23/09/2026
Местата за првата група за поддршка за родители се пополнети.
Ви благодариме на сите родители кои се пријавија и ни ја дадоа довербата да бидеме дел од овие разговори.
Првата група започнува на 6 октомври, а во следните шест недели ќе разговараме за комуникација, граници, анксиозност, дигиталниот свет, социјалниот притисок и грижата за себе како родители.
Добивме поголем интерес од бројот на места што ги имаме во оваа група. Доколку сте заинтересирани за следна група, можете да ни оставите контакт на https://linkacross.org/grupa-za-poddrshka
Родителството на деца од 10 до 15 години знае да донесе многу нови прашања поврзани околу комуникацијата, границите, телефоните и социјалните мрежи, анксиозноста, промените во расположението и притисокот од средината.
Затоа, во соработка со психологот и семеен и системски психотерапевт Александра Петровска организираме група за поддршка за родители.
Ќе имаме 6 средби, еднаш неделно, секој вторник во 18:00 часот, во просториите на ЛинкАкрос.
📅 Почеток: 6 октомври
⏱ 90 минути
📍 ул. Хелсинки 47А/1-5
Бројот на места е ограничен.
Пријавете се на: https://linkacross.org/grupa-za-poddrshka.