ICTM National Committee of Macedonia/ИСТМ Национален комитет на Македонија

Contactar a organização

ICTM National Committee of Macedonia/ИСТМ Национален комитет на Македонија International Council for Traditional Music/Меѓународен Совет за Традицио?

Одличен настап на претставници на ICTM National Committee of Macedonia/ИСТМ Национален комитет на Македонија на 10th Sym...
29/09/2026

Одличен настап на претставници на ICTM National Committee of Macedonia/ИСТМ Национален комитет на Македонија на 10th Symposium of the ICTMD Study group on Music and Dance in Southeastern Europe кок се одржа во Виена на University of Music and Performing Arts.
Македонија достојно го следи развојот на светската наука.
Благодарност до организаторите и учесниците од Македонија, почитуваните колеги од ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ - Скопје, Даниел Петровски,
Велика Стојкова Серафимовска, Александра Кузман и Мелита Ивановска.
Со задоволство најавуваме дека едногласно се одлучи следниот Симпозиум на студиската група да се одржи во Македонија, во септември, 2028.

Вмрежување, споделување на знаење и искуства, учење на различни традиционални форми и механизми за нивно зачувување се д...
02/07/2026

Вмрежување, споделување на знаење и искуства, учење на различни традиционални форми и механизми за нивно зачувување се дел од проектот во рамките на програмата Erasmus+ DigitICH во кој учествува ICTM National Committee of Macedonia/ИСТМ Национален комитет на Македонија како партнер заедно со организации од Латвија, Естонија, Финска, Словачка, Португалија, Хрватска, Италија и Грузија.
Од 24 до 17 јуни ја посетивме општината Idanha-a-Nova која се наоѓа на самата граница помеѓу Португалија и Шпанија, општина исклучително богата со културно и природно наследство и дел од УНЕСКО-вата мрежа на креативни градови. Покај посетите, организаторите овозможија интересни и едукативни презентации за дигитализацијата во областа на нематеријалното културно наследство на регионот и во Португалија.
Во рамките на посетата бевме дел и од World music Eco Festival каде покрај интересните музички перформанси од Европа и светот, имавме можност да претставиме и дел од македонската музичка традиција.🎶🇲🇰
Запознавањето на други култури не збогатува, но и ја зголемува почитта кон различните културни експресии.
🎶❤️🇲🇰🇱🇻🇭🇷🇪🇪🇵🇹🇸🇰🇮🇹🇬🇪🇫🇮❤️



16/07/2025

Дел од атмосферата на Kaunstinen Folk Music Festival. Разноликост на музика од целиот свет!

Во рамките на проектот Erasmus+ „DigitICH“, во периодот од 9 до 13 јули, претставничките на Националниот комитет на Маке...
16/07/2025

Во рамките на проектот Erasmus+ „DigitICH“, во периодот од 9 до 13 јули, претставничките на Националниот комитет на Македонија, проф. д-р Велика Стојкова Серафимовска и проф. д-р Александра Кузман, активно учествуваа на четвртиот интернационален настан на проектот, организиран од страна на партнерската институција – Финскиот институт за народна музика, како дел од реномираниот Фестивал на фолклорна музика во Каустинен (Kaustinen Folk Music Festival), Финска.

Фестивалот претставува најзначајна културна манифестација од областа на традиционалната музика во нордискиот регион и е препознаен како една од водечките европски платформи за интеркултурна размена, афирмација и промоција на нематеријалното културно наследство. Со речиси шестдецениска традиција, фестивалот во срцето на Централна Остроботнија обединува над 3000 изведувачи од целиот свет на речиси 30 сцени, нудејќи разновидна програма што се одвива од раните утрински часови до доцна во белите ноќи.

