21/10/2026
🇲🇰🧠 Македонија за прв пат на Светското квиз првенство!
Македонската Kвиз Aсоцијација (МКА) за прв пат во своето постоење ќе има свои претставници на најголемиот квиз настан во светот, Светското квиз првенство кое што ќе се одржи следниот викенд во Сараево. Ова е историски момент, бидејќи за прв пат македонската репрезентација ќе ги одмери силите со најдобрите квизаџии на светот.
МКА е волонтерска организација со минимален буџет. Затоа нашите натпреварувачи сами ги покриваат трошоците за [патување, сместување и котизација]. Тука ни е потребна вашата поддршка.
🤝 Ги повикуваме сите општествено одговорни компании и институции што сакаат да станат дел од оваа приказна да нè контактираат во приватна порака или на [email protected].
Секоја помош е добредојдена. Да го ставиме македонското име на светската квиз мапа! 🌍