НЕ СИ САМА

НЕ СИ САМА НЕ СИ САМА е непрофитна организација која се залага за помош и поддршка на жени, со посебен акцент на психосоцијалниот аспект.

ГЛАСНО ЗА ПСИХОЛОШКОТО НАСИЛСТВО! 🌟Гордо благодариме на Здружението до бебе по пат на Ивф за поканата да учествуваме на ...
12/12/2025

ГЛАСНО ЗА ПСИХОЛОШКОТО НАСИЛСТВО! 🌟Гордо благодариме на Здружението до бебе по пат на Ивф за поканата да учествуваме на вчерашната јавна трибина за психолошкото насилство врз жените кои се соочуваат со репродуктивни предизвици. 💪❤️Разговорите беа моќни – споделивме приказни, искуства и решенија за да ги зајакнеме жените кои се борат во тишина. Оваа тема е клучна за нашето општество!Дали сте се соочувале со слично? Споделете во коментарите или пишете ни во порака. Заедно можеме да промениме нешто! 👏 #ПсихолошкоНасилство #РепродуктивниПрава #ЖениСоГлас #Трибина

Денес го одбележуваме Меѓународниот ден на лицата со попреченост — ден посветен на поддршка, еднаквост и инклузија. Секо...
03/12/2025

Денес го одбележуваме Меѓународниот ден на лицата со попреченост — ден посветен на поддршка, еднаквост и инклузија. Секој од нас има моќ да ја гради заедницата каде што сите се чувствуваат прифатено, ценето и поддржано. Да славиме различности, да ги рушиме бариерите и да градиме свет каде што можеме сите да ја живееме слободата и достоинството. Заедно сме посилни! ♿️💙 #Инклузија #Рамноправност #МеѓународенДенНаЛицаСоПопреченост

Во организација на Комисијата на еднакви можности на жените и мажите,во рамките на 16 дена активизам против насилство вр...
01/12/2025

Во организација на Комисијата на еднакви можности на жените и мажите,во рамките на 16 дена активизам против насилство врз жените и девојките, во Собранието се оддржа јавна расправа за спроведувањето на Истанбулската конвенција и важноста на законските измени кои обезбедуваат заштита од родово базирано насилство. Ова е клучна можност за мобилизација на институциите и граѓаните во борбата за еднаквост, правда и безбедност на жените во нашето општество. Активностите и дискусиите на оваа јавна расправа ќе помогнат во унапредување на законодавството и креирање политики кои ќе ги штитат основните човекови права и ќе се борат против насилството од сите форми.“Да реагираме да спречиме насилство,да превенираме да не бидеме неми сведоци на насилството,сите заедно можеме да придонесеме многу во борбата против насилството врз жени и девојчиња!🎗️🎗️🎗️

Нема оправдување за насилство во ниту еден облик! Физичкото, психичкото, сексуалното, економското и дигиталното насилств...
27/11/2025

Нема оправдување за насилство во ниту еден облик! Физичкото, психичкото, сексуалното, економското и дигиталното насилство се криминал и мора да се спречи!!Нема оправдување за удари и повреди!Нема оправдување за понижување и омаловажување!Нема оправдување за загрозување и закани!Нема оправдување за сексуално вознемирување!Нема оправдување за економска контрола!Доста е! #Стоп за насилството, #16ДенаАктивизам, excuse for abuse!!

Нема оправдување за насилство во ниту еден облик. Насилството не е само лична болка туку сериозен општествен проблем што...
26/11/2025

Нема оправдување за насилство во ниту еден облик. Насилството не е само лична болка туку сериозен општествен проблем што ги допира сите нас. Кампањата „16 дена активизам“ не е само симболика туку повик за конкретни акции и одговорност од сите нас, за да создадеме побезбедно и почитувано општество. Заедно можеме да го прекинеме циклусот на насилство и да ја дадеме поддршката која секоја жртва ја заслужува. Активизирај се, слушни ги гласовите, почни промена! #16ДенаАктивизам #БезНасилство #Стоп за насилство врз жени и девојчиња!

25-ти Ноември интернационален ден за елиминација и борба против насилство врз жените ширум светот.''Секој има право на ж...
25/11/2025

25-ти Ноември интернационален ден за елиминација и борба против насилство врз жените ширум светот.''Секој има право на живот без страв од насилство,насилството врз жените е глобален проблем што бара колективно дејствување и посветеност,поддршка,заштита и правда за сите жени жртви на насилство!Борбата против насилството врз жените започнува со образованието и свеста,Нека 25-ти Ноември биде потсетник дека насилството врз жените и девојчињата е неприфатливо! Доста е!, Не молчи!,Зборувај гласно! СТОП ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ И ДЕВОЈЧИЊА! #16денаактивизам , #стоп за насилство врз жени и девојчиња 🎗️

Претставници од  Здружението-НЕ СИ САМА, вчера на 08.11.2025 год.,во Градската библиотека Браќа Миладиновци,присуствуваа...
09/11/2025

Претставници од Здружението-НЕ СИ САМА, вчера на 08.11.2025 год.,во Градската библиотека Браќа Миладиновци,присуствуваа на трибина на тема: репродуктивното здравје во Република Македонија, организирана од страна на .На трибината се разговараше за предизвиците и можностите на репродуктивното здравје, со посебен фокус на методите за ин витро оплодување (ИВФ).
Како најважно од се, се истакна поддршката на сите кои се соочуваат со потешкотии во зачнувањето и потенцираше улогата на информираноста и пристапот до квалитетна здравствена услуга за подобрување на наталитетот во нашата држава.

23/10/2025
"Mental health in children and adolescents"
16/10/2025

"Mental health in children and adolescents"

Светски ден на менталното здравје 2025 🧡
10/10/2025

Светски ден на менталното здравје 2025 🧡

Address

Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when НЕ СИ САМА posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to НЕ СИ САМА:

Share