Македонска мрежа на евалуатори/ Macedonian Evaluation Network -MEN

  • Home
  • Croatia
  • Zagreb
  • Македонска мрежа на евалуатори/ Macedonian Evaluation Network -MEN

Македонска мрежа на евалуатори/ Macedonian Evaluation Network -MEN Македонска мрежа на евалуатори е професионална мрежа на евалуатори.

23/04/2026

Улогата на националните системи за мониторинг и евалуација во подобрувањето на политиките и квалитетот на животот на граѓаните

Ниту една влада не функционира совршено. Иако многу влади имаат воспоставено механизми за континуирано подобрување за да се поттикнат подобри перформанси, Северна Македонија сè уште не постигнала суштински напредок во оваа област. Премногу често, не се вложуваат доволно напори за да се разбере зошто реформите, политиките или стратегиите не успеваат. Лекциите од неуспешните програми ретко се евидентираат систематски, а корективните мерки исто така, ретко се спроведуваат. Наместо тоа, како најлесно решение, властите често ја префрлаат вината на претходниците или на надворешните фактори, продолжувајќи го циклусот на избегнување на одговорност.

Прекинувањето на овој циклус бара структуриран пристап. Добро дизајниран национален систем за мониторинг и евалуација ја обезбедува потребната основа, служејќи како критичен двигател за подобрување на политиките и, следствено, подигнување на стандардите и квалитетот на животот на граѓаните. Преку систематско собирање, анализа и употреба на докази, властите можат да осигурат дека нивните стратегии се ефикасни и прават подобрувања, во форма на опипливи придобивки за граѓаните.

Од клучно значење е што системите за М&Е им овозможуваат на властите да го префрлат својот фокус од следење на активностите кон постигнување мерливи резултати што го подобруваат животот на луѓето. Оваа транзиција - позната како Управување базирано на резултати - Results-Based Management (RBM), гарантира дека политиките и програмите не само што се спроведуваат, туку се и ефикасни во обезбедувањето реални придобивки. Не секогаш спроведени програми значат и подобрување на состојбите. На пример, наместо едноставно да се брои бројот на изградени училишта, ефективниот систем за М&Е проценува дали пристапот до квалитетно образование е подобрен и дали резултатите на учениците се зголемени. Слично на тоа, следењето на бројот на лекари е помалку значајно од мерењето на подобрувањата во јавното здравство.

И покрај официјалните иницијативи за воведување на RBM во Северна Македонија, сè уште не е постигнат суштински напредок. Недостатокот на силен, институционализиран систем за М&Е значи дека владините стратегии честопати немаат насоки засновани на докази и капацитет за самокорекција.

Системите за М&Е зајакнуваат два критични столба: одговорност и транспарентност. Граѓаните, даночните обврзници и донаторите очекуваат јасни докази за користењето на ресурсите и постигнатите резултати. Националната рамка за М&Е обезбедува фактичка основа за да се покаже дека ресурсите се распределуваат ефикасно и за нивната наменета цел. Оваа транспарентност гради јавна доверба, ја поддржува довербата на донаторите и ја ограничува корупцијата или злоупотребата на средствата. Кога луѓето гледаат дека нивните даноци произведуваат реални, позитивни резултати, општествениот договор меѓу владата и општеството се зајакнува. Без ова, јавната доверба во властите неизбежно се намалува.

Покрај тоа, М&Е овозможува континуирано учење. Неуспесите на политиките и реформите често се повторуваат бидејќи не постои механизам за анализа зошто одредени мерки не функционирале. Не се анализираат причинско последичните врски кои се основ за планирање на реформите. Националните системи за М&Е воспоставуваат повратна информација, дозволувајќи им на властите да учат и од успесите и од промашувањата. Со разбирање што функционира и зошто, носителите на одлуки можат да ги адаптираат и усовршат политиките, осигурувајќи дека идните интервенции ќе се поефикасни и посоодветни на реалните потреби.

