05/05/2026
„Вкуси го минатото“ – каде историјата се доживува со сите сетила
Како мирисал античкиот свет? Каков вкус имале јадењата од римско време? И дали храната може да нè поврзе – без разлика на возраст, искуство или можности?
Со „Вкуси го минатото“ го отвораме музејот на поинаков начин – преку вкус, допир, мирис, звук и слика. Наместо да бидеме само набљудувачи, заедно учиме, создаваме и споделуваме.
📍 На работилниците ќе подготвуваме и дегустираме инспирирани антички рецепти
📍 Ќе создаваме заедно во креативниот сегмент „Лепче на мирот“
📍 Ќе заокружиме со јавен настан, дегустација и разговор за храната како културно наследство
Програмата е инклузивна и достапна за сите – со адаптирани материјали и пристапен формат, затоа што културата припаѓа на сите.
📍 Следете нè за повеќе информации и приклучете ни се – да го вкусиме минатото заедно!
#ВкусиГоМинатото #КултураЗаСите #Инклузија #МузејскоИскуство #КултурноНаследство