И Јас Сум - ИЈС / I AM TOO

И Јас Сум - ИЈС / I AM TOO И ЈАС СУМ - Здружение за поддршка и развој

Преку акции за светот во нас и околу нас до зголемена колективна свест, хумано срце и просветлен ум.

Граѓанската иницијатива И ЈАС СУМ (ИЈС) е покрената од мотивирани граѓански активисти од Неготино со цел да преку креативен активизам ја зголемат општествената и граѓанската одговорност кај граѓаните.
Активистите се потпишани да работат и функционираат според следните принципи: Независност/ непристрасност, Еднаквост/ сплотеност , Недискриминираност, Волонтеризам , Креативност и Одговорност (општес

твена и граѓанска).

Главната мисија на ИЈС се спроведува преку три главни домени: Социоекологија, Едукација и Хуманитарни активности

ИЈС е отворенa за сите граѓани, кои сакаaт да бидат дел од позитивната промена во општеството.

🌞 И Јас Сум – дете на сонцето.Дел од целото.Во 2025 година, И ЈАС СУМ беше повеќе од иницијатива - беше заедница. Заедни...
10/04/2026

🌞 И Јас Сум – дете на сонцето.
Дел од целото.

Во 2025 година, И ЈАС СУМ беше повеќе од иницијатива - беше заедница. Заедница на луѓе кои негуваат исти вредности и веруваат дека секоја вистинска промена започнува одвнатре, со намера да ја подигнеме колективната свест.

Ги поставивме темелите на програмата „И ЈАС СУМ ХЕРОЈ“, создавајќи простор за 7 херои да блеснат на својата сцена наречена живот. Со мала поддршка, но со голема верба, ги потсетивме дека не само што имаат крилја - туку веќе знаат и да летаат.

Така, Бети ја создаде својата нова колекција ташни, Лори го опреми своето студио за масажа, Драгана ја објави својата книга „Јети во сон“… и уште многу други приказни кои тивко, но силно ја менуваат реалноста.

Го продолживме и проектот „ИНклузиЈАС“, кој расте со години, а оваа година беше поддржан од РЕСИС. Заедно, чекориме кон општество во кое пристапноста не е привилегија, туку право - и стануваме глас за оние што предолго биле неслушнати.

И надвор од зборовите, чувствуваме дека во ИЈС градиме еден поинаков универзум простор во кој има смисла. Простор на исти вредности, исти соништа и заедничка намера: да се присетиме кои сме, за да можеме вистински да бидеме дел од целото.

✨ Пред нас е 2026 - со уште повеќе љубов, свесност и храброст.

Со љубов,
Тимот на И ЈАС СУМ 🤍

08/04/2026

⚠️Од незнаење, младите често се впуштаат во „игри“ за краткотрајна среќа, кои можат да остават трајни последици врз нивниот живот — последици за кои во моментот не се свесни.

🌍Овие појави не влијаат само на поединецот, туку и на општествената култура, како и на градењето на социјалните и семејните вредности.

📉Кога околината ваквото однесување го прикажува како нормално, младите уште полесно го прифаќаат, водени од краткорочното чувство на задоволство.

🧭Затоа, враќањето и зајакнувањето на вредностите кои придонесуваат за целосен личен развој е приоритет. Образованието има клучна улога во овој процес, а семејната едукација, јавната свест и институционалната одговорност претставуваат три столба за поддршка на младите во вистинска насока.

🤝Љубица Стојановска е активистка во здружението „И Јас Сум“, со посветеност за поттикнување на свесноста за лична и општествена одговорност.

🔗Целата сторија за оваа актуелна тема е на ЛИНКОТ ВО КОМЕНТАР

06/04/2026

🎰Игрите на среќа за голем дел од младите стануваат секојдневие. Љубопитноста, досадата или идејата за брза заработка лесно ги вовлекуваат во круг од кој тешко се излегува.

🚨9 од 10 средношколци од Валандово потврдија дека биле во обложувалници. Најчесто веднаш по училиште.

⚠️Експертите предупредуваат дека обложувањето станува социјален „ритуал“. Младите се постојано изложени на раскошни реклами за спортско обложување и казина - на телефон, на телевизија или на билборди.

