Makedonska Pravoslavna Crkva London

Makedonska Pravoslavna Crkva London Macedonian Orthodox Church - London

5 ОКТОМВРИ | СВЕТИОТ ПРОРОК ЈОНА 🐋Возљубени браќа и сестри во Христа,Денес, на 5 октомври, Светата Православна Црква го ...
05/10/2026

5 ОКТОМВРИ | СВЕТИОТ ПРОРОК ЈОНА 🐋

Возљубени браќа и сестри во Христа,

Денес, на 5 октомври, Светата Православна Црква го празнува споменот на светиот пророк Јона, Божјиот пророк чија книга ни сведочи за големата Божја милост, долготрпение и повик кон покајание.

По Божја заповед, Јона бил испратен во Ниневија да го објави Божјиот суд поради беззаконието на градот. Но, Јона побегнал од лицето Господово, не затоа што Божјата волја била нејасна, туку затоа што не можел да ја прифати милоста што Бог можел да ја покаже кон оние што се покајале. По неговото чудесно спасение од утробата на големата риба, Јона се покајал и ја исполнил својата пророчка служба.

Покајанието на Ниневијците, пак, ни открива дека Божјиот суд не е одделен од Неговата милост. Кога човекот вистински се обраќа кон Бога, Господ не се радува на неговата пропаст, туку на неговото спасение. ☦️

Сам Христос го посочува знакот на пророкот Јона како предобраз на Своето тридневно пребивање во гробот и Воскресението. Така, приказната за Јона не е само сведоштво за еден пророк, туку и откровение за Божјата промисла, покајанието и победата на животот над смртта.

Од светиот пророк Јона учиме дека не можеме да побегнеме од Божјата волја, ниту да ја ограничиме Неговата милост според нашите човечки мерила. Вистинското покајание не е само промена на зборовите, туку враќање на срцето кон Бога. 🙏

По молитвите на Светиот Пророк Јона, Господи Исусе Христе спаси ги нашите души и дарувај ни мир во нашите срца за да ја примиме Твојата Света и Боженствена волја. Амин!

30 СЕПТЕМВРИ | СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ, ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ 🕊️Возљубени браќа и сестри во Христа,Денес, на 30 сеп...
30/09/2026

30 СЕПТЕМВРИ | СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ, ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ 🕊️

Возљубени браќа и сестри во Христа,

Денес, на 30 септември, Светата Православна Црква го празнува споменот на светата маченичка Софија и нејзините три ќерки, Вера, Надеж и Љубов, кои во времето на римскиот император Адријан пострадаа за Христа и Го исповедаа Неговото свето име до самата смрт.

Софија, чие име значи мудрост, ги воспитала своите ќерки не само со зборови, туку и со живот во Христа. Верата, Надежта и Љубовта, иако уште биле деца, покажале дека вистинскиот живот не се мери со должината на земното постоење, туку со верноста кон Бога. ☦️

Нивното мачеништво сведочи дека Верата нè соединува со Христа, Надежта нè утврдува во ветувањето за Неговото Царство, а Љубовта го исполнува целиот живот во Бога. Токму затоа нивните имиња се и вечен образец на христијанскиот живот.

Од Света Софија и нејзините ќерки учиме дека христијанинот е повикан да ја сочува вистината на Евангелието и тогаш кога тоа бара жртва. Нивната победа не била победа над другите, туку победа на благодатта над стравот, на верноста над страдањето и на животот во Христа над смртта. 🙏

По нивните свети молитви, Господи Исусе Христе, помилуј нè и утврди нè во верата, надежта и љубовта. Амин!

Денес, во 17-тата недела по Педесетница, беше отслужена Света Божествена Литургија по повод големиот празник Воздвижение...
27/09/2026

Денес, во 17-тата недела по Педесетница, беше отслужена Света Божествена Литургија по повод големиот празник Воздвижение на Чесниот Крст (Крстовден).За време на богослужбата, покрај празничните молитви, се отслужи и молитва за Свети Фануриј благословување на фануропита како и молитва за благослов на учениците за успешна нова училишна година. Најважниот дел од Литургијата беше кога верниот народ пристапи кон Светиот Путир и се причести со Светите Христови Тајни (Телото и Крвта Христови), запечатувајќи го овој празничен и духовен ден со евхаристиска радост.Амин! За многу години нека е празникот и Господ да им даде мудрост и успех на сите ученици и студенти.

