Центарот на заедницата на општина Центар е формиран во рамки на проектот „Општина по мерка на граѓаните“, од страна на општина Центар и Фондација Отворено општество – Македонија, со цел да придонесе за активно вклучување на граѓаните во подготовката и носењето на локалните политики и во обезбедувањето квалитетни општински услуги.
Центарот ќе обезбеди:
1. Правна и административна помош за граѓанит
е:
» Консултации за услугите од делокругот на општината (урбанизам, локален економски развој, комунални работи, правни и општи работи, администрација, месна самоуправа,
образование, администрирање на
приходи, заштита на животната
средина, финансии, социјална помош);
» Консултации и помош за користење на законски пропишаните механизми за учество на граѓаните во носењето одлуки во општината;
» Консултации за пополнување барања, формулари, молби.
2. Неформално образование за младите и возрасните:
» Организирање и спроведување обуки според потребите на граѓаните;
» Консултации и креирање бази на податоци за можностите за аплицирање за домашни и странски грантови;
» Градење на капацитети на локални граѓански здруженија.
3. Поддршка на младински, граѓански и културни иницијативи:
» Поттикнување и поддршка на граѓански активизам и културни иницијативи;
» Вмрежување на граѓаните и организациите;
» Зголемување на учеството на граѓаните во донесувањето одлуки на локално ниво.