07/06/2026
Денес на акумулацијата Водоча успешно се одржа Државниот куп во дисциплината „пливка“, кој помина во исклучително фер и коректна спортска атмосфера, со почитување на правилата и спортскиот дух од страна на сите натпреварувачи.
По завршувањето на натпреварувачкиот дел беа постигнати следните резултати:
🏆 Конкуренција У20
🥇 1 место – Петар Недески (Св. Апостол Петар – Охрид)
🥈 2 место – Веле Лазов (Оскар – Кавадарци)
🥉 3 место – Драган Димитриевски (Рибар – Струмица)
🏆 Сениорска конкуренција – Екипно
🥇 1 место – Оскар Кавадарци
🥈 2 место – Мак Дам Куманово
🥉 3 место – Вардар Скопје
Македонската риболовна федерација им честита на сите учесници за прикажаните резултати, а особено на победниците за освоените пласмани. Благодарност и до домаќините од "Рибар Струмица" , судиите и сите што придонесоа за успешна реализација на овој значаен натпревар. Бистро и се гледаме на следните натпревари! 🎣🏆