Reform5

Website

Reform5 Platform for Economic and Technological Transformation Reform5

Платформа за економска и технолошка трансформација Реформ5

20/10/2026

Претставници на Reform5 присуствуваа на промоцијата на истражувањето „Зелена и дигитална Северна Македонија – две транзиции во контекст на европската интеграција“, подготвено од Институтот за прогресивна промена и општествени студии (ИППОС) , во соработка со Меѓународниот центар „Олоф Палме“.

Истражувањето отвора важни прашања за идниот развој на македонската економија, зелената транзиција, примената на вештачката интелигенција и подготвеноста на институциите за промените што следуваат.

Од перспектива на РЕФОРМ5, зелената и дигиталната трансформација треба да се третираат како поврзани развојни приоритети. За нивно успешно спроведување се потребни функционални институции, конкретни инвестиции, координирани политики и мерливи резултати за граѓаните и економијата.

РЕФОРМ5 продолжува да поддржува дијалог, истражувања и иницијативи насочени кон економска и технолошка трансформација на државата.

https://reform5.org/novosti/%D1%80%D0%B5%D1%84%D0%BE%D1%80%D0%BC5-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%B7%D0%B0/

Денес програмскиот координатор Riste Kostovski присуствуваше на презентација на тема ,, Artificial Intelligence: The Mis...
30/09/2026

Денес програмскиот координатор Riste Kostovski присуствуваше на презентација на тема ,, Artificial Intelligence: The Missing Link in the Design of Software Products " каде што истакна дека за поголема ефикасност и продуктивност потребен е фокус на локализираниот микро пристап на апликабилност на AI.

Dimitar Kovacevski основачот на Reform5 присуствуваше на „EU Meets the Balkans 5.0“ во Sofia Tech Park. Добра можност за...
20/09/2026

Dimitar Kovacevski основачот на Reform5 присуствуваше на „EU Meets the Balkans 5.0“ во Sofia Tech Park. Добра можност за разговори и размена на мислења со претставници од европските и WB6 земји, политичари, експерти, претприемачи и претставници на тинк-тенкови.

Фокусот беше на геополитичките предизвици, регионалната соработка и европската интеграција во актуелново конкурентско опкружување.

Благодарност до организаторите, ELF и Атлантскиот клуб за поканата.

Колку навистина напредува македонската економија?Високата квартална стапка на раст на БДП може да звучи охрабрувачки, но...
19/08/2026

Колку навистина напредува македонската економија?

Високата квартална стапка на раст на БДП може да звучи охрабрувачки, но вистинската слика се гледа низ подолг период и преку повеќе показатели.

📊 БДП по глава на жител е околу 40% од просекот на ЕУ.
💶 Растот на платите не значи автоматски и поголема куповна моќ.
🏭 Индустријата останува изложена на надворешни шокови и структурни слабости.
👨‍👩‍👧‍👦 Намалувањето на бројот на ученици и иселувањето создаваат сериозен долгорочен ризик за работната сила и јавните системи.

Затоа, прашањето не е само колку растеме, туку дали растеме доволно брзо за да се приближиме до европскиот животен стандард.

Новата анализа на РЕФОРМ5 покажува зошто краткорочниот економски раст не смее да ја замени долгорочната слика за продуктивноста, стандардот, индустријата и демографијата.

👉 Прочитајте ја целата анализа: „Раст без доволна конвергенција?“ – РЕФОРМ5⁠

#Економија #Македонија #Конвергенција #ЕкономскиРаст #Демографија

Во последниот период, јавниот дискурс во Северна Македонија е одбележан со оптимистички изјави од страна на претставници на извршната власт, кои ја истакнуваат зе....

Демографијата не е само статистика. Таа е економско прашање.Околу 4.900 првачиња помалку од минатата година е сериозен с...
13/08/2026

Демографијата не е само статистика. Таа е економско прашање.

Околу 4.900 првачиња помалку од минатата година е сериозен сигнал. Но, вистинскиот проблем е поширок: со децении се соочуваме со намалување на населението, иселување, стареење и ниска стапка на фертилитет.

