21/11/2025
🎉 Камповите на .mk од Битола се вратија – со визија и нова енергија!
Благодарение на вашите донации преку Оп-оп, младите ова лето учеа, растеа и создаваа пријателства што траат.
👦 камп YMLP – 15 момчиња вежбаа древна кинеска практика на внимателност и движење, се едуцираа за комуникација и активно слушање.
👧 камп GLOW – 29 девојки учеа преку искуство и тимска работа, вежбајќи слушање, комуникација и градење доверба
💬 Ема (14), учесничка во кампот: „Научив да зборувам пред други без да бидам срамежлива. Станав подобра во работата во тим, стекнав пријатели и станав посигурна.“
🙏 Вашите донации на ја прават оваа мисија возможна. Заедно преку камповите го продолжуваме ова патување на раст, учење и оспособување на младите во нашите заедници.