06/08/2026
Со особено задоволство објавуваме дека еден наш пријател по точак, ја обновува идејата за @Кругот на Македонија - Илинденски велоаџилак 😇“ која во 2016 година, Слободан Трајковски- Боби Касандар и Марко Ленчевски, го реализираа овој „велоаџилак“.
Истоимената книга, која ја напиша Слободан, е трајно сведоштво за нивните планови и реализацијата од ден во ден на ова патување со велосипед околу целата македонска земја и ја препорачувам на секој велосипедист!
Во чест на нашиот прерано починат брат по точак и Македонскиот „гуру“ во велосипедизмот, ја споделуваме оваа идеја и на Игор му посакуваме лесни нозе и успешна тура, и се надеваме дека следната година можеби ќе има повеќе заинтересирани...
Veles Biking
Македонска Асоцијација на Аматерски Велосипедски Здруженија и Клубови
Кругот на Македонија - Илинденски велоаџилак 😇
Во 2016 година, Слободан Трајковски и Марко Ленчевски, го реализираа „велоаџилакот“ со наслов „Кругот на Македонија“. Истоимената книга, која ја напиша Слободан, е трајно сведоштво за нивните планови и реализацијата од ден во ден на ова патување со велосипед околу целата македонска земја и ја препорачувам на секој велосипедист!
Некое време и самиот помислував колку би било убаво да свртам некој таков круг, меѓутоа секогаш заглавував околу деталното планирање, а потоа токму преку нејзините страници добив дополнителна инспирација и голема помош во планирањето...
Читајќи ја, се обидував да ја исцртам патеката која ќе ја возам, следејќи ги сите места кои Слободан ги споменува и мислам дека успеав 90тина проценти да бидам во линијата на нивното движење (сепак оставам место за „грешка“, поради на места поголем број помали патчиња кои можеле да бидат нивен избор во тие моменти), а единствено што сменив е движењето преку Свети Николе - јас отидов преку Коњарињата и Малино, а тие се движеле преку Отовица (Велешко) кон Кочани... Морав да додадам делче од Овчеполието 🙂
Друго правило кое си го зададов е да возам од зори до самрак - а не и во темница како на бреветите и трките до сега, затоа што огромен дел од оваа паткека за прв пат ќе го поминев - и сакав да го видам теренот низ кој ќе движам... И за мене ова беше велоаџилак, намерно одбран за Илинден и едноставно - сакав да гледам и уживам...
Стравата вели околу 1150км со околу 10000м+, за три и пол дена т.е. по денови многу попрецизно:
Скопје - Гоце Делчев (БГ) 304км/3234м
Гоце Делчев - Халкидона (ГР) 325км/2073м
Халкидона - Поградец (АЛ) 294км/3000м
Поградец - Скопје 222км/1880м
(Со жолти точки се означени местата каде преспивав.)
Отприлика толку сега. Да легнат импресии и ќе споделам по некоја фотка плус.
Им го посветувам возењето на Слободан и Марко - со благодарност. 🙏
Слободан за жал прерано не’ напушти, но се надевам дека преку вакви „македонствувања“ како што велеше, достојно ќе ја продолжуваме каузата која ја имаше - да се потсетуваме да си ја сакаме и да си ја уживаме Македонија, надолж и попреку… ❤️