☦️ Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст ☦️Со благослов, MOYL и МПЦО Лондон ви го честитаат празникот на Воздвижениет...
27/09/2026

☦️ Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст ☦️

Со благослов, MOYL и МПЦО Лондон ви го честитаат празникот на Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, кој го празнуваме на 27 септември, како и споменот на Светиот Великомаченик Фануриј, молитвен застапник на учениците и студентите. 🙏🏻

Со овој празник го започнуваме новиот литургиски циклус. По тој повод, во чест на сите ученици и студенти, ги споделуваме тропарот и кондакот на празникот, молитвата кон Чесниот Крст, како и тропарот и молитвата кон Свети Фануриј.

Ги вклучивме и воведните молитви, молитвите пред и по учење, со надеж дека ќе им помогнат на сите ученици и студенти полесно да ги надминат предизвиците на академскиот живот и, преку молитвите на Свети Фануриј, да напредуваат и да се истакнат во своето образование. 📚🙏🏻

Во објавата ќе најдете и традиционален Византииски рецепт за Фануропита, која се приготвува дури од раните години на Црквата, во чест на Свети Фануриј и со молитва се принесувала за различни потреби, особено за помош и застапништво во тешкотии.

Свети Фануриј, како застапник на учениците и студентите, нека се моли за сите нас и нека ни помогне во секој наш труд. Ви посакуваме благословен почеток на новата учебна и академска година, успех во учењето и испитите, и пред сè, Божја мудрост и разумение.

На сите кои го празнуваат денешниот празник, како и оние кои го прославуваат својот именден и слава, им посакуваме среќен и благословен празник! ✝️🙏🏻

Христос е меѓу нас! Е и ќе биде! 💚

Што навистина значи да се биде свештеник во Православната црква? ☦️✨Лесно е духовниот авторитет да се помеша со световна...
25/09/2026

Што навистина значи да се биде свештеник во Православната црква? ☦️✨

Лесно е духовниот авторитет да се помеша со световната власт, но вистинското пастирско служење се темели на нешто многу подлабоко: смирение, саможртвување и постојана грижа за стадото. 🕊️

Свештеникот не е повикан да владее со луѓето како господар, туку да чекори покрај нив како духовен отец, и во најсветлите и во најтемните мигови. 🕯️🙏

Разгледајте ја галеријата погоре за да ја откриете суштината на пастирското служење: од тежината на духовната одговорност и канонските граници, па сè до тоа зошто вистинската вера секогаш ги надминува световните расправи. 📖❤️

🍁 Рождество на Пресвета Богородица 🍁Возљубени браќа и сестри во Христа,Денес, Светата Православна Црква со радост го пра...
21/09/2026

🍁 Рождество на Пресвета Богородица 🍁

Возљубени браќа и сестри во Христа,

Денес, Светата Православна Црква со радост го празнува раѓањето на Пресветата Дева Марија, Мајката на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.

Светото Евангелие не ни го раскажува нејзиното раѓање, но древното црковно предание, зачувано особено во Протоевангелието на Јаков, ни ја пренесува историјата на нејзините праведни родители, Светите Јоаким и Ана. Тие биле побожни и праведни пред Бога, но долги години останале бездетни. И покрај болката и укорот што го трпеле, не престанале да се надеваат на Господа и да Му се молат.

Тогаш, по Божја промисла, на Ана ѝ се јавил ангел Господов и ѝ благовестил дека ќе зачне и ќе роди дете, чие име ќе биде познато низ целиот свет. Јоаким исто така ја примил Божјата благовест, а по неговото враќање, Ана со радост го пречекала. Така, од нивната старост и неплодност, по Божјата благодат, се родила Марија, Пресветата Дева.

