Rotary Club Strumica

Rotary Club Strumica Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Rotary Club Strumica, Non-Governmental Organization (NGO), Strumica.

Ние сме заедница на професионалци, лидери и хуманитарци од Струмица кои преку пријателство и акција го менуваат светот на подобро. Дел од глобалната мрежа на Rotary International, работиме на проекти за локален и глобален развој.

Донација на два нови ЕКГ апарати за Општата болница СтрумицаРотари клуб Струмица продолжува со својата посветеност кон п...
29/07/2026

Донација на два нови ЕКГ апарати за Општата болница Струмица

Ротари клуб Струмица продолжува со својата посветеност кон поддршка на локалната заедница и унапредување на здравствената заштита.

Во таа насока, Ротари клуб Струмица донираа два ЕКГ апарати за потребите на Општата болница Струмица. Со оваа донација ќе се овозможи подобрување на условите за дијагностика и поквалитетна здравствена услуга за пациентите.

Донацијата е реализирана во соработка со раководството на болницата, а особено ја истакнуваме заложбата на директорот Д-р Гоце Христов, кој континуирано работи на унапредување на условите во Општата болница Струмица и обезбедување современа медицинска опрема во интерес на пациентите и здравствените работници.

Ротари клуб Струмица останува посветен на својата мисија – „Служење над себеси“, преку реализација на хуманитарни и општествено одговорни проекти кои придонесуваат за подобра и поквалитетна здравствена грижа за сите граѓани.

Вечерва членовите на Ротари клуб Струмица присуствуваа на примопредавање на претседателската функција за новата ротарија...
17/06/2026

Вечерва членовите на Ротари клуб Струмица присуствуваа на примопредавање на претседателската функција за новата ротаријанска година.
Досегашниот претседател Горан Динов му ја предаде функцијата на новиот претседател Васил Томов и се заблагодари на членовите за соработката и за исклучително успешната ротаријанска година.
На новиот претседател му посакуваме многу успех и голем број реализирани проекти.

Вечерва им посакавме добредојде на нашите пријатели од Rotary club Kavadarci и споделивме корисни искуства со нивните чл...
27/04/2026

Вечерва им посакавме добредојде на нашите пријатели од Rotary club Kavadarci и споделивме корисни искуства со нивните членови. Оваа година овој Ротари клуб прослави 18 години постоење.

Почитувани сограѓани,Ве покануваме на отворена трибина на тема:„Burnout и анксиозност во современиот начин на живот“👩‍⚕️...
22/04/2026

Почитувани сограѓани,
Ве покануваме на отворена трибина на тема:
„Burnout и анксиозност во современиот начин на живот“

👩‍⚕️ Гостин и предавач:
Ас. д-р Васка Дамјановска Митова
Специјалист психијатар при Универзитетска клиника за психијатрија – Скопје

📍 Локација: Конгресна сала, Хотел Сириус
📅 Датум: Петок, 24.04
🕕 Време: 18:00 часот
🎟 Влез: Слободен

👉 Ќе зборуваме за:
• Како да го препознаеме burnout-от
• Зошто анксиозноста станува „нормала“
• Практични начини за справување
• Баланс помеѓу професионалниот и личниот живот

Ова е можност да добиете стручни насоки, поддршка и нова перспектива за сопственото ментално здравје.

📌 Ве очекуваме да бидете дел од ова значајно и корисно предавање.

Со почит,
Rotary Club Strumica

05/04/2026
ВИДЕО ИНТЕРВЈУ со Горан Динов од Rotary Club Strumica- Сакаме да ги потикнеме граѓаните дека и со наш влог може да  прид...
05/04/2026

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ со Горан Динов од Rotary Club Strumica- Сакаме да ги потикнеме граѓаните дека и со наш влог може да придонесеме кон подобра заедница....

Членовите на Ротари клубот од Струмица ја имаа својата годишна Реторијанска забава и Донаторска вечер на која се собираа парични средства кои ќе бидат насочени ко....

04/04/2026
Со овој меморандум, Општина Струмица станува значаен партнер во нашата мисија за придонес кон локалната заедница.
03/04/2026

Со овој меморандум, Општина Струмица станува значаен партнер во нашата мисија за придонес кон локалната заедница.

🤝Денеска склучивме меморандум за соработка со Rotary Club Струмица, кој е дел од глобалната мрежа на Rotary International, една од најголемите хуманитарни организации во светот, основана во 1905 година.

Со оваа соработка ќе работиме заедно на проекти кои поттикнуваат хуманост, солидарност и активности насочени кон подобрување на здравството, социјалната заштита, локалниот развој и квалитетот на животот на граѓаните.

Како непрофитна и неполитичка организација, Rotary Club Струмица функционира врз принципот „Service Above Self“ (Служба над сè), и со гордост ја започнуваме оваа заедничка мисија за подобра и посилна заедница.

✨ Ве покануваме на вечер исполнета со хуманост, дружење и елеганција ✨Rotary Club Strumica организира свечена забава со ...
25/03/2026

✨ Ве покануваме на вечер исполнета со хуманост, дружење и елеганција ✨

Rotary Club Strumica организира свечена забава со хуманитарен карактер, каде заедно ќе создадеме вредност и ќе направиме вистинска разлика.

📅 04.04.2026
🕗 20:00
📍 Ресторан „Ројал Парк“ – Струмица

💛 Собраните средства ќе бидат наменети за донаторски цели.

Бидете дел од настан каде што забавата има поголема смисла.

📩 Потврдете го вашето присуство:
📞 +389 70 214 033
📞 +389 72 304 612

63 свеќи за 63 млади животи🕯️Денес се навршува една година од трагедијата,една година тишина што тежи повеќе од илјада з...
15/03/2026

63 свеќи за 63 млади животи🕯️

Денес се навршува една година од трагедијата,една година тишина што тежи повеќе од илјада зборови.

63 насмевки згаснаа прерано.
63 соништа останаа недосонувани.
63 семејства засекогаш останаа со празнина што ништо не може да ја исполни.

Но спомените не згаснуваат.
Љубовта не исчезнува.
И сеќавањето не смее никогаш да избледи.

Денес се поклонуваме пред нивната младост и пред животите што прерано згаснаа, но и со длабока почит стоиме покрај сите кои и понатаму се борат со последиците од таа несреќа.

Rotary Club Strumica искажува длабоко сочуство до фамилиите на загинатите животи.

Нека им е вечен споменот🙏

Address

Strumica
2400

Telephone

+38970214033

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Rotary Club Strumica posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Rotary Club Strumica:

Shortcuts

Share