10/06/2026
Честитки за Halkbank AD Skopje - компанија добитничка на „Награда за климатска акција и зачувување на природата“.
Ја препознаваме компанијата која на системски начин го намалува своето влијание врз животната средина и придонесува кон климатска акција. 🏡
Со јасно дефинирани цели, обезбедени ресурси и силна вклученост на вработените, иницијативата „Еден милион садници“ не е еднократна активност, туку континуиран процес кој помага за подобрување на биодиверзитетот и подигнување на јавната свест за климатските промени. 🌏
Наградата беше доделена во рамки на Бизнис форумот на одржливост, организиран од Клубот на одговорни бизниси на Конект во партнерство со Министерството за економија и труд на Република Северна Македонија и со поддршка на програмата „Проширување на изборот“ која ја спроведуваат Фондот за население на Обединетите нации UNFPA North Macedonia и Конект, финансиски поддржана од Австриската агенција за развој (АДА). Austrian Development Agency
📸 @Томислав Георгиев