Но радоста на овој празник не се однесува само на едно семејство. Рождеството на Пресвета Богородица е почеток на исполнувањето на Божјиот домострој за нашето спасение. Од неа ќе се воплоти Христос, Сонцето на Правдата, Кој доаѓа да го победи гревот и смртта.

Затоа Црквата во Нејзините химни вели:

„Твоето рождество, Богородице Дево, радост му јави на целиот свет, зашто од тебе изгреа Сонцето на Правдата, Христос нашиот Бог.“

Со нејзиното раѓање, неплодноста на Јоаким и Ана се претвора во радост, а човечкиот род го прима оној преку кого ќе дојде Спасителот. Како што учи црковното богослужение, преку нејзиното Рождество се отвора патот кон благословот што ќе го донесе Христос, Кој ја укинува клетвата и ни дарува вечен живот.

Пресвета Богородице спаси не! ☦️🕯️

16та Недела по Педесетница🌿 Глас 7 • Свети Созон Киликиски • Рождество на Пресвета Богородица 🌿Возљубени браќа и сестри ...
20/09/2026

16та Недела по Педесетница

🌿 Глас 7 • Свети Созон Киликиски • Рождество на Пресвета Богородица 🌿

Возљубени браќа и сестри во Христа,

Денес, во 16. Недела по Педесетница, во Глас 7, кога Светата Црква го прославува Светиот маченик Созон Киликиски и празникот на Рождеството на Пресвета Богородица, верниот народ се собра во заедничка молитва за да ја прослави Света Заупокоена Литургија во чест и спомен на починатата наша сестра во Христа, Фросина.

Во љубов и вера, верниот народ се соедини во молитва, принесувајќи го својот спомен пред Господа и полагајќи ја надежта во воскресението и вечниот живот.

Нека Господ го прими нејзиниот дух во местото на живите, каде што нема болка, тага и воздишка, туку живот вечен. ☦️🕯️

Христос е меѓу нас!
Е и ќе биде! ❤️☦️

🕯️ Светиот Пророк Захарија и Праведната Елисавета 🕯️Возљубени браќа и сестри во Христа,На 18 септември, нашата Мајка, Св...
18/09/2026

🕯️ Светиот Пророк Захарија и Праведната Елисавета 🕯️

Возљубени браќа и сестри во Христа,

На 18 септември, нашата Мајка, Светата Православна Црква ги празнува Светиот Пророк Захарија, свештеник Божји, и неговата праведна жена Елисавета, од коленото Ароново.

Тие живееја побожно и непорочно пред Господа, но и покрај својата праведност останаа бездетни до длабока старост, полагајќи ја својата надеж во Бога. Додека Захарија служеше во Ерусалимскиот храм и принесуваше темјан, му се јави Архангелот Гавриил и му благовести дека неговата молитва е слушната и дека Елисавета ќе роди син, Јован, кој ќе биде Пророк, Претеча и Крстител на Господа.

Иако Захарија се посомнева во ангелското благовестие поради староста на двајцата, Божјото ветување остана непоколебливо. Елисавета зачна, а при посетата на Пресвета Дева Марија, младенецот Јован заигра во нејзината утроба, препознавајќи го со радост присуството на својот Господ.

Кога се роди Крстителот, Захарија напиша дека неговото име е “Јован”, и веднаш му се разреши јазикот. Исполнет со Светиот Дух, тој пророкуваше за доаѓањето на Спасителот: „Го посети и изврши избавување на народот Свој.“, сведочејќи за Божјото спасение и исполнувањето на ветувањето.

По Христовото Рождество, Захарија ја запечати својата вера со маченичка крв, одбивајќи да го открие местото каде што се наоѓал неговиот син Јован. Праведната Елисавета, пак, според црковното предание, продолжи да живее со Јован во пустината и таму мирно го предаде својот дух на Господа, оставајќи го Претечата под Божјата промисла.

