Друштво на ликовни уметници на Македонија - DLUM

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Друштво на ликовни уметници на Македонија - DLUM

Друштво на ликовни уметници на Македонија - DLUM ДЛУМ има за цел афирмација на македонските ликовни уметници на домашната и интернационалната ликовна сцена.

Друштвото на ликовните уметници на Македонија официјално е формирано во 1946 г. Неговата антиципација и континуитет датираат од 1929 г., кога во рамките на Вардарска бановина било формирано “Друштвото на југословенските ликовни уметници“. Во 1930 г. кон него ќе се приклучи и новото друштво “Јефимија“ кое од 1933-1941г. ќе ја преземе изложбената дејност на ДЈЛУ. Во овој период ќе излагаат и повеќе

уметници кои подоцна ќе станат основоположници намакедонската модерна уметност: Димитар Андонов-Папрадишки, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Василие Поповиќ-Цицо, Љубомир Белогаски, Вангел Коџоман, Михајло Шојлев и др.

Во 1944 г. во Прилеп се формира Друштвото на македонските ликовни уметници во чија управа ќе бидат Мартиновски, Поповиќ-Цицо, Владимирски, Тодоровски и Блажиќ. Тие ќе се залагаат за обединување на сите уметници од Македонија, за пропагирање и ширење на сите уметнички медиуми. Оттогаш ликовните уметници на Македонија до денешни дни го носат името ДЛУМ како траен бренд на нивната професионална асоцијација.

Во 1945 г. во Скопје ќе се отвори и првата изложба на Друштвото. На иницијатива на Друштвото, истата година се отвара и Уметничкото училиште, чиј прв директор станува Никола Мартиноски. Од учениците на ова училиште подоцна ќе се регрутираат идните членови на Друштвото. Во 1946 г. официјално ќе се формира ДЛУМ. Прв и долгогодишен претседател ќе биде Мартиновски. Истата година ќе се отвори II изложба на ДЛУМ на која ќе учествуваат поголем број уметници од Македонија. Реал-социјалистичкиот дух на изложбата ќе биде одраз на барањата на новата стварност. Во 1953 г. во Скопје се отвараат изложби од модерната француска, американска и холандска уметност, како и изложбата на Хенри Мур, кои непосредно ќе влијаат и на творечкиот дух на македонските уметници. Истата година ДЛУМ ќе организира патувачки изложби низ Југославија. Членовите на ДЛУМ редовно ќе учествуваат и на изложбите на СЛУЈ, а од 1955 г. ќе се презентираат и афирмираат и во странство.

Од особена важност се неодминливите брендови на ДЛУМ:

– „Годишната изложба“ која деновиве ја доживува својата шеесетгодишнина
– „Зимскиот салон“ кој полека но сигурно ги освојува и остварува највисоките вредносни дострели и достоинства со учеството на селектор-куратор од странство и гости учесници од соседните земји.

Во текот на своето 68годишно постоење ДЛУМ реализирал преку 1382 самостојни претставувања на македонски и странски автори пред македонската ликовна публика и преку 350 претставувања на Друштвото и македонски автори на меѓународната сцена. ДЛУМ е особено гордо на претставувањето во Париз, Франција со групна изложба од 107 ликовни творци од Македонија, како и изложбите во Софија најпрвин графичката со 40-тина автори, а потоа и групна изложба со 70-тина автори во рамките на договорената соработка со Сојузот на бугарските уметници и меѓународни регионални соработки со Црна Гора, Словенија и Хрватска.

Ако се обидеме во контекст на ДЛУМ-овите изложби да изделиме еден период или епоха, таа речиси никогаш не може да се претстави со еден правец или струја која доминира. Напротив, единствената константа е плурализмот на настојувања, во коишто секој автор поодделно има своја вистина. Во секој период се проткајуваат противречности, секоја нова структура во себе опфаќа теза и антитеза. Тоа е основниот белег и денес, а него го дополнуваат преку петстотини активни членови.

Сето ова зборува дека ДЛУМ израсна во „институција“ која на своите изложби ги собира и насочува енергијата и идеите за натамошниот развој на ликовната мисла, но и презентација на нови трендови кои се огледуваат во синтезата на ликовната уметност.

26/05/2026
Друштвото на ликовни уметници на Македонија Ви го честита 24 Мај — Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Мет...
24/05/2026

Друштвото на ликовни уметници на Македонија Ви го честита 24 Мај — Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.

Почитувани поддржувачи на уметноста,Со задоволство Ви ја најавуваме самостојната изложба на нашиот млад член Павел Јован...
17/05/2026

Почитувани поддржувачи на уметноста,
Со задоволство Ви ја најавуваме самостојната изложба на нашиот млад член Павел Јовановски.
Во продолжение можете да ја погледнете поканата, како и деталите за изложбата и информациите за отворањето.
Се гледаме.

17/05/2026
Почитувани поддржувачи на уметноста,Со особено задоволство Ви ја пренесуваме информацијата од годишното Собрание на ДЛУМ...
17/05/2026

Почитувани поддржувачи на уметноста,

Со особено задоволство Ви ја пренесуваме информацијата од годишното Собрание на ДЛУМ, одржано на 16.05.2026 година во Домот на АРМ во Скопје. Фотографиите од настанот можете да ги погледнете во истоимениот албум.

