Манастир Света Петка Веселчани Sveta Petka Rimjanka

  • Home
  • Macedonia
  • Prilep
  • Манастир Света Петка Веселчани Sveta Petka Rimjanka

Манастир Света Петка Веселчани Sveta Petka Rimjanka Во името на Господа и со помош на Македонскиот народ го градиме овој светол дом од 2000то Господово лето.

Денес се празнува Воведение на Пресвета Богородица – ПречистаКога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, н...
04/12/2025

Денес се празнува Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста
Кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја доведоа од Назарет во Јерусалим, за да ја предадат, според своето ветување, на служба на Бога. Од Назарет до Јерусалим има три дена пат, но одеа на богоугодно дело и патот не им беше тежок. Се собраа и мнозина роднини на Јоаким и Ана за да земат учество во таа свеченост, во којашто невидливо учествуваа и Ангелите Божји. Напред одеа девиците со запалени свеќи во рацете, потоа Пресветата Дева, водена од едната страна од Јоаким, а од другата од Ана. Беше украсена со царска благолепна облека и со украси, како што ѝ прилега на царска ќерка, на невеста Божја. Зад нив одеа многубројни роднини и пријатели, сите со запалени свеќи. Пред храмот имаше петнаесет скалила. Родителите ја кренаа Девата на првото скалило, а таа тогаш сама брзо се искачи на врвот, каде што ја дочека првосвештеникот Захарија, таткото на свети Јован Претеча. Кога првосвештеникот ја зеде за рака, ја воведе не само во храмот туку и во Светињата на Светињите, каде што никој никогаш не влегуваше, освен архијерејот. Свети Теофилакт Охридски вели дека Захарија бил „вон себе и обземен од Бога“ кога ја воведувал Дева во најсветото место во храмот, зад втората завеса, поинаку не би можела да се објасни оваа постапка. Во онаа прилика родителите на Дева Марија според Законот, Му принесоа жртви на Бога примија благослов од свештеникот и се вратија дома, а Пресветата Дева остана при храмот. Таа пребиваше во храмот цели девет години. Родителите ја посетуваа често додека беа живи, особено блажената Ана. А кога нејзините родители беа повикани да се претстават кај Бога, Пресветата Дева остана сираче и не сакаше до нејзина смртта да се оддалечува од храмот ниту да стапи во брак. Бидејќи тоа беше спротивно на Законот и на обичајот во Израилот, кога наврши дванаесет години му ја дадоа на Јосиф, нејзиниот роднина од Назарет, за во вид на свршеница да живее со него во девственост и привидно да го задоволи Законот.Зашто во тоа време не се знаеше во Израилот девојките да се заветуваат на девственост до крајот на животот. Пресвета Дева Марија беше прва таква доживотно заветувана девојка и неа потоа ја следеа незнајно мнозинство девственици и девственички.

Денес Се Слави:Света Петка (позната и како Света Параскева и како Мајка Параскева) — светителка од градот Епиват, кој се...
27/10/2025

Денес Се Слави:

Света Петка (позната и како Света Параскева и како Мајка Параскева) — светителка од градот Епиват, кој се наоѓал меѓу Силинаврија и Цариград. Таа е родена кон крајот на X век, во петок, денот кога Евреите се подготвуваат за празнување на празникот Сабат (сабота). Затоа, нејзе ѝ го дале името Параскева, што значи „подготовка“. Родителите ѝ биле богати христијани од словенско потекло, а освен Петка, имале и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонашил и подоцна станал епископ Малитски.

Живот
По смртта на родителите, девицата Петка, желна за подвижнички живот, го напуштила родителскиот дом и отишла најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што останала до својата старост. Нејзиниот долг пустински живот во молитва и пост може да биде спореден со 40 дневницата која што Исус ја спроведол в пустина.

Кога св. Петка била стара, еднаш ѝ се јавил ангел и ѝ рекол: „Остави ја пустината и врати се во твојата татковина, таму треба да ѝ го предадеш телото на земјата, а со душата ќе се преселиш кај Господ.“ Света Петка го послушала небесниот глас, ја оставила својата омилена пустина и се вратила во Епиват. Таму, таа поживеала уште две години и умрела во XI век. Бидејќи нејзините сограѓани ја сметале за туѓинка, по нејзината смрт ја погребале надвор од христијанските гробишта. Кога поминале многу години од нејзината смрт, во градот требало да се погреба некој непознат давеник. Бидејќи бил туѓинец решиле да го погребаат надвор од гробиштата и тоа на истото место каде што била погребана светицата. Кога го отвориле нејзиниот гроб, забележале дека нејзиното тело не е распаднато, се зачудиле, но помислиле: Ако ова тело е свето, Бог тоа ќе го открие преку некакви чуда. Со таа мисла, тие повторно го затрупале гробот.