Нивниот живот нè потсетува на верноста Божја, силата на молитвата и сигурноста на Неговите ветувања. Да се угледаме на нивната вера и да ја положиме нашата надеж во Господа, дури и тогаш кога Неговата волја не ни е веднаш разбирлива. ☦️🕯️

Свети Пророче Захарија и Праведна Елисавето, молете Го Бога за нас!

☦️

🕊️ Во спомен на нашата сестра во Христа, Фросина ИлиоскаСо голема тага ја примивме веста за упокојувањето на нашата возљ...
13/09/2026

🕊️ Во спомен на нашата сестра во Христа, Фросина Илиоска

Со голема тага ја примивме веста за упокојувањето на нашата возљубена сестра во Христа, Фросина Илиоска.

https://gofund.me/8a6a8a1b5

За оние кои сакаат да му помогнат на семејството, подолу го оставаме линкот за донација. Донирањето е целосно доброволно и нема никаква обврска.

Фросина беше сакана ќерка, мајка, пријателка и долгогодишен верен член на нашата парохиска заедница. Нејзината вера, добрина и љубов кон ближните ќе останат во срцата на сите што ја познаваа. По долго и тешко боледување, таа замина од овој живот со вера и надеж во Христовото Воскресение и вечниот живот.

Нека Господ Бог ја прости, нека ја упокои нејзината душа во место светло, место мирно, каде што нема болка, тага и воздишка, и нека ѝ дарува Царство Небесно. ☦️

МПЦО Лондон и MOYL упатуваат најдлабоко и најискрено сочувство до семејството и најблиските на упокоената Фросина.

Бог да ја прости и да ја упокои. Вечен ѝ спомен! ☦️🕯️

🕊️ Отсекување на главата на Свети Јован Крстител 🕊️Возљубени браќа и сестри во Христа,На денешен ден, Светата Православн...
11/09/2026

🕊️ Отсекување на главата на Свети Јован Крстител 🕊️

Возљубени браќа и сестри во Христа,

На денешен ден, Светата Православна Црква го одбележува чесниот и славен спомен на мачеништвото на Светиот Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован, синот на Светиот Пророк Захарија и праведната Елисавета, последниот од пророците на Стариот Завет и оној кој го подготви патот за доаѓањето на Спасителот.

Мачеништвото на Свети Јован започнало со една кратка, но безстрашна пророчка реченица: „Не ти е дозволено да ја имаш“ (Матеј 14:4). Пред царот Ирод, Свети Јован не премолчал пред гревот ниту се покорил на стравот од земната власт, туку ја изобличил неговата незаконита заедница со Иродијада. Неговото сведоштво било сведоштво на човек целосно предаден на Божјата вистина, за кого верноста кон Божјиот закон била поскапоцена од самиот живот.

Ирод го затворил Свети Јован, а подоцна, поради својата непромислена заклетва и по барањето на Иродијадината ќерка, заповедал неговата глава да биде донесена на сребрен послужавник (Матеј 14:6–11). Така, оној кој бил „гласот на оној што вика во пустината“ (Матеј 3:3), ја запечатил својата пророчка служба со маченичка крв.

Во Свети Јован се исполнува тајната на вистинското пророчко сведоштво: тој не само што го објавил доаѓањето на Христа, туку со својот живот и со својата смрт посведочил дека Христос и Неговата вистина се повредни од животот во овој свет. Како Претеча, тој стои на границата меѓу Стариот и Новиот Завет, покажувајќи кон Христа и повикувајќи го човештвото кон покајание: „Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно“ (Матеј 3:2).

Заради неговото свето мачеништво за Божјата правда, и тагата што ја доведе неговата смрт, на овој ден, Светата Православна Црква го одбележува мачеништвото на Свети Јован Крстител со строг пост, принесувајќи го овој ден како духовен повик кон покајание и кон очистување на срцето.

Славен Претечо моли се за нас! ☦️🕊️

Address

St Barnabas Chapel, Manette Street, Soho
London
W1D4AP

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Makedonska Pravoslavna Crkva London posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organisation

Send a message to Makedonska Pravoslavna Crkva London:

Shortcuts

Share