02/06/2026
Во просториите на Фондацијата „Никола Кљусев“ вчера се одржа значаен настан за поврзување на жени од Македонија и Азербејџан. Настанот беше организиран од Фондацијата „Никола Кљусев“, професорката Јорданка Галева од УГД Штип и Ајѓун Ахамадова, основачка на Унијата за поддршка, надоградување и едукација на жени од Баку, Азербејџан.
👠 На настанот, се обрати и претседателката Ана Дукоска, која ја претстави мисијата и активностите на здружението „Јас Сум Жена“. Таа се заблагодари за можноста да го презентира здружението и изрази подготвеност за идни соработки со претставничките од Азербејџан.
🤝 „Нашата визија е да градиме општество во кое женската солидарност и меѓусебната соработка ќе бидат двигатели на позитивни промени, наместо конкуренција. Веруваме дека преку заеднички иницијативи можеме да создадеме силна мрежа која ќе ја поддржува секоја жена во нејзиниот личен и професионален развој,“ истакна Дукоска.
Во време кога традиционалните вредности се соочуваат со постојани предизвици, ваквите иницијативи имаат особено значење. Поддршката и вмрежувањето меѓу жените не само што создаваат простор за размена на искуства и знаења, туку и ја зајакнуваат нивната улога во општеството. Женската солидарност и меѓусебната соработка се клучни за градење на силни заедници кои ќе ги штитат и афирмираат вредностите што ја одржуваат општествената стабилност и културниот идентитет.
Меморијален центар Никола Кљусев