26/08/2026
Сајбер насилството не исчезнува кога ќе го исклучиш компјутерот - стравот оди со тебе дома.
Ќе бидеш дел од толпата или дел од заштитата?
Прекини го синџирот! ❌ Не кликај шер. ❌ Не испраќај на „само уште еден“. ❌ Не ја прави туѓата болка забава.
Наместо да осудуваш, направи го вистинскиот чекор и прашај: „Дали си добро?“. Една реченица може да спаси некого од молчење.
Ако ова ти се случува тебе, ако те навредуваат, демнат, уценуваат или објавуваат нешто без твоја согласност, запамети дека не си сама и не си виновна.
На нашата платформа можеш да побараш дискретна и безбедна правна и психолошка поддршка за да си го вратиш мирот.
Биди дел од генерацијата што штити, а не од генерацијата што премолчува!
🔗 Посети ја платформа за Поддршка на потенцијални жртви на родово базирано сајбер насилство во рамки на проектот „Младите жени против онлајн насилство“ за дискретна поддршка
https://mladiprotivnasilstvo.mk/