Друга значајна придобивка е промоцијата на креирање политики засновани на докази. Постои парадокс на постоење информации и нивно слабо користење. Системите за М&Е го премостуваат јазот помеѓу оние што генерираат докази и креаторите на политики кои треба да дејствуваат врз основа на нив. Иако често се достапни вредни информации, носителите на одлуки понекогаш не ги користат - предизвик што останува нерешен. Сепак, пристапот до сигурни податоци им овозможува на лидерите да донесуваат информирани одлуки за дизајнот, обезбедувањето ресурси и испораката на програмите. Ова е особено клучно за стратешко, долгорочно планирање, каде што разбирањето на основните причини на проблемите и предвидувањето на ризиците овозможува планирање на соодветни интервенции што ќе се справуваат со реалните причини, а не со површните симптоми.

За жал, во Северна Македонија, новите политики и реформи често се усвојуваат без правилно и целосно разбирање зошто претходните политики не успеале. Ова ја поткопува ефикасноста на реформите и ги троши вредните ресурси.

Институционализацијата на национален систем за М&Е во Северна Македонија е исто така од суштинско значење за усогласување со меѓународните стандарди, како што се оние утврдени од Европската Унија. Интегрирањето на следењето и евалуацијата во основните владини процеси обезбедува одржливо и континуирано подобрување, наместо спорадични или политички водени реформи.

На крајот на краиштата, најважната функција на националниот систем за М&Е е да се измери влијанието на владините интервенции врз квалитетот на животот на граѓаните. Кога владите користат докази за дизајнирање, спроведување и прилагодување на политиките, услугите стануваат соодветни на потребите, инфраструктурата се подобрува и ресурсите се управуваат поефикасно. Со текот на времето, ова води до зголемено задоволство на јавноста, намалена корупција, поинклузивен раст и вистински општествен напредок.

И покрај тоа што многу така сметаат, Националните системи за М&Е не се уште еден бирократски инструмент. Тие се основни рамки за учење, отчетност и подобро управување. Со вградување докази во секоја фаза од циклусот на политиката, овие системи помагаат да се обезбеди дека владините активности се претвораат во реални, мерливи подобрувања во животот на луѓето.

Mladite vo evaluacijatahttps://www.eval4action.org/_files/ugd/6bffc4_3a63e452c0d14585bf15843b419a6078.pdf MEN e clanka n...
04/03/2026

Mladite vo evaluacijata
https://www.eval4action.org/_files/ugd/6bffc4_3a63e452c0d14585bf15843b419a6078.pdf

MEN e clanka na https://www.eval4action.org/youth-in-International Organization for Cooperation in Evaluation -IOCE

A call to action to meaningfully engage youth and young evaluators in evaluation

Среќна Нова Година на сите пријатели на евалуацијата.
31/12/2025

Среќна Нова Година на сите пријатели на евалуацијата.

🚀 Network of Evaluation Societies in Europe (NESE) is launching an experience-sharing webinar series for Evaluation Soci...
19/11/2025

🚀 Network of Evaluation Societies in Europe (NESE) is launching an experience-sharing webinar series for Evaluation Societies/VOPEs (Voluntary Organizations for Professional Evaluation) to help generate best practices in this area.

🎯 The topic of the first webinar is Engaging and empowering young & emerging evaluators through VOPEs: what works and lessons learnt.

📍 Online Event
🗓 25 November 2025 / Tuesday
🕒 15:00–17:00 CET
🎟 Free Registration

Please join us during the webinar and share the information among your members!
Registration Link: https://lnkd.in/g4eRtSMP

Monika Bartosiewicz-Niziołek Ana Gabriela Aspuru Eguiluz Ana Kvintradze - Hardy Angela Wroblewski Sumpor Marijana Olha Krasovska

This link will take you to a page that’s not on LinkedIn

10/11/2025

Идентификувани потреби од студиската посета на држваните служебеници во Хрватска, а во врска со добивање на знаења за нивното иксуство од воведувањето и регулирањето на користењето на евалауцијата во носење на јавните политики.

