08/11/2025
🎓 ФОНДАЦИЈА „БОРЈАН ПЕТКОВСКИ“
Со голема радост објавуваме дека петмина наши досегашни стипендисти — Драгана, Благица, Тоше, Ана и Божица — го продолжија своето стипендирање, успешно исполнувајќи ги сите потребни услови.
На нив им се придружи и новата стипендистка Јована Ѓореска, која потпиша договор за стипендирање и стана дел од нашето семејство на млади, талентирани и посветени студенти.
Дополнително, Илина и Верица остануваат во можност следната година да го продолжат своето стипендирање доколку ги исполнат предвидените услови.
💬 Церемонијата за доделување на стипендиите се одржа во тесен круг, во присуство на стипендистите, нивните родители и членовите на фондацијата.
Им посакуваме многу успех, истрајност и нови достигнувања во годините што следуваат! 🌟
#ФондацијаБорјанПетковски #Стипендии #МладиТаленти #Образование