ПИНА / PINA.mk

ПИНА / PINA.mk ПИНА [pina.mk] е организација која работи на проекти од областа на медиумите и новинарството.

ПИНА е организација формирана од новинари, ентузијасти и професионалци која се залага за промоција и зајакнување на истражувачкото новинарство и професионалноста во медиумската средина во Македонија. Освен тоа, ПИНА се залага и за подобрување и унапредување на состојбата на жените новинарки во медиумите.

ПИНА како еден од своите главни продукти во 2017 година го лансираше и Истражувачкиот филмски

фестивал - Скопје, неколкудневен настан кој за прв пат се одржа во Македонија и регионот. Фестивалот досега имаше четири изданија а неодамна се ребрендираше во Медиумски Фестивал Скопје и по петти пат се одржа во октомври. Фестивалската програма е поделена во два сегменти, со филмови посветени на истражувачкото новинарство и други медиумски трендови, како и бројни дебати и говорници од земјава, регионот, Европа и САД кои се фокусираат на разни актуелни теми од областа на новинарството и медиумите.

ПИНА исто така за прв пат ја формираше и Програмата за жени новинарки, која понуди два модули – за мобилно и мултимедијално новинарство во кои новинарките се стекнуваат со иновативни новинарски вештини и работат на значајни граѓански теми. Програмата во јавноста покрена важни теми за предизвиците со кои се соочуваат жените новинарки во нашата земја како и генералната слика за жените во медиумите.

ПИНА ја основаше и Програмата за мобилно новинарство која нуди обуки, менторски процес и пракса на учење на мобилно новинарство и работа на разни новинарски стории преку мобилни видеа. Веќе петта година, ПИНА придонесува за промоција на мобилното новинарство на домашната медиумска сцена и работи на најразлични активности кои на новинарите им даваат алатки и можности за развој на нивните вештини во мобилното новинарство и видеата изработени со мобилен телефон.

Работиме особено и на неформална едукација и пракса на млади новинари преку активно менторство и изработка на новинарски производи во неколку мрежи и програми за млади новинари во земјата.

📣 По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето, потсетуваме дека секое дете заслужува безбедно и достоинствено детство....
01/06/2026

📣 По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето, потсетуваме дека секое дете заслужува безбедно и достоинствено детство. Институциите мора да ја зајакнат меѓусебната соработка за превенција на врсничкото насилство, а учениците да добијат повеќе простор за неформални активности и активно учество во ученичките тела, апелира експертската јавност.

🖇️ Прочитајте го новиот текст од Програмата за млади новинар(к)и на ПИНА.

Две девојчиња на 17-годишна возраст и едно на 14, малтретирале шестоодделенка понижувајќи ја и гасејќи цигари од нејзиното тело во скопската општина Ѓорче Петров. На....

Секоја правосилна пресуда за сексуална злоупотреба на дете во Македонија подразбира внесување на сторителот во јавно дос...
27/05/2026

Секоја правосилна пресуда за сексуална злоупотреба на дете во Македонија подразбира внесување на сторителот во јавно достапен регистар, за граѓаните да можат да проверат кои осудени лица живеат во нивната околина. Воведена во 2012 година, алатката која треба да има превентивна улога останува неажурирана, со бројни недоследности и контрадикторни записи.

🖇️ Прочитајте го новиот текст од Програмата за млади новинар(к)и на ПИНА.

Неажурираните податоци во таканаречениот „Регистар за педофили“ имаат директни последици врз безбедноста на децата и создаваат илузија на сигурност, предупреду...

Од отпад собран на археолошки локалитети и природни спомен богатства низ Македонија, а потоа трансформиран во уметност, ...
26/05/2026

Од отпад собран на археолошки локалитети и природни спомен богатства низ Македонија, а потоа трансформиран во уметност, авторката Ана Тодоровска преку проектот „Археологија на сегашноста“ се соочува со прашањата за консумеризмот, негрижата и наследството што го оставаме на идните генерации.

🖇️ Прочитајте го целото интервју со Тодоровска на линкот.

https://pina.mk/10027-ana-todorovska-ona-shto-denes-go-frlame-kako-otpad-utre-ke-bide-arheologija-na-nasheto-vreme/?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAc3J0YwZhcHBfaWQBMAABHnIYk3SwptQFZ1aOdyuMky_hRVWfgvJb9v-ZRQz22m6JiYNHbOmvG90iie3c_aem_lLcQkv7_1Lc8pxEY6g6bwA

Што ќе откријат идните генерации кога ќе копаат низ остатоците од нашето време? Ова прашање го поставува Ана Тодоровска, авторка на проектот „Археологија на сегаш....