Систематски пристап кон М&Е
Регулатива и политичка поддршка
Градење на капацитети
Професионализација на евалуацијата
Континуирана едукација и промоција
Јасна разлика помеѓу типови на евалуација

Препораките од патувањето се:

Меѓудржавна соработка и пренос на знаење
Институционално зајакнување
Развој на човечки ресурси
Правна и институционална рамка

ЗАКЛУЧОК од студиоското патување

Студиската посета овозможи практично учење од хрватското искуство и отвори можности за регионална соработка во воспоставувањето на сеопфатен и професионален систем за мониторинг и евалуација во Северна Македонија.
Посетените институции недвосмислено ја понудија својата помош во развојот на М&Е, искажувајќи ја потребата и бенефициите од нивната примена.
Следните чекори треба да се насочат кон институционализација на процесите, законско регулирање на евалуацијата и градење на капацитети за одржлива примена на М&Е во сите сектори на јавната администрација.

04/11/2025

Државен Завод за Ревизија ги вклучува мониторингот и евалуацијата во рамките на нивната стратегија за да се осигури дека јавните политики не само што се спроведуваат ефикасно, туку и дека ги постигнуваат посакуваните резултати и влијанија. Ова вклучува ревизија на успешност, која е фокусирана на проценка на економичноста, ефикасноста и ефективноста на јавните расходи и програми. Во овој контекст, мониторингот се однесува на континуирано следење на напредокот и перформансите на политиките, додека евалуацијата претставува систематска проценка на нивната релевантност, ефективност, ефикасност, влијание и одржливост.
ДЗР, исто така, ги користи овие алатки за да даде препораки за подобрување на јавните политики и управувањето со јавните средства, со цел да се зголеми вредноста за парите на даночните обврзници.
Овие препораки често се однесуваат на потребата од воспоставување на јасни индикатори за успешност, редовно собирање податоци и анализа на истите, како и спроведување на независни евалуации за да се процени вистинското влијание на политиките.

04/11/2025

Од Годишен Извештај на Државен Завод за Ревизија за 2024 година:

Надлежните институции не вршат евалуацијата на постигнатите ефекти од спроведените мерки и активности согласно утврдените индикатори, за навремена детекција и отстранување на слабости при управување со безбедноста во сообраќајот на патиштата.

Дадени се препораки за надминување и подобрување на состојбите во делот на правната и стратешката рамка за процесот на управување безбедноста во сообраќајот, зајакнување на човечките, финансиските и техничките капацитети на институциите, како и воспоставување на систем за мониторинг и евалуација на ефектите од спроведените активности.

04/11/2025

Градењето системи за следење и евалуација значително помага во зајакнувањето на управувањето во државата -
преку подобрување на транспарентноста, преку зајакнување на односите на одговорност и преку градење култура на перформанси и преку поддршка за подобро креирање на јавни политики, донесување буџетски одлуки и доброто управување.

Воведување на систем за Мониторингот и евалуацијата (М&Е) е исклучително сложен, мултидисциплинарен и интензивен потфат што бара сериозни вештини. Инсталација на целосен М&Е систем на ниво на целата држава е уште посложено бидејќи бара детално знаење и помеѓу секторите и во рамките на нив, како и за интеракциите меѓу функциите за планирање, буџетирање и имплементација во јавниот сектор.
Ситуацијата е уште посложена од аспект на децетрализација, со овластувања и функции дистрибуирани низ два нивоа на управување, централно и локално.
Токму овој вид на комплексна структура, со дифузни овластувања и функции, бара силни системи за М&Е за промовирање на координацијата и спречување на фрагментацијата.

31/10/2025

Dr. Risto Ivanov as a member of a pannel group about evaluation importance for effective public policies.

Address

Trg J. F. Kennedyja 7
Zagreb
10000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Македонска мрежа на евалуатори/ Macedonian Evaluation Network -MEN posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Македонска мрежа на евалуатори/ Macedonian Evaluation Network -MEN:

Share