18/08/2026
Овој Октомври, твојата креативност може да пренесе важна порака. 🎗️
Се ближи уште еден Октомври, а со него и најважната порака која ни ја остави Марија:
CHECK YOUR B***S! 👀
Оваа година ги повикуваме илустраторите, графичките дизајнери и уметниците да се вклучат во нашата мисија со своја дигитална илустрација.
Идејата е едноставна. Преку вашата креативност да ја пренесеме пораката што ни ја остави Марија. Пораката дека самопрегледот на дојките треба да биде навика на секоја жена, а редовните прегледи кај специјалист важен дел од грижата за сопственото здравје. Да се потсетуваме едни со други, да не го одложуваме прегледот и да не се плашиме да се грижиме за себе, бидејќи навременото откривање може да направи разлика.
Но и да се потсетуваме дека никој не треба да се бори сам.
Да бидеме тука едни за други, да се слушаме, да си даваме поддршка и сила, да веруваме и да гледаме со позитивна мисла. Затоа што кога си помагаме и кога сме заедно, сме посилни. 💗
Дали таа ќе биде директна или индиректна, оставаме на вас. Важно е на некој начин да се спојат нашата мисија и вашиот личен креативен белег. 🎨
Илустрациите ќе ги претвориме во производи: маички, дуксери, нотеси, чаши и други материјали, кои ќе бидат достапни за продажба на нашиот настан. Со средствата што ќе ги обезбедиме и оваа година, сакаме да стигнеме до уште повеќе жени и да овозможиме уште повеќе прегледи и поддршка.
Ако сакаш да бидеш дел од оваа приказна, пиши ни во порака. Ќе ти ги испратиме деталите, палетата на бои и рокот за доставување.
❗Бројот на прифатени илустрации е ограничен.
Твојот креативен белег може да стане потсетник што ќе стигне до некого токму тогаш кога му е потребен. 🎗️
Заедно сме посилни. 💗