21/11/2025
ЗАМП ги заокружи првите три панел-дискусии во рамки на националниот едукативен караван посветен на младите автори.
По Штип, на 18 ноември нашиот тим го посети Државно музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“ во Струга, како и Државно музичко училиште - Битола на 19 ноември, каде што заедно со учениците зборувавме за најважните аспекти во заштитата на музичките и авторските дела.
Голема благодарност до директорите, професорите и сите учесници за поддршката, отвореноста и инспиративната атмосфера. Едукативната програма на ЗАМП продолжува ширум Македонија, а наскоро ќе ги објавиме и следните градови кои ќе ги посетиме во рамки на овој проект.