12/06/2026
Денес нашите млади каратисти од Карате Школата на КК „Феникс“ имаа чест да остварат посета на Општина Радовиш, каде беа срдечно примени од страна на Градоначалникот, Љупче Почивалец. 👋👥
Во пријатна и мотивациска атмосфера, Градоначалникот лично ги поздрави нашите спортисти, изразувајќи огромна поддршка за нивниот труд, дисциплина и посветеност на спортските терени.
„Инвестицијата во младите и спортот е инвестиција во здрава иднина за нашиот град. Општина Радовиш секогаш ќе биде тука да ги поддржи нашите млади таленти.“ – истакна Градоначалникот Почивалец, посакувајќи им уште многу нови успеси, медали и гордо претставување на Радовиш во иднина. 🏆🥇
Големо благодарност до Општина Радовиш и Градоначалникот за гостопримството и препознавањето на вистинските спортски вредности! Оваа поддршка ни дава уште поголем мотив да продолжиме да нижеме успеси на татамито! 🔥🥋