31/03/2025
РАЗЈАСНУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА:
НИЕ СМЕ СО НАРОДОТ – НЕ СО ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ
Ги видовме коментарите што кружат на социјалните мрежи и сакаме директно да одговориме на нив.
Да биде кристално јасно:
Ние не сме поврзани со СДСМ, ВМРО или која било друга политичка партија.
Не сме дел од таканаречената „Шарена револуција“.
Не сме финансирани од странски донатори, влади или невладини организации. Целосно сме самофинансирани. Не должиме ништо на никого – и токму така сакаме да остане.
Ова движење не е создадено за да дојдеме до политичка моќ. Тоа се роди од тага, гнев и чувство на одговорност по национална трагедија – и од длабока љубов кон Македонија.
Не сакаме да станеме политичари. Сакаме да ја поправиме политичката култура која не’ разочара сите – без разлика на партиската припадност.
Не ја користиме трагедијата – ја спречуваме следната.
До сите во големите и малите партии:
Ако немате што да криете – приклучете се во барањето одговорност од вашето сопствено раководство. Ако сакате вашиот политички субјект да си ја врати довербата – помогнете да се истражи, осуди и отстрани секој кој ја злоупотребил моќта.
Ние ќе ја зборуваме вистината до сите страни – лево, десно, власт, опозиција, стари и нови. Ниту една општина, министерство или бизнис не смее да профитира од корупција.
И ниту една личност – без разлика на титула, врска или припадност – не смее да биде над законот.
Ова не е прашање на тоа кој со кого е политички. Ова е прашање на тоа кој е чесен – а кој не е.
Создаваме граѓански чувар, граѓанско движење за да помогнеме да се исчисти државата. Нашата визија е едноставна: праведна, просперитетна и обединета Македонија – каде сите граѓани, без разлика на партија или потекло, живеат со достоинство, безбедност и можности.
Ги повикуваме сите да се издигнат над поделбите. Да го отстраниме стравот. Да ја побараме вистината.
И да застанеме за нешто подобро – заедно.
Со почит и решителност,
д-р Елена Спасовска & Мајкл Пеневски
Ко-основачи, Алијанса на македонските граѓани
Го повикуваме граѓаните во Македонија и македонското иселеништво да ни се приклучи. Апелираме до сите што остале — и до сите што заминале — да се обединиме, да ги з....