20/08/2026
🌱 Една мала навика може да направи голема промена!
Приклучи се на онлајн предизвикот #МојатаМалаЗеленаНавика и избери една зелена навика што ќе ја практикуваш 7 дена по ред. 💚
💧 Користи шише за повеќекратна употреба
💡 Исклучувај ги непотребните светла
♻️ Селектирај го отпадот
🛍️ Избегнувај пластична амбалажа
🚶 Пешачи на кратки растојанија
🌱 Или избери друга зелена навика по твој избор!
Возраст од 16-30 години.
📸 Споделувај фотографии, видеа, Reels или Stories од твојот предизвик и користи го хаштагот #МојатаМалаЗеленаНавика.
🏆 А најпосветените ги очекуваат одлични награди!
🇮🇹 Првите двајца учесници ќе добијат патување во Италија и можност да учествуваат во градинарски работилници.
🎒 Следните тројца учесници ќе добијат зелен пакет со платнено ранче, шише за вода и тефтер.
Не мора да направиш сè одеднаш. Доволно е да започнеш со една мала навика. 🌿
Мала навика денес. Голема промена утре.
Повеќе за проектот тука:
https://tinyurl.com/mrxhkax2
Онлајн кампањата се спроведува во рамките на проектот Youth Rock, Let’s Roll се спроведува во рамки на иницијативата Gear-UP!, координирана од Adriatic Ionian Euroregion/ Јадранско-јонската еврорегија (AIE) и кофинансирана од Европската Унија преку програмата EU DEAR. Веб-страницата и нејзината содржина, како и изразените ставови, се единствена одговорност на ЦМА КРИК и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на Европската Унија или на Јадранско-јонската еврорегија (AIE). Ниту Европската Унија ниту AIE не можат да бидат одговорни за нив.
#КРИК