⭕ Целата сторија прочитајте ја на #Локалактив

Среќен Светски ден на лицата со Даунов синдром 💛💙Денес потсетуваме дека секој човек има свое место, свој ритам и свој на...
21/03/2026

Среќен Светски ден на лицата со Даунов синдром 💛💙

Денес потсетуваме дека секој човек има свое место, свој ритам и свој начин да биде дел од светот, и тоа е доволно.

Горди сме што минатата година, преку „И Јас Сум Херој“, поддржавме две херојки - Бети и Антонија, кои со својата искреност и присутност оставаат трага.

И Јас Сум - таму каде што секој е виден, прифатен и вреден. 💛💙

На 25.02.2026 г. во Кавадарци, на состанокот предводен од Институтот РЕСИС, разговаравме за тековните и новите проекти п...
02/03/2026

На 25.02.2026 г. во Кавадарци, на состанокот предводен од Институтот РЕСИС, разговаравме за тековните и новите проекти при пишување стории и застапување на граѓанските потреби што заслужуваат внимание.

Во последните две години тимот на - И Јас Сум, заедно со Институтот РЕСИС, напишаа две истражувачки стории за лицата со попреченост и лицата со МДАМ во Вардарскиот регион.

Денес - ИЈС работи на проектот за застапување „ИнклузиЈАС“ во Вардарскиот регион и на нова истражувачка сторија за влијанието на игрите на среќа кај младите и поврзаноста на образованието со однесувањето кај младите во Валандово.

Повеќе за настанот одржан во Кавадарци 👇

✨ Благодариме за соработката и заедничкото застапување на гласот на граѓанинот.

👥 На состанокот на Локал Актив Вардар во Кавадарци зборувавме за нови стории што ги засегаат граѓаните!

🎙️Планираме уште поактивна соработка меѓу искусни и млади новинари — затоа што локалните теми заслужуваат глас и внимание!

💪 Преку проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанско општество“, поддржан од Цивика мобилитас, следуваат нови содржини и уште повеќе стории од јавен интерес.

Прочитај повеќе 👉🏼 https://resis.mk/vesti-i-nastani/194-novi-storii-na-vazni-temi-od-lokalno-znacene-sostanok-na-lokal-aktiv-vardar-vo-kavadarci

---------
RESIS Institute | Совет за етика во медиумите на Македонија/The Council of Media Ethics | Civica Mobilitas | Embassy of Switzerland in North Macedonia

21/02/2026

💫 #БидиГласен #БидиСвој #ТиСиХерој

Новиот повик за грантирање и менторска поддршка за таленти и оддржливи идеи за реализирање, трае до 03.03.2026.

Отворен е за сите граѓани во Македонија.
Предност имаат:
-млади до 29 г,
-лица со попреченост и
-лица од ранливи категории.

Информации и аплицирање преку линкот во био:
https://forms.gle/tuazrGcMrJXzmMwK8

Здружението „И ЈАС СУМ“ го отвора повикот за грантови до 18.000 денари во рамки на програмата „И ЈАС СУМ ХЕРОЈ“ за 2026 ...
02/02/2026

Здружението „И ЈАС СУМ“ го отвора повикот за грантови до 18.000 денари во рамки на програмата „И ЈАС СУМ ХЕРОЈ“ за 2026 година.

Ако си го препознал својот дар и имаш конкретна идеја како да го развиеш — ова е простор за тебе.
Покрај финансиска поддршка, добиваш и менторска поддршка и следење на твојот развој.

👉 Отворено за сите граѓани во Македонија
Предност имаат: млади до 29 г, лица со попреченост и лица од ранливи категории.

📅 Рок: 03.03.2026
👉 Аплицирај преку линкот
https://forms.gle/tuazrGcMrJXzmMwK8

Биди гласен. Биди свој. ТИ СИ ХЕРОЈ.

