04/10/2026
📢 ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
На 8 ноември 2026 година ќе се одржат изборите за членови на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија.
Право на глас имаат граѓаните кои се запишани во Посебниот избирачки список на македонското национално малцинство.
🔗 Проверете дали сте запишани во Посебниот избирачки список:
https://upit.posebanbirackispisak.gov.rs/
Доколку не сте запишани, имате можност да поднесете барање за упис во Посебниот избирачки список во општинската, односно градската управа според местото на живеење.
⏰ Рокот за упис е 23 октомври 2026 година.
Со навремениот упис го остварувате правото на 8 ноември да гласате за претставниците на македонската национална заедницакои ќе бидат избрани во Националниот совет за наредниот четиригодишен мандат.
Проверете го вашиот упис навреме и искористете го своето избирачко право. 🇲🇰
НАПОМЕНА: Упит у бирачки списак приказује податак о бирачком месту да ће бирач на изборима гласати према месту пребивалишта односно боравишта за интерно расељена ....