Македонскиот павилион е организиран под покровителство на Македонската Црква Св Илија од Мисисага .Карасага/Carassauga е најголемиот мултикултурен фестивал во Онтарио и фтор по големина во Канада.На Карасага зимаат учествo 27 павилиони преставувајќи над 70 нации/земји ширум светот. Секој павилион/нација си ја представува својата земја со национална кујна ,фолкор, историја, традиција и култура .
Во 2015 година фестивалот Карасага достигна бројка од 338,721 посетители.Македонскиот Павилион имаше рекордна бројка од над 30.000 посетители ,2015 година ни беше прва година во новата локација во Херши Центарот ,судејки по задоволството кај гостите од минатата година оваа 2016 година очекуваме уште поголем број на посетители.
Македонскиот Павилион во 2015 година имаше чест да биде посетен од неговата Екселенција Македонскиот Амбасадор во Канада господинот Тони Димовски ,заменик Конзулот на Македонискиот Конзулат во Торонто госпоѓата Александра Стојкова и Градоначалничката на Мисисага госпоѓата Bonnie Crombie.
Македонскиот павилион е организиран под покровителство на Македонската Црква Св Илија од Мисисага ,на фестивалот земаат учество 5 играорни групи ,3 музички групи ,повеќе од 100 волонтери и над 45 спонзори на фестивалот.
Во трите денови на фестивалот гостите од Македонската заедница од Канада и гостите од другите националности што живеат во Канада имаа можност да ја осетат нашата гостољубивост ,култура ,традиција ,музика и оро .Преку нашите многубројни историски експонати ,видеозаписи и фотографии ја запознаа долгата историјата на Македонија.
Македонска “Кујната на Баба” беше преставена со нашите препознатливи низ светот национални специјалитети ,сарма,мусака,графче тафче,ќебапи,плескавици,бурек,ајвар,лутеница,баклава,тулумби,еклери и се разбира на крајот залиено со квалитетно Македонско црвено и бело вино.
Карасага оваа 2016 година ќе се одржи на 27,28 и 29 Мај ,очекуваме голема подршка од Македонската заедница во Канада ,сите заедно сплотени да ја представиме пред светот и Канада нашата татковина МАКЕДОНИЈА во најубавото светло .
За повеќе информаци ,волонтирање или спонзорирање на Македонскиот Павилион јавете се кај. Chairman: Боби Боне Темелков (416) 420 3177 – facebook Bobby Temelkov -Makedonska Nacija
Co-Chairman: Васил Грковски (416) 949 3564 –Facebook Vasil Grkovski