Во анализата Riste Kostovski елаборира дека овие трендови не остануваат само во демографијата. Тие директно влијаат врз:

🔹 бројот на идни студенти и работната сила
🔹 потенцијалниот економски раст и БДП
🔹 регионалниот развој и инфраструктурата
🔹 јавните услуги и фискалниот притисок
🔹 иновативноста, претприемништвото и стартап екосистемот

Особено загрижува иселувањето на младите. Во време на вештачка интелигенција и брзи технолошки промени, токму младите се еден од најважните носители на иновациите, стартапите и новите бизнис модели.

Затоа, демографската политика не смее да биде само политика на бројки. Таа мора да биде економска, социјална и развојна политика – со подобри јавни услуги, поддршка за семејствата, квалитетно образование и здравство, рамномерен регионален развој и создавање услови младите да останат, да создаваат и да се вратат.

Демографијата е денешниот сигнал за утрешната економија.

Време е да дејствуваме денес – за посилна, поконкурентна и просперитетна Македонија.

REFORM5 – Платформа за економска и технолошка трансформација

https://reform5.org/2026/08/13

Намалениот број на запишани ученици во прво одделение и останатите демографски индикатори се потенцијален ризик за структурна ранливост на економијата на долг ро...

Од либерална кон оперативна Европа: Како трансформацијата на НАТО ќе го преобликува европскиот систем на вредностиДали Е...
20/07/2026

Од либерална кон оперативна Европа: Како трансформацијата на НАТО ќе го преобликува европскиот систем на вредности

Дали Европа влегува во нова развојна фаза во која успехот повеќе нема да се мери само преку регулативи и стратегии, туку преку способноста да создава капацитети, да имплементира иновации и да испорачува резултати?

Во оваа анализа на Igor Bimbiloski, се разработува тезата дека Самитот на НАТО во Анкара не претставува само промена во безбедносната архитектура, туку и сигнал за поширока трансформација на европскиот модел – од либерална кон оперативна Европа.

Анализата ги поврзува концептот на „Интегрирани иновации“, геополитичките промени, технолошката трансформација и новите европски приоритети, а посебен акцент става на прашањето како Северна Македонија треба да се подготви за оваа нова реалност.

📖 Прочитајте ја целата анализа и споделете го вашето мислење.



https://reform5.org/2026/07/20/од-либерална-кон-оперативна-европа-ка/

Ребалансот како сигнал за фискалните приоритети и економската насока Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година претставува значајна промена на првично поставен....

📊 Нова анализа | Влијанието на јавните расходи врз продуктивностаДали повисоките јавни расходи автоматски значат и повис...
14/07/2026

📊 Нова анализа | Влијанието на јавните расходи врз продуктивноста

Дали повисоките јавни расходи автоматски значат и повисока продуктивност?

Нашата анализа за периодот 2018–2025 покажува дека постои позитивна, но статистички незначајна поврзаност помеѓу вкупните јавни расходи и продуктивноста. Тоа укажува дека клучното прашање не е колку се троши, туку како се распределуваат јавните средства.

Наодите посочуваат дека инвестициите во инфраструктура, образование, иновации, дигитализација и човечки капитал имаат многу поголем потенцијал за долгорочно зголемување на продуктивноста отколку расходите насочени кон тековна потрошувачка.

📖 Прочитајте ја целата анализа на нашата веб-страница.

#Економија #ФискалнаПолитика #Продуктивност #ЈавниРасходи

Продуктивноста претставува еден од основните двигатели на долгорочниот економски раст и подобрувањето на животниот стандард. Иако врз неа влијаат повеќе фактори,...

https://reform5.org/
10/07/2026

https://reform5.org/

Ребалансот како сигнал за фискалните приоритети и економската насока

Анализа на REFORM5 на Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 годинаhttps://reform5.org/
10/07/2026

Анализа на REFORM5 на Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година

https://reform5.org/

Ребалансот како сигнал за фискалните приоритети и економската насока

Address

Prashka 11/1/28
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 17:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Reform5 posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share