Претставниците од Македонија, како дел од партнерската мрежа на проектот, имаа привилегија да ја презентираат македонската музичка традиција преку низа активности:
✅️ Презентација на македонското нематеријално културно наследство во рамките на "Living Heritage Point";
✅️ Интерпретација на македонски народни песни како дел од "Cultural Spaces Concert";
✅️ Предавање на проф. д-р Велика Стојкова Серафимовска во рамките на "ICH Academy" во организација на Finish Folk Music Institute на тема: „Македонската традиционална музика како нематеријално културно наследство“;
✅️ Практична работилница за традиционално македонско пеење во рамките на "Folk Singing and Dancing Workshop".

🎯 Присуството на ваков обемен и тематски фокусиран фестивал, кој паралелно нуди концерти, предавања, работилници, трибини и активности за сите возрасти, претставува исклучително значајно искуство за размена на знаења, градење мрежи и културна соработка. Горди сме што ја претставивме македонската музичка традиција на европска сцена, придонесувајќи кон основните цели на програмата Erasmus+ и сме благодарни за поддршката од Европската Унија.

📸

14/04/2025

Денес е „Лазаревеа сабота“

Подвижниот празник, кој се празнува осум дена пред Велигден, се празнува како „Лазарева сабота“, „Лазарица“, „Лазарден“, „Свети Лазар“ или „Лазара“. Во некои предели, со оглед на тоа што на овој ден оделе на гробишта, на задушница, празникот се среќава и како „Лазаречка“, односно „Лазарева задушница“, „Лазаречки мртвен“ или „Задушница на Лазарева сабота“.

Празникот се доведува во врска во привременото напуштање на душите од починатите во „светот на мртвите“, портите од оној свет за душите на умрените да можат одредено време да дојдат и да престојуваат во светот на живите.
На овој празник, во повеќе предели во Македонија, девојките кои биле стасани за мажење се организирале во обредни групи кои биле познати како „лазарке“, „лазарице“, „лазаринки“, „лазарки“ или „лазарици“ во зависност од пределот.

Карактеристично за лазарките е тоа што претставувале исклучително женски обредни дружини, со исклучок на Струга, Вевчани и околината, каде што на овој празник, освен женски, имало и машки обредни дружини.
Овие женски обредни дружини се подготвувале неколку седмици пред празникот, за да ги вежбаат песните што ќе ги пеат. Најчесто, биле составени од 6 до 8 девојки, но имало случаи кога овие обредни дружини биле значително поголеми. Овие обредни поворки оделе од куќа на куќа и пееле пригодни песни, а притоа биле дарувани од домаќините.

Пред неколку години нашите колешки проф. д-р Родна Величковска и проф. д-р Катерина Петровска Кузманова објавија книга „Лазарската обредно-пејачка традиција во Македонија“ во дигитално ЦД издание, во која се обработени женските обредни поворки кои претствуваат дел од традицијата во којa обредните дејства се во тесна врска со песната што ги следи.

Во продложение издвојуваме една фотографија од Архивот на институтот, на која се фотографирани Лазарки од село Штука, Струмичко. Фотографијата е направена во седумдесеттите години на XX век од Иван Котев.

14/04/2025
Проектот посветен на дигитализација на нематеријалното културно наследство, поддржан од Erasmus+ програмата продолжува, ...
04/04/2025

Проектот посветен на дигитализација на нематеријалното културно наследство, поддржан од Erasmus+ програмата продолжува, овој пат во Грузија.
Прекрасни искуства, емоции и пријателства. 🎶❤️

Endereço

Idanha-a-Nova

Website

Notificações

Seja o primeiro a saber: enviamos-lhe um e-mail quando ICTM National Committee of Macedonia/ИСТМ Национален комитет на Македонија publicar novidades e promoções. O seu endereço de e-mail não será utilizado para nenhum outro fim e pode cancelar a subscrição a qualquer momento.

Contactar A Organização

Envie uma mensagem para ICTM National Committee of Macedonia/ИСТМ Национален комитет на Македонија:

Atalhos

Partilhar