСоработка

Почитувани партнери, членки, соработници, младински работници и пријатели,Ви посакуваме среќна, здрава и успешна Нова 20...
27/12/2025

Почитувани партнери, членки, соработници, младински работници и пријатели,

Ви посакуваме среќна, здрава и успешна Нова 2026 година! 🎉

Ви благодариме за поддршката, посветеноста и заедничката работа во изминатата година. Заедно создававме можности за младите, градевме партнерства и поттикнувавме позитивни промени.

Со нетрпение ја очекуваме 2026 година и новите идеи, проекти и успеси што нѐ очекуваат.

Среќни празници! 🎄✨

Со почит и најдобри желби,

Тимот на СМР. 🤍

📢 Вчера се одржа годишната Валоризациона конференција „Од идеја до влијание“, во организација на Национална агенција за ...
23/12/2025

📢 Вчера се одржа годишната Валоризациона конференција „Од идеја до влијание“, во организација на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност , посветена на резултатите, искуствата и влијанието на програмата Еразмус+ 🇪🇺.

💬 Преку панел-дискусии и презентации од образовниот и младинскиот сектор беа споделени инспиративни приказни, добри практики и визии за идниот развој на програмата, како и зајакнувањето на нејзиното влијание на локално и национално ниво.

🌟 Во рамки на конференцијата, Мартина Јачевска, како координаторка на проектот, го претстави “eQuality Youth Work for All“, кој #СМР го спроведе во партнерство со Mreža MaMa и NAPOR - Nacionalna asocijacija praktičara/ki omladinskog rada, со поддршка од Националната агенција. Проектот придонесе кон унапредување на еднаков пристап до младинска работа, со посебен фокус на младите од руралните средини 🏞️.

🏅 Препознавањето на резултатите од проектот од страна на Националната агенција претставува силна потврда дека вложувањето во инклузивна, квалитетна и достапна младинска работа носи реално општествено влијание — и е чекор напред за развојот на младинската работа во нашата земја. 👏

🙏 Голема благодарност до сите партнери, соработници и млади кои беа дел од оваа приказна.

🔗 Повеќе за проектот: eQYAL.com

#МладинскаРабота

🤔 Кој се грижи за младинските работници/чки додека тие секојдневно се грижат за младите? Ова прашање нè води веќе долго ...
10/12/2025

🤔 Кој се грижи за младинските работници/чки додека тие секојдневно се грижат за младите? Ова прашање нè води веќе долго време и токму затоа го започнуваме проектот „Guiding Youth Workers: Supervision for Growth“. 🙌

🤝 Во мисијата влегуваме заедно со нашите партнери од Ninfea, NAPOR - Nacionalna asocijacija praktičara/ki omladinskog rada и Institut društvenih nauka Beograd / Institute of Social Sciences Belgrade, со кои неодамна го одржавме и првиот подготвителен состанок.

🎯 Што сакаме да постигнеме?
Развој на структуриран и одржлив систем на супервизија кој ќе обезбеди:
✨ редовна поддршка,
✨ простор за рефлексија,
✨ зајакнување на компетенциите на младинските работници/чки,
✨ јасно позиционирање на нивната улога во организациите, мрежите и јавните политики — на национално и европско ниво.

Проектот е финансиран од Европската унија 🇪🇺 преку програмата Еразмус+, со поддршка од Fondacija Tempus.

💥EXCHANGE FORUM ON THE EUROPEAN YOUTH WORK AGENDA 2025 ✅🗣Изминативе неколку дена, Скопје беше домаќин на еден од најзнач...
04/12/2025

💥EXCHANGE FORUM ON THE EUROPEAN YOUTH WORK AGENDA 2025 ✅

🗣Изминативе неколку дена, Скопје беше домаќин на еден од најзначајните европски собири посветени на развојот на младинската работа.
📆Од 1 до 3 декември се одржа Exchange Forum on the European Youth Work Agenda 2025, настан кој собра повеќе од 80 учесници од Европа и соседните земји. 👏

💬 Форумот беше посветен на разгледување на тековниот напредок во спроведувањето на Европската Агенда за Младинска Работа и на размена на искуства од националните и локалните процеси. Во текот на тридневната програма, учесниците дискутираа за состојбите во своите земји, ги разгледаа резултатите од најновото истражување за EYWA процесите и се запознаа со практики што се применуваат ширум Европа.