Чуда
Ноќта, еден од работниците што учествувал на погребот по име Георгиј, на сон видел некоја царица седната на пресветол престол и окружена со светли војници. Еден од војниците му се доближил, го фатил за рака и му рекол: Георгиј, зошто така го омаловаживте телото на преподобна Параскева и крај неа погребавте смрдлив труп. Потоа и светлата царица му рекла: „Побрзај и извади ги моите мошти и положи ги на чесно место, зашто не можам повеќе да ја трпам смрдеата од оној труп. Зашто и јас сум човек, а моја татковина е Епиват, каде што вие сега живеете.” Таа ноќ ист сон сонувала и некоја благочестива жена по име Ефтимија. Утредента тие двајцата ги раскажале своите виденија на сите. Кога тоа го слушнал благочестивиот народ, со свеќи побрзале кон моштите на преподобна Параскева, и со стравопочит ги извадиле од земјата, радувајќи се како на скапоцено богатство. Светите мошти свечено биле положени во црквата „Св. Петар и Павле”, во Епиват. По молитвите на преподобната Параскева се давале многу исцеленија на болните: слепи – прогледувале, куци – проодувале, секакви болни и демоноопседнати добивале здравје.

Два века по смртта на света Петка, со Цариград и околината владееле крстоносците. Во 1238 г. бугарскиот цар Јован Асен успеал од нив да ги преземе светите мошти и да ги пренесе во својата престолнина Трново. Тогаш царот го испратил блажениот Марко, митрополитот Преславски, со многу епископи и свештеници, за светите мошти на преподобната да ги пренесат во Трново. Во Трново светите мошти биле свечено пречекани и положени во придворната црква, каде што, почивајќи негнилежно, точеле разновидни исцеленија на сите што со вера им пристапувале.

Кога турскиот султан Бајазит (1389-1402) го зазел Трново, моштите на света Петка се пренесени во Влашка (Романија). А, кога во 1396 г. и Романија паднала под Османлиската власт, српската царица Милица го замолила султанот Бајазит да ѝ дозволи да ги пренесе светите мошти во Србија. Султанот се согласил и моштите на светицата биле пренесени во Белград, на месноста Калемегдан. Кога во 1521 г. султанот Сулејман II го зазел Белград, ги запленил и светите мошти на света Петка и ги поставил во своите дворци. Таму почнале да се случуваат чудеса, па затоа освен христијаните, светицата почнале да ја слават и муслиманите. Тоа ги загрижило муслиманите, и тие плашејќи се верата во чудотворната сила од светите мошти на света Петка да не се прошири уште повеќе меѓу муслиманите, а и заради молбите и застапништвата на христијаните, ги предале овие свети мошти на цариградските христијани, кои чесно ги положиле во Патријаршиската црква.

НЕДЕЛА СЕ СЛАВИ СВ. АПОСТОЛ ТОМАСпоред народното верување, Тома важел за вреден па затоа се смета за заштитник на многу ...
16/10/2025

НЕДЕЛА СЕ СЛАВИ СВ. АПОСТОЛ ТОМА

Според народното верување, Тома важел за вреден па затоа се смета за заштитник на многу занаетчии.

Како еснафска слава, Свети Тома го слават столари, копери, пожарникари, sидари.

Се верува дека Свети Тома, ако се налути, може еден ден да донесе уште еден потоп, но како што Пресвета Марија го надгледува, тоа нема да биде наскоро.

Свети Тома бил вешт столар, затоа никогаш не делел дрво на трупец, туку на камен. Откако ѓаволот ќе дојде во форма на убава и буцкава девојка, па тој почнува да го искушува. Свети Тома се загледа во неа, го удри каменот со сечилото и ја затапи секирата. Светителот многу се налути, предизвика силен дожд и веднаш го удави ѓаволот во кафеаната.

Во некои области се верува дека празникот штити од волци.

Некаде се верува дека скапоцена е лековитата маст од зајак фатен на Томинден, па затоа се чувала за да се излечи болка во коски и полесен пораѓај.

13/10/2025

Address

Veselcani
Prilep
7500

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Манастир Света Петка Веселчани Sveta Petka Rimjanka posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share