22/02/2026
📅 Мартина и Крис од 19-22 јануари учествуваа на тимски состанок за новиот партнерски проект „Младински гласови“ кој започна во септември 2025 во соработка со и .at поддржан од Еразмус+ програмата.
💫 „Младински гласови“ ќе креира платформа преку која ќе ги поврзе активното граѓанство и менталното здравје кај младите. Преку оваа платформа младите ќе можат да го искористат својот глас за да направат реални промени во своите заедници.
🔜 Следи нѐ за да дознаеш повеќе за следните активности (а ќе ги има многу) и како можеш да се вклучиш и ти!🤩