„Мора постојано да се зборува за проблемот со аерозагадувањето и да се прави притисок врз властите и компаниите кои зага...
21/05/2026

„Мора постојано да се зборува за проблемот со аерозагадувањето и да се прави притисок врз властите и компаниите кои загадуваат. Јас како дете израснав под оџаците на цементарата Лафарж, тоа беше многу тешка индустрија. Сведочев како во Трбовље од загадувањето изумира природата - од дрвјата, до сè она што земјоделците се обидуваа да го одгледаат“ раскажува Урош Мацерл, еко активистот кој се избори против една од најмоќните индустрии во регионот.

🖇️ Прочитајте го новото интервју на ПИНА со Урош Мацерл.

„Како дете израснав под оџаците на цементарата Лафарж, тоа беше многу тешка индустрија. Сведочев како од загадувањето изумира природата – од дрвјата, до сè она што...

Недостигот на градинки во Куманово остава стотици семејства без решение за згрижување на децата. Родителите бараат испол...
20/05/2026

Недостигот на градинки во Куманово остава стотици семејства без решение за згрижување на децата. Родителите бараат исполнување на општинските ветувања за нови градинки.

🖇️ Прочитајте го новиот текст од Програмата за млади новинар(к)и на ПИНА.

Агон Укшини од Куманово, родител на две деца, вели дека е погоден од недостигот на доволно места во детските градинки во градот. Тоа, вели, им го отежнува животот на р...

Инфлацијата го „јаде“ студентскиот оброк. Студентите бараат усогласување на субвенцијата со реалните трошоци за живот, к...
19/05/2026

Инфлацијата го „јаде“ студентскиот оброк. Студентите бараат усогласување на субвенцијата со реалните трошоци за живот, како и достоинствени услови за студирање.

🖇️ Прочитајте го новиот текст од Програмата за млади новинар(к)и на ПИНА.

„Со 140 денари денес тешко може да се обезбеди здрав и достоинствен оброк — студентите не бараат луксуз, туку основни услови за нормално студирање“, вели Бобан Коче...

Викендов започна со работа петтата генерација на Програмата за новинарки на ПИНА, програма препознатлива по просторот за...
18/05/2026

Викендов започна со работа петтата генерација на Програмата за новинарки на ПИНА, програма препознатлива по просторот за поддршка и вмрежување на новинарките.

Во следниот период, новинарките ќе работат на различни теми од јавен интерес, поврзани со добро владеење, анти-корупција, слобода на медиумите и други важни општествени прашања.

Преку менторства, финансиска поддршка и вмрежување, програмата продолжува да ги охрабрува новинарките да работат на истражувачки теми и да градат поголема солидарност во медиумскиот простор. ✊

🎤 Згаснувањето на редакции како Радио Слободна Европа, Гласот на Америка и Ал Џазира Балканс остава празнина во просторо...
17/05/2026

🎤 Згаснувањето на редакции како Радио Слободна Европа, Гласот на Америка и Ал Џазира Балканс остава празнина во просторот за независно, истражувачко и професионално новинарство. Во време на политички и економски притисоци, опстанокот на квалитетните медиуми станува прашање од јавен интерес.

🖇️ Прочитајте ја новата анализа на ПИНА.

Kolegium.mk
RESIS Institute
umno.mk
Здружение на новинарите на Македонија - ЗНМ

Денот во Колегиум.мк почнува со кафе и поделба на темите. Во фокусот им се човечките приказни, стории кои другите медиуми не успеваат да ги истражат. Редакцијата е с....

„Човечкиот живот мора да биде над секој профит“, апелираат од Синдикат за градежништво - СГИП. Оттаму предупредуваат дек...
16/05/2026

„Човечкиот живот мора да биде над секој профит“, апелираат од Синдикат за градежништво - СГИП. Оттаму предупредуваат дека без строг надзор, вистински санкции и доследно почитување на законите, трагедиите на градилиштата ќе продолжат.

Над градот постојано се креваат нови згради, но под секој ископ тивко живее стравот на луѓето што ги градат. „Потајно секогаш знаеш дека може да те затрупа земја. Са...

Македонскиот образовен систем сè уште создава кадар кој тешко се вклопува на пазарот на труд, додека компаниите бараат п...
15/05/2026

Македонскиот образовен систем сè уште создава кадар кој тешко се вклопува на пазарот на труд, додека компаниите бараат практични вештини. Без дуално образование, практична работа и поголеми инвестиции во наставниот кадар, државата ќе продолжи да се соочува со одлив на млади.

🖇️ Прочитајте го новиот текст од Програмата за млади новинар(к)и на ПИНА.

Бизнис заедницата, стопанските комори и претставниците на компаниите сè појасно укажуваат дека иднината на економијата зависи од тоа колку образованието ќе биде ....

Address

Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ПИНА / PINA.mk posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to ПИНА / PINA.mk:

Share