ФИЗП Информација и заштита на природата

  • Home
  • Bulgaria
  • Sofia
  • ФИЗП Информација и заштита на природата

ФИЗП Информација и заштита на природата Фондација “Информација и заштита на природата” од Скопје

Address

Sofia
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ФИЗП Информација и заштита на природата posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to ФИЗП Информација и заштита на природата:

Share

Природните ресурси се обновливи, но не и неисцрпни!

Поради богатата биолошка разновидност, шумите и сродните екосистеми во Република Северна Македонија претставуваат важен извор на диви видови, заради што собирањето медицински и ароматични растенија, печурки, лишаи и бројни шумски плодови од природата има традиција која се применува и практикува стотици години. Воедно дивите видови растенија и габи имаат важна улога во егзистенцијата за многу семејства, особено во планинските региони. Зачувувањето на екосистемите е од заеднички интерес за сите, за субјектите кои управуваат со ресурсите, за локалното население и сите граѓани на Република Северна Македонија. Во моментот институциите кои се одговорни за одржливо управување со нив се соочуваат со големи предизвици да го најдат балансот бидејќи овие природни ресурси се обновливи но не и неисцрпни. Фондацијата „Информација и заштита на природата”- ФИЗП од Северна Македонија ја спроведува втората фаза од проектната активност поврзана со идентификување на квоти за одржливо користење на диви видови растенија, кои се имплементираат во рамки на проектот „Постигнувањето на заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитените подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање за користење на земјиштето”. Проектот е финансиран од Глобалниот фонд за животна средина, се спроведува преку Програмата за животна средина на ОН, главен партнер и корисник е Министерството за животна средина и просторно планирање.

Целта на проектната активност е да се тестираат дел од предложените мерки за мечкиното грозје, за кое веќе се предложени квоти за одржливо користење, со активно вклучување на засегнатите институции, но и локалните собирачи. Покрај тоа, во рамки на оваа проектна активност ќе се одвиваат и промотивни активности за правилно собирање и користење на дивите растенија.