Јана Манева - Чупоска останува на чело на ДЛУМ, избрано ново раководство
Ликовната уметница Јана Манева – Чупоска повторно беше избрана за претседателка на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) со четиригодишен мандат на одржаното годишно Собрание во Домот на АРМ во Скопје. Таа беше и единствениот кандидат за оваа функција, додека со тајно гласање беше избрано и новото раководство на Друштвото со мандат до 2030 година.
За членови на Управниот одбор беа избрани уметниците: Катерина Таневска, Денис Тенев, Никола Смилков, Мирјана Масети, Марија Мицова Гацова и Иво Пецов. За нови членови на Уметничкиот совет се изгласани: Маја Рауник Кирков, Јана Јакимовска, Валентина Илијевска, Борче Богоевски, Илиана Петрушевска, Наташа Милованчев и Зоран Бошковски, додека Надзорниот одбор ги доби новите членови: Дејан Иванов Маргуш,Виктор Јаневски и Ивона Велковска.
Претходните членови на Управниот одбор, Уметничкиот совет и Надзорниот одбор поднесоа колективна оставка една година пред истекот на мандатот. Оваа одлука овозможи предвремени избори со цел целосна синхронизација на сите органи со мандатот на претседателот, создавајќи нов четиригодишен тим кој заеднички ќе ја преземе одговорноста за работата на Друштвото.
Новиот тим во следните четири години ќе се фокусира на унапредување на ликовната уметност и зајакнување на позициите на македонските уметници.
Јана Манева – Чупоска во својата апликација при конкурирањето посочи дека кандидирањето за втор мандат за претседател на ДЛУМ, е резултат на нејзината желба да помогне за подобро делување на ова здружение кое го смета за значајно за развојот на ликовната уметност и за заштита на правата на ликовната фела во Македонија.
„Согледувајќи ги реалните проблеми кои Друштвото ги има како никогаш до сега, се одлучив да пробам повторно да се кандидирам обидувајќи се да создадам реална работна програма за излез од повеќе прблематични финансиски состојби во кои моментално ДЛУМ се наоѓа“, потенцираше таа.
Годинава ДЛУМ со низа активности го прославува својот значаен јубилеј, 80 години постоење. Што се однесува до следните негови активности, на годишното Собрание беше укажано дека за јуни е планирана реализација на изложбата „Поместени граници“, гостување со изложбата „Цртеж, експериментален цртеж“ во Македонскиот културен центар во Белград, додека пак во септември треба да следи Интернационалното графичко биенале „ДЛУМ – 2026“. Во октомври и ноември ќе се одржат изложбите: „Мал формат“, Миниартура“ и „Фемина“, а годинава треба да заврши со јубилејната изложба посветена на 80 годишнината на ДЛУМ.

Текстот го напиша Катерина Богева
Фотографии Магдалена Робовска

Од денешното Годишно собрание на ДЛУМ...🙂Драги колеги,ви благодарам за вашето присуство, поддршка и активното учество на...
16/05/2026

Од денешното Годишно собрание на ДЛУМ...🙂

Драги колеги,
ви благодарам за вашето присуство, поддршка и активното учество на денешното Годишно собрание на ДЛУМ.
Посебна благодарност за повторно укажаната доверба да ја извршувам функцијата претседателка на ДЛУМ. Оваа доверба за мене претставува чест, но и голема одговорност да продолжиме заедно посветено да работиме за унапредување на визуелната уметност, достоинството на уметниците и развојот на нашата асоцијација.
Верувам дека со заедничка енергија, дијалог и соработка ќе продолжиме да создаваме видливи резултати и нови можности за македонската ликовна сцена.

Во текот на утрешниот ден ќе објавиме текст на Катерина Богоева Katerina Bogoeva и фотографии на Магдалена Робовска Magdalena Magde

Со почит и благодарност,
Јана Манева- Чупоскa

Членови на УО
Јана Манева-Чупоска -Претседателка на ДЛУМ
Катерина Таневска Katerina Tanevska
Никола Смилков Nikola Smilkov
Мирјана Крстева Масети Mirjana Krsteva Massetti
Денис Тенев Denis Tenev
Марија Мицова Гацова Marija Micova
Иво Пецов Ivo Pecov

Членови на УС
Маја Рауниќ Кирков-Претседателка на УС - Maya Raunik Kirkov
Наташа Милованчев Natasa Milovancev
Илиана Петрушевска Iliana Petrusevska
Борче Богоевски Borce Bogoevski
Јана Јакимовска Jana Jakimovska
Валентина Илиевска Валентина Илијевска
Зоран Бошковски Zoran Boskovski

НО
Дејан Иванов Маргуш Dejan Ivanov Margus
Виктор Јаневски Viktor Janevski
Ивона Велковска Ivona Velkovska

ЧЕСТИТКИ! 👏

Драги колеги, Ве очекуваме утре со вашето присуство да дадете придонес во работата на нашето едно и единствено здружение...
15/05/2026

Драги колеги,
Ве очекуваме утре со вашето присуство да дадете придонес во работата на нашето едно и единствено здружение - ДЛУМ.

Address

Улица “Македонија“ б. б
Skopje
1000

Telephone

+38923211533

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Друштво на ликовни уметници на Македонија - DLUM posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Друштво на ликовни уметници на Македонија - DLUM:

Share