30/07/2026
🔑 Твоја идеја, твои права
Авторски права за креативни фриленсери
Дали знаете кому му припаѓа авторското право на дизајнот, текстот, фотографијата, видеото или другото креативно дело што сте го изработиле за клиент?
На следниот DIGIWORK настан, д-р Ана Пепељугоска Стојкоска ќе ги објасни најважните прашања поврзани со авторските права на фриленсерите кои работат во креативните индустрии.
Ќе разговараме за:
✔️ што се смета за авторско дело
✔️ кога авторските права му припаѓаат на фриленсерот, а кога на клиентот
✔️ која е разликата меѓу авторство, право на користење и целосен пренос на права
✔️ што треба да содржи договорот со клиентот
✔️ дали клиентот смее да го менува или препродава вашето дело
✔️ како да ги користите вашите проекти во портфолио
✔️ што да направите ако некој ја користи вашата работа без дозвола
✔️ како да се заштитите кога работите со домашни и странски клиенти
👥 Настанот е наменет за дизајнери, фотографи, видеографи, илустратори, копирајтери, писатели, музичари, креатори на содржина и сите фриленсери кои создаваат оригинална креативна работа.
🎯 Бонус: работилници по избор
Покрај главната тема, ќе можете да изберете да бидете дел од една од трите работилници:
1️. Внатрешно уредување со AI
2️. Дигитален маркетинг и AI
3️. Дата аналист и AI
📍 Семос Едукација , Скопје
🗓️ 13.08.2026 во 18ч
🔗 Резервирај го твоето место тука https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScmYH0PMJKDuJQWm3pGgKj4jr1aop7cVYrhGYfC_RluKhSymQ/viewform