16/06/2026
🇲🇰☦️🇷🇸
Најостро ги осудуваме неоснованите напади врз српската историчарка Јасмина Ќириќ, која со својот истражувачки труд и научна работа потврди дека голем број цркви и манастири во Македонија претставуваат дел од српското културно и историско наследство.
За тоа сведочат средновековните српски повелби, камените натписи, фреските и иконите на Немањиќите, Јован Владимир, Мрњавчевиќите, Дејановиќите и други српски владетели и властелини. Дополнителен доказ се старите гробишта околу манастирите, бројните молби и барања што црквите и манастирите ги упатувале до српските власти и династиите Обреновиќ и Караѓорѓевиќ, како и писмата на монаси и свештеници испратени до верници и духовни лица во Русија, во кои тие самите се претставуваат како црковни лица од српските земји, Охридската архиепископија и Пеќката патријаршија.
И тоа е само дел од историските извори кои сведочат за сложеното и повеќеслојно наследство на овие свети места.
Македонската православна црква е создадена по Втората светска војна во сосема поинакви историски и политички околности, а со децении беше надвор од единството со останатите помесни православни цркви.
Воедно, се поставува прашањето: ако одредени македонски бугарашки кругови тврдат дека овие цркви и манастири не се поврзани со српската историја, тогаш зошто се уништуваат или префарбуваат фреските на српските владетели и ктитори, и зошто се оштетуваат иконостаси и икони кои биле дарувани од династиите Обреновиќ и Караѓорѓевиќ?
Историјата не се брише со боја, ниту со чекан. Таа останува запишана во каменот, фреските, документите и колективната меморија на народите.
https://vestimak.mk/makedoni-a/vo-srede-skop-e-srpskata-istoricharka-asmina-kjirikj-gi-proglasi-makedonskite-czrkvi-vo-povardarieto-za-srpsko-kulturno-nasledstvo/?fbclid=IwdGRjcASeDDJjbGNrBJ4MLWV4dG4DYWVtAjExAHNydGMGYXBwX2lkDDM1MDY4NTUzMTcyOAABHnMqlYTvYh9M4EMzHoyF23WDzAcQhhdto-Ec8B6GVI2TpV7VhSnNlelrtj4N_aem_cfc4j0tuB_7rGyJ3bHlqdQ
Невиден скандал и директен напад врз македонското културно-историско наследство се случи викендов во главниот град! Српската историчарка Јасмина С. Ќириќ, без тро....