По 6 години адаптирање на тротоарите во Неготино… 🧑‍🦽 Навидум едноставна, а во пракса комплицирана мисија да се спуштат ...
24/01/2026

По 6 години адаптирање на тротоарите во Неготино… 🧑‍🦽

Навидум едноставна, а во пракса комплицирана мисија да се спуштат тротоарите за 26 лица со телесен инвалидтет, од кои 16 се деца во Неготино (како и за слепи лица, деца во колички, лица со колички за пазарање итн.).

ИЈС тимот,во рамки на проектот ИНклузиЈАС направи тестирање на тротоарите од Градска порта до Спортската сала „Младост“.

Прогрес има – но вистинска пристапност сè уште нема ❌.

⚠️ Најголем дел од тротоарите имаат превисок наклон и заб/пречник на рабникот и на додадениот малтер, кои го прават движењето небезбедно – особено за лица со мануелна количка.

Од Локалната самоуправа известија дека проблемот е кај изведувачот, кој е казнет со 10% поради овој пропуст.

ИЈС испрати детален извештај со детектирани проблеми и понудени решенија до кабинетот на градоначалничката.

ИЈС бара ИТЕН план за поправка.
Дали и новите тротоари ќе останат без рампа за лицата со попреченост? ❓
Ако е инклузија – нека биде реална! 💪✨

10/01/2026

ОНЛАЈН РАБОТИЛНИЦА – „ЈАС СУМ“

📅 14.01.2026 – Среда
⏰ 20:00 – 21:00 | Google Meet

Вклучи се тука или преку линкот во био: https://meet.google.com/iow-aqwo-hdf

Слободно вклучување за секого кој чувствува дека е време посвесно да се поврзе со Себе.

Свесноста е безвремена, слободна и без граници. Поврзувањето со животните предизвици и односот со Себе, кај секого поединечно ги активира сетилата како компас за себерегулација.

Приливот на мноштво информации, барањето начини за справување и прашањата за одговори, во темпото на денешниот живот, нè ставаат во лавиринтот кон целта да се разбереме себеси.

Секој миг остава траги, во телото, во мислите, во емоциите, во одлуките.

Свесноста ги открива и нè води кон Себе.
Таму вистината е лична и искрена, ја враќа автентичноста во животот што го споделуваме и е дел од заедницата.

#Свесност #Исцелување #Развој

2025 ја завршивме со поддршка на уште еден херој од програмата И Јас Сум Херој. Со овој грант го поддржуваме Кан во него...
05/01/2026

2025 ја завршивме со поддршка на уште еден херој од програмата И Јас Сум Херој.

Со овој грант го поддржуваме Кан во неговата љубов кон музиката, поттикнувајќи го да учи, вежба и да го развива својот талент преку часови со професор по музика.
Ова е четвртиот херој што го поддржавме годинава да ја реализира својата идеја и секоја приказна ни потврдува дека херојството се гради со поддршка, труд и верба.

Биди дел од промената – донирај и помогни да им дадеме ветер во грб на нашите идни херои!

Здружение “И Јас Сум”
Број на сметка: 210077563800159
Банка: НЛБ
Цел на дознака: Поддршка на И ЈАС СУМ

29/12/2025

26.12.2025

✨ Кога детскиот глас добива простор, се раѓаат силни приказни.

Промоција на книгата на Драгана Рајкова –
добитничка на грантот „И Јас Сум Шампион“.

Оваа година, здружението „И Јас Сум“ поддржа тројца млади и талентирани во нивното појавување на сцената, преку грантови, насоки и континуирана поддршка за имплементација на нивните идеи – од идеја до промоција.

🤍 Доколку нашата мисија ти резонира и сакаш да бидеш дел од вистинска поддршка и следната година, прати ни порака или донирај директно на сметката подолу:
210077563800159
НЛБ Банка

Со љубов,
Тимот на ИЈС

Adres

Europe
Europe

Telefoon

+31613034749

Website

Meldingen

Wees de eerste die het weet en laat ons u een e-mail sturen wanneer И Јас Сум - ИЈС / I AM TOO nieuws en promoties plaatst. Uw e-mailadres wordt niet voor andere doeleinden gebruikt en u kunt zich op elk gewenst moment afmelden.

Contact De Organisatie

Stuur een bericht naar И Јас Сум - ИЈС / I AM TOO:

Delen