🤝 Дополнително, учесниците дискутираа за тоа како европските механизми и ресурси можат да го поддржат понатамошниот развој на младинската работа. Разговорите опфатија и идни чекори, можни форми на соработка и зајакнување на врските помеѓу организациите, институциите и младинските работници. ✨

🙌 Горди сме што Скопје беше домаќин на овој важен форум и што придонесе кон процес кој ја зајакнува европската заедница на младински работници.

Growing Youth Work

💫 Запознајте го Стефан Момиќ – овогодинешниот добитник на стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“! 🗣 Со големо задов...
19/11/2025

💫 Запознајте го Стефан Момиќ – овогодинешниот добитник на стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“!

🗣 Со големо задоволство ви го претставуваме Стефан – млад човек кој со својата посветеност, искуство и љубов кон работата со млади ја освои највисоката оценка на овогодинешниот јавен повик.

💬 Стефан сака да ги продлабочи своите знаења преку постдипломските студии по младинска работа и по завршувањето да организира активности за млади во младински, културни или туристички центри. За него, младинскиот работник е медијатор меѓу младите и општеството – личност која им помага да го пронајдат своето место и да ги развијат своите потенцијали.

🙌 Стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“ сe доделува со цел да ја поддржи професионализацијата на младинската работа и да ја продолжи вредноста и духот на Биле — преку образование, хуманост и посветеност на младите.

👏 Честитки Стефан! Се радуваме на твоите идни успеси и придонеси во младинската работа! ❤️

Филозофски факултет - Скопје #СтипендијаБилјанаВасилевскаТрајкоска #МладинскаРабота

🥁 Со големо задоволство ви го претставуваме вториот добитник на стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“ – Стефан Мом...
13/11/2025

🥁 Со големо задоволство ви го претставуваме вториот добитник на стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“ – Стефан Момиќ од Скопје. 🙌

🗣 На јавниот повик пристигнаа 6 пријави, oд кои 5 кандидати успешно влегоа во финален процес на евалуација. По детално бодување според критериумите, Стефан Момиќ беше прворангиран со 81,3 поени и стана овогодинешен добитник на стипендија за постдипломски студии по младинска работа на Филозофски факултет - Скопје. 👏

🥳 Официјално му честитаме на Стефан и му посакуваме успешни студии, нови знаења и силен професионален раст во областа на младинската работа. 🍀

Стипендијата ја доделуваме по втор пат, во чест на Билјана Василевска Трајкоска – Биле, чија визија и посветеност кон младите и младинската работа продолжуваат да нè инспирираат. ♥️

👇 Прочитајте повеќе на линкот подолу.
https://smr.org.mk/2025/11/13/stefan-momikj-vtor-dobitnik-na-stipendija_bvt/

#СтипендијаБилјанаВасилевскаТрајкоска #МладинскаРабота

✨ Како да застапуваме за младинската работа и да го засилиме гласот на младите во општеството?6️⃣ Шестиот модул од нашио...
23/10/2025

✨ Како да застапуваме за младинската работа и да го засилиме гласот на младите во општеството?
6️⃣ Шестиот модул од нашиот Erasmus+ проект „Јакнење на лидери за поддршка на младинската работа“ е посветен на Застапување во областа на младите.

🗣 Преку оваа дигитална обука, лидерите и менаџерите во младинскиот сектор ќе научат како да:
🎯 Го разберат значењето на застапувањето во промовирање на младинските права и моќта на младите
📊 Ги идентификуваат клучните предизвици што ги засегаат младите, вклучувајќи образование, вработување и здравје
🗣️ Дизајнираат и водат влијателни кампањи за застапување кои создаваат значајни промени
🤝 Вклучат засегнати страни и применат техники на преговарање и градење консензус
💻 Користат дигитални алатки за подигање на свеста, мобилизација на поддршка и ефективна комуникација.

👉 Овој модул нуди практични алатки, инспиративни примери и стратегии за зајакнување на младинското застапување и зајакнување на лидерите за носење промени на локално, национално и меѓународно ниво.

🔗 Наскоро достапно на HOP платформата.

🤝 Проектот го спроведуваме во соработка со Mreža MaMa, Madiba Cooperativa Sociale Sosped-säätiö Eesti Avatud Noortekeskuste Ühendus Youth Leaders Coalition Neo Sapiens и Life Zone Group.

Indirizzo

Turin

Notifiche

Lasciando la tua email puoi essere il primo a sapere quando Сојуз за младинска работа/Union for Youth Work pubblica notizie e promozioni. Il tuo indirizzo email non verrà utilizzato per nessun altro scopo e potrai annullare l'iscrizione in qualsiasi momento.

Contatta L'organizzazione

Invia un messaggio a Сојуз за младинска работа/Union for Youth Work:

Condividi