Forum-CSRD / Форум-ЦСИД

Forum-CSRD / Форум-ЦСИД Форум-ЦСИД e граѓанска оганизација, формирана во 1997 год.

Форум-ЦСИД е една од првите граѓански организации во Република Македонија, посветена на истражување на стратегиските аспекти и политички решенија на актуелни и иновативни национални, регионални и европски прашања. Од 1997 г., Центарот има значајна улога во зајакнување на улогата на цивилниот сектор и зголемување на неговото влијание во формирањето на националните политики и креирањето на политики

насочени кон постигнување на неопходните стандарди за Евро-атланската интеграција на земјава. Освен тоа, Центарот нуди поддршка на заедниците, олеснувајќи ги реформите во различни области на јавните служби.

МРЕЖА НА ЕКСПЕРТИ
Со десеттина вработени и повеќе постојани надворешни соработници, Форум-ЦСИД успева да има огромно влијание како катализатор во некои од клучните политички државни и регионални процеси, доведувајќи ги на едно место и користејќи ги вештините на широка мрежа на експерти-специјалисти во креирање на политики, не/владини преставници, регионални и меѓународни политичари, новинари и академски претставници. Центарот гледа на настаните неколку години однапред, со амбиција да ги толкува идните случувања за да може да влијае во креирањето на современите геополитички, политички, економски, безбедносни и социјални прашања, како и применетите политики. На тој начин, Центарот цели да развие идеи за во иднина, чие остварување ќе биде можно како од политички, така и од економски план.

ОСТАНУВАЊЕ ЕФЕКТИВНИ
Форум-ЦСИД успева да има широко влијание, затоа што е независна и непристрасна организација, чиј став е секогаш критичен, без разлика на моментната политичка структура. Центарот е непрофитна организација, којашто во целост се потпира врз грантови и донации од билатерални и мултилатерални донатори, фондации, компании и други организации, што ги препознаваат резултатите од она што го прави Центарот во насока на менување на идеите и настаните.

ПОВРЗУВАЊЕ
Секогаш имајќи ја предвид регионалната димензија како поле на дејствување, Форум-ЦСИД непрекинато работи на поврзување со други тинк-тенк организации и институции од Балканот. Од 2006, тој е еден од основачите на првата мрежа од 8 тинк-тенк организации во Македонија “Тинк-тенк мрежа – Македонија”, како платформа за зајакнување на целите и визијата на Република Македонија.

На 4 септември во Универзитетот Американ Колеџ Скопје се одржа завршната дебата од проектот “Seeing is Believing”. Темат...
06/09/2024

На 4 септември во Универзитетот Американ Колеџ Скопје се одржа завршната дебата од проектот “Seeing is Believing”. Темата на дебатата беше „Балканските рефлексии на Самитот на НАТО во Вашингтон“ (“Balkan Reflection on the NATO Summit in Washington”), а модератори беа ко-директорите на проектот Сашо Орданоски и Едвард Џозеф.
Воведно обраќање на настанот имаше Арон Хон, советник за односи со јавност на Американската мисија во НАТО, а потоа добивме енергична дебата со главниот говорник Н.Е. Стево Пендаровски, поранешниот Претседател на Северна Македонија, и новинарите Билјана Јовичевиќ и Назим Рашиди, учесници во проектот. На втората дебата учествуваа Н.Е. Радмила Шекеринска, поранешна министерка за одбрана на Северна Македонија, и младинските лидери од шесте држави на Западен Балкан кои ги претставија своите препораки за НАТО доставени до 75-тиот јубилеен Самит на Алијансата во јули во Вашингтон, САД.
Со овој настан беше заокружен едногодишниот проект “Seeing is Believing”, кој што Форум ЦСИД го спроведуваше во соработка со Универзитетот Johns Hopkins од Вашингтон и неговата School of Advanced International Studies (SAIS) – Bologna Institute for Policy Research (BIPR), поддржан од Американската мисија во НАТО.

Address

БУлица Партизански Одреди 6 – мезанин
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Telephone

+38923121100

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Forum-CSRD / Форум-ЦСИД posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Forum-CSRD / Форум-ЦСИД:

Share