Општина Македонски Брод

Website

Општина Македонски Брод Официјална страна на Општина Македонски Брод

Согласно Законот за заштита на населението од заразно болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008, 99/2009, 149/2014, 15...
22/09/2026

Согласно Законот за заштита на населението од заразно болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008, 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016, и Сл весник на РСМ бр.257/2020 година), а врз основа на Програмата за заштита на населението од заразни болести на територијата од Општина Македонски Брод, денес (22.09.2026) спроведе превентивна дератизација. Дератизацијата се изврши на целиот канализационен систем, односно на 150 шахти, согласно стручното мислење на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Прилеп

Нека празникот Рождество на Пресвета Богородица донесе здравје, мир, љубов и Божји благослов во вашиот дом.Нека Пресвета...
21/09/2026

Нека празникот Рождество на Пресвета Богородица донесе здравје, мир, љубов и Божји благослов во вашиот дом.
Нека Пресвета Богородица ве чува и штити вас и вашите најмили, а срцата ви ги исполни со радост и надеж.

Во тек е започната санација на локалниот пат Кичин – Долно и Горно Ботуше!Помогнато од АРМ се врши санација на оваа лока...
16/09/2026

Во тек е започната санација на локалниот пат Кичин – Долно и Горно Ботуше!

Помогнато од АРМ се врши санација на оваа локална патна делница, која досега беше тешко проодна и претставуваше сериозен проблем за жителите.

Во иднина ќе се продолжи со исто темпо на работа и вложувања во Порече.

Денес,градоначалникот на Општина Македонски Брод Жарко Ристески изврши увид на градежните активности во с.Звечан.
15/09/2026

Денес,градоначалникот на Општина Македонски Брод Жарко Ристески изврши увид на градежните активности во с.Звечан.

14/09/2026
Почитувани,Нека ни е среќен 8-ми Септември,денот на независна и слободна Македонија.
08/09/2026

Почитувани,
Нека ни е среќен 8-ми Септември,денот на независна и слободна Македонија.

Македонски Брод денес (7-ми Септември) го прослави својот ден на ослободувањето, ден кога градот ја доби својата слобода...
07/09/2026

Македонски Брод денес (7-ми Септември) го прослави својот ден на ослободувањето, ден кога градот ја доби својата слобода.
Овој празник на градот се одбележа со низа свечености и активности во организација на Општина Македонски Брод.
Советот на Општина Македонски Брод ја одржа својата традиционална седница. По одржувањето на седницата, Советот на Општина Македонски Брод и градоначалникот положија свежо цвеќе пред споменикот на Калето и пред Споменикот на паднатите борци кој се најдува во паркот на градот.Многубројни делегации положија цвеќе и оддадоа почит пред Споменикот на паднатите борци.
Во Домот на култура се одржа свечена академија со пригодна програма. На свеченоста пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Македонски Брод, Жарко Ристески.Во своето обраќање градоначалникот истакна дека 7-ми Септември не е само датум во календарот туку и симбол на градот, на храброста и пожртвуваноста на генерации поречани кои ја извојувале победата во 1944 година. Тој со чувство на длабока почит изрази голема благодарност кон паднатите борци и повика на меѓусебна поддршка, на достоинство и заедништво во борбата за напредок на нашата општина.
По повод денот на ослободувањето беа доделени седмосептемвриски награди на наши сограѓани и институции кои со своите дела дале придонес во развојот, промовирањето и заедништвото на нашата заедница и нивната посветеност во работењето.
Наградите беа доделени на Детската градинка „7-ми Септември“, за нејзините 45 години посветеност, грижа и љубов кон нашите најмлади, на нашата Црква „Св. Богородица“, за нејзиниот придонес во зачувувањето на духот и традицијата, на СОУ „Св. Наум Охридски“ за 50 години посветеност во образованието и придонес во развојот на младите и нашата заедница и на г-динот Саво Костадиноски за неговиот придонес во зачувувањето и афирмацијата на културното и историското наследство на Поречието и негово промовирање.

Денес,по повод ,,7-ми Септември"-Денот на ослободувањето на Општина Македонски Брод,првачината од ООУ,,Св.Климент Охридс...
07/09/2026

Денес,по повод ,,7-ми Септември"-Денот на ослободувањето на Општина Македонски Брод,првачината од ООУ,,Св.Климент Охридски" први дојдоа да го честитаат овој ден на градоначалникот и на Советот на Општината.

Address

Samokov

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Македонски Брод posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share