26/11/2025
Да почнеме со позитивни вести, бидејќи она што следи се експлозивни и прилично опасни вести од тимот на Отпишани ;)
ви го споделуваме Фране Селак, а после него има ногу такви шо се со поимот Селак ;)
НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ
Најсреќниот човек во историјата, според списанието „Дејли Телеграф“, е Хрватот Фране Селак.
Во 1962 година, тој бил во воз кој излетал од шините и паднал во река. 17 лица загинале, но Селак успеал да стигне до брегот.
Во 1963 година, тој паднал од авион DC-8 бидејќи вратата случајно се отворила за време на летот. Авионот се урнал, загинале 19 патници, но Фран преживеал.
Во 1966 година, тој допливал до брегот кога автобусот во кој патувал паднал во река.
Во 1970 година, тој успеал да излезе од запален автомобил буквално неколку моменти пред резервоарот за гориво да експлодира.
Во 1973 година, тој ја изгубил речиси целата коса поради неисправна пумпа за гориво која прскала бензин директно врз загреаниот мотор на неговиот автомобил.
Во 1995 година, бил удрен од автобус, но човекот преживеал само со полесни повреди.
Во 1996 година, тој излетал од планински пат, но успеал да скокне од автомобилот. Го спасило дрво, за кое се фатил.
Неколку дена по неговиот 73-ти роденден, Селак освоил џекпот од околу 900.000 евра.