Здружението на граѓани за граѓански активизам, хуманизам, правна заштита, економија, култура, едукација, информатичка технологија, социјална заштита, родова еднаквост и инклузија КУЌА НА СРЕЌАТА, Скопје е основано во месец јануари 2021 година како резултат на многубројни граѓански иницијативи и рализирани акции како група на граѓани кое ја искористи моќта на социјалните мрежи за позитивни промени
во општеството. Освен локалните активности, нашите искуства и знаења ги реплицираме и во општините во внатрешноста, вклучувајќи ги локалните граѓански организации и представници на локалните власти.
Организацијата е редовен учесник и поддржувач на активности со кои се заштитуваат и промовираат човековите права, хуманизмот и социјалната заштита. Сите членови на нашата млада организација се силно мотивирани да работат на идно подобрување на нашето општество, представувајќи нови иницијативи за зголемување на инклузивноста, еднаковоста и почитта кон сите категории на наши сограѓани.
Како здружение имаме поставено голем број на цели, кои се однесуваат на:
- Покренување на граѓански иницијативи како предуслов да се предизвикаат законски и општествени промени, како и покренување предлози за носење, менување или дополнување на закони и други акти во области кои ги следи здружението.
- Едукација на населението за потреба од заедничко дејствување во сфери од општествениот живот
- Поддршка и помош на социјално загрозени категории на лица и семејства (семејства без примања, семејства, на лица со посебни потреби, семејства со ниски примања, бездомници, еднородителски семесјтва...)
- Делување во насока на унапредување и усовршување на состојбата на лицата со попреченост
- Организирање на разни инклузивни и спортски настани
- Организирање на хуманитарни настани, собирање на храна, облека, покуќнина и друг вид на основни средства
- Промовирање на принципите на солидарност и хуманост меѓу граѓаните
- Превземање на активности во здравството, утврдување на правата на пациентите и нивната заштита
- Активности за алармирање и решавање на актуелни и итни здравствени, финансиски и други проблеми на лица и семејства во социјален ризик
- Родова еднаквост и заштита на жените
- Зајакнување на жените од маргинализираните заедници во оставарувањето на социјални и здравствени права.
МИСИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Нашата мисија е да промовираме принципите на солидарност и хуманост во заедницата, создавајќи општество во кое секој поединец има можност да се изрази и да учествува во подобрувањето на животот на сите. Нашето здружение е посветено на создавање позитивни промени во општеството преку активирање на граѓанските иницијативи и промовирање на човековите права.
Стремиме да:
- Овозможиме инклузивност и еднаквост за сите категории на граѓани, особено за маргинализираните заедници
- Едуцираме и мобилизираме граѓаните за активно учество во општествениот живот
- Поддржуваме социјално загрозени лица и семејства преку хуманитарни активности и директна помош
- Поттикнуваме одржливи практики и иницијативи за заштита на животната средина
- Промовираме принципите на солидарност и хуманост во нашата заедница
- Работиме на покренување на граѓански иницијативи за законски и општествени промени, со цел да влијаеме на создавањето на политики кои ја поддржуваат нашата мисија.
Со оваа мисија, сакаме да изградиме општество во кое секој поединец има можност да се изрази и да учествува во заедничките напори за подобрување на животот на сите, а правата на сите индивидуи се почитуваат и заштитуваат. Се стремиме да бидеме двигатели на позитивни промени, работејќи со нашите партнери и заедницата во целост.
ВИЗИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Нашата визија е да создадеме општество во кое секој поединец се чувствува вреднуван и има можност да ги оствари своите соништа. Веруваме во свет каде хуманоста и солидарноста се основни принципи на секојдневниот живот. Замислуваме заедница во која сите луѓе, без разлика на својата позадина, можат да се изразат слободно и да учествуваат активно во подобрувањето на животот на другите.
Во нашата визија, инклузивноста и еднаквоста не се само цели, туку основни вредности кои ги водат нашите активности. Стремиме кон општество во кое маргинализираните заедници добиваат поддршка и можности за напредок. Секој член на заедницата ќе биде едуциран и мотивиран да учествува во општествениот живот, создавајќи заеднички напори за позитивни промени.
Особено важна улога во овој процес имаат младите. Тие се нашата иднина и креативната сила на заедницата. Затоа, во нашата визија, активно ќе ги вклучиме младите во граѓанските иницијативи, поттикнувајќи ги да бидат активни учесници во создавањето на позитивни промени, каде ќе имаат можност за изразување на нивните идеи и за реализација на проекти кои ќе ги подобрат условите во нивната средина. Се стремиме кон развој на одржливи градови и села, каде што зелените простори, чистиот воздух и здравите води ќе бидат приоритет. Нашата визија вклучува активно учество на младите во еколошки проекти, каде што ќе можат да учат и да влијаат на иднината на природата.
Се надеваме на иднина во која сите граѓански иницијативи ќе доведат до законски и општествени промени, влијаејќи на создавањето политики кои ја поддржуваат нашата визија. Со оваа посветеност, сакаме да изградиме општество во кое правата на секоја индивидуа се почитуваат и заштитуваат, а секој има можност да биде дел од заедничките напори за создавање подобар живот за сите. Ние сме тука да бидеме двигатели на позитивни промени, работејќи рака под рака со нашите партнери и целата заедница.