26/06/2026
Изминативе неколку дена заедно со Здружението Радика-ДЕ ги претставивме резултатите од проектот „Зајакнување на руралните жени од Дебарскиот регион преку креирање мали одржливи бизниси поврзани со традиционални производи“ на конференција BESTbelt 2026 во Гориција, Италија. Конференцијата беше одлична можност за размена на искуства со слични проекти од 74 организации и 26 земји од Европа. Иницијативата Европски зелен појас преку проектот Бестбелт изминативе години поддржа вкупно 49 проекти со директни активности за заштита на природа и поддршка на локалните заедници долж поранешната железна завеса. За време на посетата ги посетивме и успешните проекти во Италија и Словенија. Прекрасен завршеток на една успешна приказна!
© Thom Gallie | Wanderwall