ПРКОС

Call Website Contact the organization

ПРКОС Поврзуваме слични и различни светови!

Драги пријатели, бидејќи КСП Центар -Јадро / SCS Centar-Jadro ја продолжи изложбата “Пркосните 12” во чест и спомен на м...
22/06/2026

Драги пријатели, бидејќи КСП Центар -Јадро / SCS Centar-Jadro ја продолжи изложбата “Пркосните 12” во чест и спомен на мојата сестра Irena Popovska, јас, Margarita Popovska, ве поканувам во среда (24.06.), во 20 часот, на уште една средба за Ирена… Да си размениме зборови, солзи, насмевки, желби… Дојдете - другари, пријатели, соработници, познаници и оние кои не ја познававте, да го погледнете нејзиното последно авторство од кое произлезе изложбата на фотографии “Пркосните 12” и да си земете некоја од нејзините претходни публикации. Јас и моето семејство изразуваме голема благодарност на Џоле за идејата да се продолжи изложбата, на Аммар кој без размислување го одложи отворањето на сопствената изложба, на Бане за небројани работи поврзани со Ирена и ПРКОС, на Драги, на Маја и Љубинка, на Ристо… See less

Во спомен и чест на Ирена Поповска се продолжува изложбата “Пркосните 12”

Како знак на длабока почит и во сочувство со семејството на Ирена Поповска, Културно-социјалниот простор Центар Јадро ја продолжува до 26 јуни изложбата “Пркосните 12”.

Ирена Поповска беше основачка и идејна водилка на Пркос и е авторка на проектот од кој произлезе оваа изложба. Таа беше активистка, авторка и иницијаторка на бројни програми посветени на инклузијата, образованието и заедницата. Со својата работа, книги и проекти остави длабока и трајна трага во животите на многу деца, млади, семејства и сениори, а во македонското општество понуди алтернативен избор од кој зрачеа поддршка и можности.

Енергијата, посветеноста и способноста на Ирена продолжуваат да живеат преку заедниците што ги создаваше и вредностите што ги застапуваше.

„Пркосните 12“ во спомен на Ирена Поповска останува отворена за посетителите до 26 јуни од 10 со 15 часот.

Ова е најтешката објава што некогаш е објавена од ПРКОС – затоа што не ја пишува нашата Ирена. Ја пишуваме ние, нејзинит...
19/06/2026

Ова е најтешката објава што некогаш е објавена од ПРКОС – затоа што не ја пишува нашата Ирена. Ја пишуваме ние, нејзините најблиски соработници, скршени од болка и длабока тага, за да ве известиме дека Ирена нѐ напушти вчера.

Ирена беше срцето и душата на ПРКОС. Таа вистински ја разбираше инклузијата – не како збор, туку како начин на живот. Не изоставуваше никого. Беше свесна за потребите и на најмладите и на најстарите граѓани и неуморно работеше за секој да се чувствува виден, прифатен и вклучен.

Иницираше и организираше инклузивни работилници за деца, активности за млади, програми за сениори и беше автор на книги за деца и возрасни. Не ги изостави ни семејствата со грижливо осмислени активности за поддршка. Нејзината мисија беше преку образованието, заедницата и институциите да се гради општество во кое инклузијата доаѓа природно.

Како што повеќепати ги надмина статистичките шанси за преживување со својата дијагноза, така нѐ изненадуваше сите со секој нов проект кој го работеше со посветеност, сила и човечност. Зад себе остава неизбришлива трага во животите на многумина кои имаа среќа да ја познаваат, да работат со неа или едноставно да бидат допрени од нејзината жар.

Нејзиниот ПРКОС ќе продолжи да живее преку сите вредности што ги создаваше и бранеше.

Погребот ќе се одржи во сабота, 20 јуни, во 11.30 часот, на гробиштата во Бутел. Телото ќе биде изложено во капела од 10.30 до11.30часот.

Почивај во мир, драга Ирена. Твојот пркос, твојата љубов и твојата борба засекогаш ќе останат со нас.

https://www.youtube.com/watch?v=H8Qgi-cET-cКраток поттик и потсетник дека вистинската инклузија не е теоретски концепт, ...
17/06/2026

https://www.youtube.com/watch?v=H8Qgi-cET-c
Краток поттик и потсетник дека вистинската инклузија не е теоретски концепт, туку реалност што се создава преку заедничко учење, почитување и прифаќање.
Изложбата „Пркосните 12“ ќе биде отворена до 19 јуни и ги поканува посетителите да ги погледнат портретите и приказните што стојат зад нив - приказни за храброст, креативност, различност.

Оваа видео е резултат на нашиот тримесечен инклузивен курс за фотог...

https://prkos.mk/najava/otvorane-na-izlozhbata-prkosnite-12/Изложбата која прикажува портрети создадени за време на две ...
08/06/2026

https://prkos.mk/najava/otvorane-na-izlozhbata-prkosnite-12/
Изложбата која прикажува портрети создадени за време на две фотосесии реализирани во рамки на курсот претставува значајна документирана трага за едно исклучително вредно човечно и креативно искуство. Таа е сведоштво на едно убаво поминато заедно време во кое секој стави и остави свој личен фотографски печат. Со презентирањето пред очите на јавноста тоа добива поширок општествен контекст.

Граѓанската организација ПРКОС со задоволство ве поканува на отворањето на изложбата „Пркосните 12“, на 12 јуни, во КСП Центар Јадро, од 20 ч. Таа е завршница на нашио....

Состанок за финална селекција на фотки кај Бане Кома за изложбата на портрети направени меѓу учесниците на инклузивниот ...
20/05/2026

Состанок за финална селекција на фотки кај Бане Кома за изложбата на портрети направени меѓу учесниците на инклузивниот курс за фотографија, кој се одржуваше во ПРКОС од февруари до април, под менторство на Драги Неделчевски.

Се фотографираме во екстериер, се забавуваме и се подготвуваме за нашата изложба на портрети направени меѓу учесниците н...
23/04/2026

Се фотографираме во екстериер, се забавуваме и се подготвуваме за нашата изложба на портрети направени меѓу учесниците на инклузивниот курс за фотографија.

Фото-студио ПРКОС гордо ја најавува изложбата (интерна или екстерна) портрети направени меѓу учесниците на нашиот инклуз...
26/03/2026

Фото-студио ПРКОС гордо ја најавува изложбата (интерна или екстерна) портрети направени меѓу учесниците на нашиот инклузивен курс за фотографија. Повеќе инфо наскоро. Еве неколку кадри од сесијата т.е. журката на 23.3.2026.

Address

Ванчо Мицков 7А/2
Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ПРКОС posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to ПРКОС:

Shortcuts

Share