03/09/2026
СВЕТА АРХИЕРЕЈСКА ЛИТУРГИЈА
Недела, 6 септември 2026 година
Храм „Св. Петка“ – Дизелдорф
Божја благодат и духовна радост, во недела, 6 септември, во нашиот храм ќе биде отслужена Света Архиерејска Божествена Литургија.
09:00 часот – Утрена богослужба
10:00 часот – Света Архиерејска Божествена Литургија
Со Светата Литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен.
🌿 ВО 11:30 ЧАСОТ – „ДУХОВНА ПРЕОБРАЗБА“ 🌿
ПРЕДАВАЊЕ со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен
По Светата Литургија продолжуваме со духовната средба во рамките на серијалот „Духовна преобразба“.
Да го искористиме овој благословен ден заедно во молитва, духовна радост и заедништво, и да отвориме простор за една поинаква средба со верата, со себе и со Бога.
Нека ни биде овој ден за духовна полза, укрепување и благослов.
🇳🇱 🇩🇪
Возљубени во Христа,
драги браќа и сестри,
Со особена духовна радост ве известуваме дека Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Европски г. Пимен, во следните денови ќе чиноначалствува со Светата Архиерејска Божествена Литургија:
Сабота, 5 септември 2026 година
⛪️ МПЦО „Свети Стефан“ Утрехт 🇳🇱
✞ Света Архиерејска Литургија со почеток во 10:00 часот
📍 Адреса: de Jonghweg 2, Rossum
⸻
Недела, 6 септември 2026 година
⛪️ МПЦО „Света Петка“ Дизелдорф 🇩🇪
🕘 Утрена богослужба со почеток во 09:00 часот
✞ Света Архиерејска Литургија со почеток во 10:00 часот
По Светата Литургија, во 11:30 часот, ќе се одржи и духовно предавање во рамките на серијалот „Духовна преобразба“
📍 Адреса: Bachstr. 5,
40878 Ratingen, Germany
Ги повикуваме сите верници молитвено да земат учество во овие благословени богослужби и, соединети во љубовта Христова, заеднички да Му принесеме благодарност на Бога.
Нека Господ ги благослови овие духовни средби и сите што ќе земат молитвено учество во нив!
Христос посреде нас!
🇳🇱 Повеќе информации – Росум
https://mpee.mk/category/u-t-r-e-x-t
🇩🇪 Повеќе информации – Дизелдорф
https://mpee.mk/category/d-i-s-e-l-d-o-r-f-2