Белев Рид - Ново Село

Белев Рид - Ново Село Kontaktinformationen, Karte und Wegbeschreibungen, Kontaktformulare, Öffnungszeiten, Dienstleistungen, Bewertungen, Fotos, Videos und Ankündigungen von Белев Рид - Ново Село, Gemeinnützige Organisation, Belfaux.

Друштвото Белев рид НовоСело е формирано на 13.11.2021 во Belfaux,Fribourg
Името го ставивме по нашето свето место ридот каде што се наога Манастирот " Св антониј"
Манастирот се издига на рид на планината огражден , што се наоѓа над Ново Село, од каде се гледа панорама на целото село
на 05 мај на манастирот се одржуват и познатите "Ѓурѓовденски Средби"каде се најавува селската слава односно празн

икот Ѓурѓовден.
Манастирот во минатото бил попречуван од турците па така населението го градел во ноќта ,сега местото белев рид е комплетно уредено заедно со манастирот претставуват едно значајно место не само за ново село како општина ,туку и за цела Македонија,
Ако навратите во нашата општина,ви препорачуваме да го посетите ова убаво место во кое ке останите без зборови и ке посакате пак да се вратите...
Ние како друштво претежно иселеници ке се залагаме да помагаме колко што сме во можност на општината на самиот манастир и на луѓето кој се борат со маката и тешкиот живот
секој член е добредојден да ни помага и нам и самиот на себе правејки добри дела..

Со почит:Одбор и членови на Белев Рид Ново Село

ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК 13.06.2026Почитувани пријатели, сакаме да упатиме голема благодарност до сите гости кој бевте  дел од...
14/06/2026

ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК 13.06.2026

Почитувани пријатели, сакаме да упатиме голема благодарност до сите гости кој бевте дел од овој хуманитарен пикник ,до сите волонтери и членови вклучени во организацијата истиот да се реализира , до оркестарот Мераклии кој направија одлична забава и атмосвера.

-Како што најавивме бенефитот од овој пикник ке биде наменет за реновирањето на нашата црква "Св Ѓеорги Победоносец" во Ново село .

Да сте здрави и живи, поздрав до нашето следно дружење.

Од Срце Благодариме 🙏

Друштво Белев Рид ,Ново Село

13/06/2026
Дојдете денес и вкусите и јагнешко под вршник спремено од кирчо и здравко📍ROUTE DE MONTENA , ROSSENS FR
13/06/2026

Дојдете денес и вкусите и јагнешко под вршник спремено од кирчо и здравко

📍ROUTE DE MONTENA , ROSSENS FR

12/06/2026

Почитувани пријатели ,ние сме во тек со подготовките ,после долгото , облачно и ладно време еве конечно сонце 🌞 над Фрибург!!

За утре сонце и максимални 27C во Фрибург🌞
Што значи прекрасен ден за пикник

Ве очекуваме ,се гледаме!!

Почитувани сограѓани и пријатели,По повод пикникот што ќе го организира Друштвото Белев Рид на 13.06.2026 година, сакаме...
04/06/2026

Почитувани сограѓани и пријатели,

По повод пикникот што ќе го организира Друштвото Белев Рид на 13.06.2026 година, сакаме да ве повикаме сите заедно да се обединиме и да покажеме заедништво, солидарност и љубов кон нашето место.

Нашата цел е преку овој настан да придонесеме за една благородна кауза – поддршка на обновата и реновирањето на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Ново Село. Сите средства собрани од пикникот ќе бидат донирани за потребите на храмот.

Да бидеме сплотени, да ја покажеме силата на нашата заедница и заедно да помогнеме во зачувувањето на ова наше духовно и културно богатство.

Ве очекуваме во што поголем број!

Со почит,
Друштво Белев Рид

Почитувани сограѓани Македонци, полека ни доаѓат најтоплите месеци во годината а со нив и опасностите од пожари кој заче...
28/05/2026

Почитувани сограѓани Македонци, полека ни доаѓат најтоплите месеци во годината а со нив и опасностите од пожари кој зачестија исклучително во најтоплите месеци од годината по целата наша држава
Неодамна во Ново Село се формира тим од доброволци кој беа на праксна обука со струмичките пожарникари и се здобија со сертификати ,во меѓувреме добија и просторија во касарната во Ново село ,но сега најмногу им треба наша помош ,да бидеме хумани затоа што незнаеме каде,што и кај кој ке бидат од корист овие момци

НАЧИНИ НА ДОНИРАЊЕ

1.Може да донирате директно на нивната сметка која е подолу во објавата

2. На нашата сметка на Белев Рид со скенирање на QPR кодот ,со назнака донација за добротворно противпожарно друштво.

3. Со ТВИНТ на бројот 078 33 77 076 со назнака за донација на добротворно противпожарно друштво

За нас за иднината и за Македонија

🚨 ПОВИК ЗА ДОНАЦИЈА И ПОДДРШКА 🚨

Почитувани сограѓани, пријатели и хумани луѓе,

ДПД „Рис Оперативци“ Ново Село секојдневно активно работи на подготовка и уредување на просторијата за потребите на доброволното противпожарно друштво. Со многу труд, посветеност и волонтерска работа се создава функционален простор кој ќе биде во служба на граѓаните и заедницата.

За успешно завршување на активностите потребна ни е вашата помош и поддршка. Секоја донација — финансиска помош, градежни материјали, алат, опрема или друг вид поддршка — е добредојдена и од големо значење.

Со ваша помош заедно ќе создадеме:
✅ Подобри услови за функционирање на друштвото
✅ Поголема подготвеност и безбедност за граѓаните
✅ Простор кој ќе служи за хумани и доброволни активности
✅ Уште посилна и сплотена заедница

Ги повикуваме сите хумани луѓе, компании и институции да се приклучат и да дадат свој придонес.

Заедно можеме повеќе! ❤️🔥

Вашата подшрка можете да ја извршите овде ⬇️

Доброволно противпожарно друштво Рис Оперативци
Жиро сметка : 210078459360128
НЛБ Банка

Неделен празничен коктел и ручек со дел од членството и спонзорите на Белев Рид
22/02/2026

Неделен празничен коктел и ручек со дел од членството и спонзорите на Белев Рид

Adresse

Belfaux
1782

Telefon

+41766880693

Webseite

Benachrichtigungen

Lassen Sie sich von uns eine E-Mail senden und seien Sie der erste der Neuigkeiten und Aktionen von Белев Рид - Ново Село erfährt. Ihre E-Mail-Adresse wird nicht für andere Zwecke verwendet und Sie können sich jederzeit abmelden.

Teilen